Македонија
Во рудникот „Иловица“ ќе се вработат 600 рудари

Со најавената нова инвестиција во рудникот за бакар и злато „Иловица“ од меѓународниот конзорциум „Евромакс“, Владата очекува отворање нови работни места и намалување на невработеноста, рече премиерот Емил Димитриев, на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи му на Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се работи за исклучително квалитетен инвеститор кој во изминатиов период многу вложи во делот на истрагите на реонот во општина Босилово. Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за злато и бакар. Од неодамна е донесена одлука за отворање на овој рудник, кој претставува една од најголемите инвестиции во Југоисточна Европа во оваа дејност. Ќе се вложат 500 милиони евра за подготовка и старт на новиот рудник“, рече Димитриев.Според неговите информации, во септември или во октомври конзорциумот ќе почне со градежни и подготвителни активности за почеток на работа, а потоа со етапно ангажирање нови работници кои би работеле во рудникот.Се очекува во рудникот да се вработат 600 лица за подолг период, а ќе се ангажираат околу 1.000 работници во делот на градежништво. Димитриев рече дека очекува наши домашни компании да работат на градбата и на подготвителните активности за отворање на овој голем капацитет.„Од страна на инвеститорот се планирани посебни обуки за вработените, ќе се спроведуваат максимални и професионални стандарди во делот на работењето од сите аспекти, како безбедност при работа и екологија“, рече Димитриев.Тој е задоволен од одлуката на инвеститорот да влезе во Македонија со инвестиција зад која стојат Европската банка за обнова и развој и Германскиот гарантен фонд./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави:
„Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е фактот што таа трговија во индустријата, во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена, отколку трговијата во индустријата дома.
Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2% раст на БДП, во вториот квартал 3,4 иако номиналниот е 7,8. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Така што ова се сѐ индикатори коишто ние со години наназад, не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камо ли пак да ги коментираме.“
Економија
Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред.
Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање подобра иднина за граѓаните.
„Нашата визија е јасна – Македонија да стане зелена, дигитална и иновативна економија, со силно претприемништво и со култура на иновации во секоја компанија. Само преку партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор можеме да обезбедиме стабилен раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани“, рече Дурмиши.
Економија
Горан Ѓорѓиевски избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

Со одлука на Собранието на Сојузот на стопански комори на Македонија, за нов претседател е избран Горан Ѓорѓиевски.
„Ова е специфичен момент затоа што треба многу да се направи за брендот Сојуз на стопански комори повторно да го добие реномето од пред десетина, петнаесет години. Влегуваме во нови времиња во кои ќе придонесеме за посилно деловно застапување, дигитална трансформација, раст на продуктивноста и транспарентноста на домашните компании“, изјави новоизбраниот претседател Ѓорѓиевски.
Во својата програма тој најави неколку приоритети: унапредување на деловната клима преку континуиран дијалог со институциите, поддршка на малите и средните претпријатија, поттикнување на иновациите и дигитализацијата, јакнење на регионалната и меѓународната соработка, како и инвестирање во образование и човечки капитал.