Македонија
Врвниот експерт за мобилни технологии Томи Ахонен ќе зборува на Економскиот самит во Скопје
– Мајк Зафировски на една од претходните настани на Македонија2025
Во рамките на Македонскиот економски самит кој ќе се одржи од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје, на кој во текот на трите програмски денови ќе бидат претставени идеи и најдобрите практики за тоа како да се подобри индустријата и деловниот сектор во Македонија, почесен говорник е Финецот Томи Ахонен, кого престижниот деловен магазин Forebs го назначи како водечки експерт за дигитални технологии во светот
Во рамките на Македонскиот економски самит кој ќе се одржи од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје, на кој во текот на трите програмски денови ќе бидат претставени идеи и најдобрите практики за тоа како да се подобри индустријата и деловниот сектор во Македонија, почесен говорник е Финецот Томи Ахонен, кого престижниот деловен магазин Forebs го назначи како водечки експерт за дигитални технологии во светот
Организаторот на овој самит, Македонија2025, покани експерти од повеќе од 15 земји од регионот и светот кои ќе ги претстават своите предлози, анализи и програми за економски развој.
Томи Ахонен, кој претходно работел на извршни функции во Nokia, сега е советник на ИТ нации како Сингапур, Финска, Малезија, Ирска, во однос на нивната трансформација кон дигитални општества. Тој зборува на настани во Силиконската долина и Токио, како и на повеќе од 100 конференции низ светот. Има напишано 12 книги и има дадено свои излагања во повеќе од 140 публикации во кои со неверојатна прецизност ги предвидува идните технолошки текови. Ахонен е клучен говорник на самитот во Скопје каде ќе даде примери за неговиот ангажман во Европа, ќе зборува за трансформацијата на Јужна Кореа во дигитално чудо и за неговиот удел во развојот на тој сектор во Кенија, Ирска, Јужна Африка и Колумбија. Ахонен ќе ја претстави неговата визија за трансформирање на Македонија во создавање развоен центар во Скопје за паметни технологии и позиционирање на земјата како регионално инфо-технолошко средиште.
Од Македонија2025 се гордеат на учеството на голем број професионалци и експерти кои потекнуваат од Македонија, а работат во успешни и познати странски компании. Луѓе како Филип Мисовски од SAP Германија, Петар Кајевски од Orracl Австрија, Дино Граматиков од Inmarsat Швајцарија, Бистра Кумбароска од Imact Hab во Виена, Лу Наумовски од Кинрос Голд Корп Русија и многу други, со голем ентузијазам сакаат да придонесат до подобрување на визијата за поуспешна и понапредна Македонија на економски и деловен план.
Преку несебично споделување на знаењето, но и со проширување на капацитетите за тоа знаење да се апсорбира, Македонија може да се преобрази во центар за развој на иновативни технологии и развојни индустрии. Тоа што е значајно за економскиот развој, додаваат од организацијата основана во дијаспората, е потребата за некои сегменти во индустријата да се трансформираат, да се вклопуваат со други, да соработуваат, како и да целат кон интегрирање со индустрии и сектори надвор од Македонија. Од Македонија2025 ги покануваат сите професионалци, претприемачи и аналитичари на бизнисот во земјата да дојдат на самитот, да се поврзат со меѓународните учесници и да работат на своите визии за развој на своите сегашни или идни капацитети и компании.
За сите детали поврзани со настанот како и можностите за регистрација која уште е во тек заинтересираните може да се обратат на адресата www.macedonia2025.com/summit./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Поскап бензин од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69% во однос на одлуката од 9.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,599%, кај дизелот за 0,154%, кај екстра лесното масло за 1,247% и кај мазутот намалувањето е за 1,530%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3576%.
Од 17.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,883 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,233 ден/кг и сега ќе изнесува 33,883 ден/кг.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.

