Економија
Светската туристичка организација подготвена да го поддржи македонскиот туристички развој

Министерот за економија Беким Незири во вторник оствари билатерална средба со генералниот секретар на Светската туристичка организација Талеб Рифаи, на која акцентот беше ставен на развој на туризмот со цел поттикнување на натамошниот економски раст на Македонија.
Министерот Незири изрази задоволство од континуираното зголемување на бројот на туристи во Република Македонија во последните три години.
„Бележиме просечно зголемување на бројот на вкупните посетители од 5%, додека само за последната 2013 година имаме зголемување од 5,8%, а бројот на странските туристи е зголемен за 13,8%. И според последниве податоци, бројот на домашните туристи во мај 2014 година, во однос на мај 2013 година, е зголемен за 13,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 13,0%. Она што е особено важно да се потенцира е што минатата година за првпат бројот на туристи ја надминава бројката од 700.000 туристи, која беше и главна цел согласно Стратегијата за развој на туризмот“, истакна Незири.
Според генералниот секретар Рифаи, Република Македонија поседува неверојатен капацитет од аспект на туризмот и има уште многу да понуди. Светската туристичка организација е подготвена да даде поддршка за сè што е неопходно за побрз туристички развој и преку взаемна соработка да се изработи практичен план во насока на целите на оваа земја, односно како тие цели да се достигнат.
„Република Македонија ќе ја има нашата поддршка на сите саемски манифестации, форуми и меѓународни конференции во наредниот период, а следна таква активност е форумот во Тирана во октомври, каде би сакал да учествува и вашата земја“, истакна Рифаи.
Според Рифаи, Македонија бележи значителен прогрес, особено во инфраструктурата и во туристичките услуги, а во следниве години фокусот на туризмот треба да бидат макродестинациите, со оглед на тенденциите на туристите да менуваат неколку дестинации во текот на едно патување.
Имајќи ги предвид неколкуте атрактивни туристички дестинации, како што се Охрид, Шапка, Старата скопска чаршија, министерот за економија изрази интерес и волја да се направи сè што е потребно за да се зголеми бројот на туристи и изрази благодарност за поддршката што Република Македонија ја има од Светската туристичка организација, чија членка е од 1995 година.
Министерството за економија во 2009 година од страна на СТО доби поддршка во изготвување на Стратегијата за развој на туризмот за 2009-2013, и истата се ревидираше во 2011 година. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.