Економија
Сандра Булок најдобро платена актерка во Холивуд, според Forbes
Американската актерка Сандра Булок, добитничка на Оскарот за најдобра женска улога во 2010 година, е најдобро платената актерка во последните дванаесет месеци во Холивуд, со заработка којашто магазинот Forbes ја проценува на 51 милиони американски долари.
За оваа рекордна заработка педесетгодишната Сандра Булок, проценуваат во Forbes, треба да му заблагодари на успехот на филмот „Гравитација“ на Алфонсо Куарон во кој ја толкува ролјата на астронаутка во вселенска експедиција која завршува со катастрофа. Имено филмот годинава заработи 716 милиони долари во кината низ светот и вкупно седум Оскари.
На второ место на оваа листа е младата 23-годишна Џенифер Лоренс со заработени 34 милиони долари, и тоа за филмовите „Американски измамници“ и „Во добро и во зло“.
На трето место е Џенифер Анистон со 31 милион долари, благодарејќи на приходите кои сé уште и’ ги носи легендарната серија „Пријатели“ и снимањето реклами, а најмногу оние за козметичките производи „Aveeno“.
Гвинет Палтроу, којашто во 1999 година го освои Оскарот за „Вљубениот Шекспир“, изминатите дванаесет месеци заработила 19 милиони долари. Магазинот наведува дека за неа најмногу исплатлива била улогата на Пепер Потс во филмот „Ајрон Мен – 3“, а сметката и’ се надополнила и со снимањето на рекламите за козметичката куќа „Max Factor“ и за модниот бренд „Hugo Boss“.
На петтото место се Анџелина Џоли и Камерон Дијаз кои заработиле по 18 милиони долари. Притоа Forbes предвидува дека сопругата на Бред Пит следната година ќе заработи многу повеќе, благодарејќи на успехот на филмот „Господарката на злото“ кој беше премиерно прикажан кон крајот на мај и веќе заработи 730 милиони долари./крај/мф/сн
Извор: Forbes
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

