Македонија
Врачени плакети на 16 најуспешни рудари по повод Денот на рударите
Упатувајќи најсрдечни честитки за рударскиот празник, министерот за економија Беким Незири ја истакна важноста на рударскиот како движечки сектор во македонската економија, во текот на неговото присуство на централната прослава на Денот на рударите на Македонија, која се одржа во рудникот Бучим-Радовиш.
„Со учество од 1,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, во рударскиот и во придружните сектори што го опслужуваат, работно се ангажирани 13 илјдаи лица, кои придонесоа за раст на производството минатата година од околу 10 отсто. И најновите статистички показатели се позитивни, односно прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2015 година, во однос на јуни 2014 година, бележи пораст од 21.9 проценти, а индексот на индустриско производство во овој сектор, во јуни годинава, исто така, бележи пораст од 9,2 отсто, во однос на јуни минатата година“, рече Незири.
Министерот за економија потсети и дека во земјата има повеќе од 150 рудници кои активно работат, а само во текот на 2015 година доделени се 15 концесии за детални геолошки истражувања и 35 концесии за експлоатација на минерална суровина.
„Со извршените измени на Законот за минерални суровини во поглед на усогласување со новата казнена политика, лично сметам дека ќе придонесеме за раздвижување на компаниите од рударскиот сектор и подобрување на условите за стопанисување, но и справување со нелојалната конкуренција“, истакна министерот Незири потенцирајќи ја важноста на човечкиот потенцијал, кој работи во рудниците.
„Рударите претставуваат наш бесценет човечки ресурс и должни сме да им обезбедиме што подобри услови за работа, а со цел да ги наградиме за нивната професионална предаденост и одговорност, и оваа година им доделуваме пригодни плакети“, рече Незири, врачувајќи им признанијата за најуспешните во форма на плакети на 16 најуспешни рудари, номинирани од страна нивните работодавци, според достигнувањата во изминатата година.
Заменик генералниот директор на БУЧИМ и претседател на Македонската асоцијација за рударство при Стопанската комора на РМ, Николајчо Николов, изрази посебно задоволство што централната прослава на Денот на рударите се одржа токму во Бучим, во годината кога овој рудник ги одбележува своите два јубилеја – 35 години од работа на Бучим и 10 години работа на рудникот во состав на компанијата „Солвеј“.
„Во изминатиот период е остварен вкупен приход од 346 милиони евра, остварена е добивка од 54 милиони евра, исплатени се бруто плати од 37 милиони евра и концесиски надомест од 7,5 милиони евра. Во Бучим се вработени околу 700 работника, нето исплатена плата за 2014 година е 440 евра, а вкупните инвестициони вложувања се над 51 милион евра“, информираше Николов, додавајќи дека целокупната реализација е за извоз, а значителни суми се издвоени и за поедините фондови во општината и државата, што говори за важноста на овој рудник за економијата во Радовиш и поширокиот регион. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

