Економија
Oд денеска нова авиолинија Скопје – Осло

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, на Меѓународниот аеродром Скопје ги пречекаа првите патници на линија Осло – Скопје со што го означија воспоставувањето на новата авиолинија, која ќе ја оперира авиокомпанијата „Норвеџиан Ерлајнс“.
„Продолжуваме со реализацијата на нашите успешни политики за развој на авиосообраќајот и цивилното воздухопловство во Северна Македонија. Во контиуитет обезбедуваме нови дестинации за нашите граѓани, овозможуваме зголемен развој на туризмот во земјата, а со тоа и раст на домашната економија.
Овој месец се воспоставија неколку нови линии од охридскиот аеродром, а еве веќе од денеска, на заедничко задоволство ја промовираме линијата Скопје – Осло која ќе биде реализирана преку авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс. Сакам да упатам благодарност за тоа што ја избраа Северна Македонија во нивната мрежа на дестинации“, истакна Бочварски.
Оценува дека влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со „ТАВ Македонија“.
„Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари. Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генеранлно конкецијата со Норвешка. Линијата ќе сообраќа два пати во неделата и уверен сум дека ќе отвори многу нови перспективи и зближување помеѓу двете земји“ рече министерот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека резултатот кој што денеска е постигнат е на задоволство на земјоделците.
„Она што сакам да го потенцирам е дека продолжуваме да се грижиме и да го цениме трудот на македонскиот земјоделец, за да работи со профит, со рентабилност. Затоа што може само така да ја вратиме довербата према институциите и да го зголемуваме земјоделското производство“, истакна министерот.
Тој посочи дека министерството и Владата посветено се грижат за земјоделците и работат во нивна корист се со цел да се зголеми земјоделското производство во Македонија.
Економија
Дурмиши на Сараевскиот бизнис-форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, присуствуваше на централниот панел на Сараевскиот бизнис форум 2025, каде ја сподели својата визија за одржлив економски развој преку реформи, регионална соработка и инфраструктурно поврзување.
На овој меѓународен форум на високо ниво, Дурмиши ги презентираше приоритетите на Владата на Северна Македонија за привлекување инвестиции и градење сигурна клима за домашните и странските бизниси. Тој ја истакна важноста на соработката во стратешките сектори како што се дигитализацијата, енергетиката и работната сила, како и посветеноста на градењето одржливи политики кои даваат резултати.
„Економскиот развој, создавањето работни места и зголемувањето на довербата на инвеститорите се приоритети кои бараат посветеност, стабилност и конкретно делување. Тоа го градиме секојдневно преку одржливи политики и регионална соработка“, рече министерот.
Економија
Во април годишен раст од 11,6 отсто на вкупните депозити и од 11,8 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,6%, којшто произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,8% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот.