Економија
myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година
Лојалната програма на компанијата myWorld International, според престижниот магазин Newsweek, е избрана за најдобра лојална програма во САД за 2023 година.
Независното истражување на Newsweek е направено во соработка со глобалната компанија за истражување на податоци Statista. На целата територија на САД, беа опфатени анкети врз 4000 потрошувачи, 239 лојални програми во 32 категории. Резултатите од ова истражување покажаа дека myWorld ја ужива најголемата доверба кај потрошувачите во САД, нудејќи најпривлечни бенефити за своите членови. Според задоволството на корисниците, myWorld е рангиран на прво место во својата област со оценка 9,20 за својата лојална програма за трговци и потрошувачи.
Инаку, магазинот Newsweek е основан во Њујорк во 1933 година, и е еден од најкредибилните медиуми во САД, со традиција од над 90 години. Истражувањето беше спроведено со цел за да ги најде најдобрите американски програми за лојалност за 2023 година, кои нудат вредни привилегии, од кои потрошувачите биле најзадоволни, и кои би ги препорачале на пријателите и семејството.

myWorld International, со седиште во Лондон, е оператор на глобалната лојална програма за трговци и потрошувачи myWorld, која нуди мноштво атрактивни поволности за потрошувачите и за компаниите. Целта на myWorld е да им обезбеди на своите членови поволности при купување кај своите партнери, а на трговските партнери да им донесе нови и лојални купувачи со што ќе го зголемат профитот и ќе го направат својот бренд видлив и препознатлив. Ваквата Вин-Вин позиција ја прави оваа програма атрактивна за сите.
Бенефитите што ги добиваат членовите се во форма на Cashback, што значи дека со секое купување тие добиваат поврат на средства директно на својата сметка – без разлика дали купуваат онлајн или во локална продавница, како и вредни Shopping Points (поени за купување) кои може да ги користат за специјални понуди (Cashback Deals) и со тоа да добијат поголем Cashback, т.е. поголем повраток на средства.
Прикажано низ бројки, myWorld има над 15 милиони членови и 150.000 партнери во 55 земји ширум светот кои ја користат нивната бенефит лојална програма. За да биде сликата уште појасна, дел од партнерите на myWorld се најзначајните светски брендови како Booking.com, AliExress, eBay, travelWorld, Ikea, OMV, Amazon.de, Foot Locker, dm и многу други.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Зголемување од 15 проценти на откупот и продажбата на земјоделски производи во последното тримесечје, споредбено со лани
„Минатата година, следејќи ги сите тримесечја во споредба со 2024 година, и последниот извештај потврди позитивни трендови во земјоделството. Според официјалните податоци, откупот и продажбата на земјоделските производи во последното тримесечје изнесуваат 12,5 милијарди денари, што претставува раст од 15% во однос на истиот период од 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од Струмица.
Тој додаде дека растот не се однесува само на откупните и продажните цени, туку и на зголемениот квантитет на земјоделски производи.
„Според табелите објавени од Државниот завод за статистика, речиси кај сите земјоделски производи се бележи зголемување на количините. Особено се издвојуваат грозјето, пченицата и јаболката, како и производството во сточарството, особено во свињарството, овчарството и производството на говедско месо“, појасни Трипуновски.
Тој додаде дека зголемувањето на количините е забележано и кај останатите земјоделски култури, што претставува значаен показател дека 2025 година може да се оцени како успешна, со зголемен интензитет и на откупот и на извозот на земјоделски производи.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.

