Економија
TOYOTA PROACE City – создаден за вашиот бизнис

Овој септември на македонскиот пазар TOYOTA носи одличен новитет за секое бизнис-ориентирано лице, на коешто му е потребно верен и издржлив партнер во бизнисот. Со новото освежување во рангот на комерцијалните возила, доставата никогаш не била полесна, а возењето никогаш побезбедно со новиот член на професионаланите возила во гамата на TOYOTA – TOYOTA PROACE City.
Proace City на македонскиот пазар ќе се нуди во комерцијална (Van) и патничка (Verso) изведба. Создадено за сите видови бизнис-потреби, комерцијалната верзија на нашиот пазар доаѓа во понуда со две должини на товарниот простор – L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга,2.167mm), па сè до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата.
PROACE City Van има и одличен капацитет за товарење, со волумен од 3,3m3 до 4,3m3 со Smart Cargo опцијата. Корисен факт за секој бизнис е тоа што товарната верзија има простор за 2 еуро палети, давајќи му единствена уникатна предност, покрај карактеристиката за најдобра носивост во класата до 1 тон. И во комерцијалната и во патничката верзија, моторот нуди целосна покриеност на сегментот – доаѓа со 2 бензински и 3 дизелски мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а освен што има најдобра потрошувачка во класата, има и најниска CO2 емисија. Статистички гледано ова возило има повисоки остаточни врености од конкурентите.
„Како најмало возило во рангот на комерцијални возила на TOYOTA покрај легендарниот Hilux и поголемиот Proace, главниот фокус кај ова возило се секако безбедноста на возачот, поврзаноста и лесниот начин на користење. TOYOTA нуди најдолга и најсеопфатна гаранција во сегментот и истата трае 6 години или 200.000 километри. За комплетирање на понудата нудиме и финансиски лизинг, специјално креиран за нашите комерцијални возила, со 4,5% каматна стапка и учество од само 10%,“ изјави Ана Трајковска, Маркетинг менаџер во TOYOTA Авто Центар.
Безбедноста при возењето е на високо ниво, со подобрени перформанси и практичност, притоа обезбедувајќи му комфор на возачот при брзото темпо на извршување на секојдневните бизнис-обврски. Возилото е достапно во повеќе пакети на опрема, додека сервисниот интервал е еднаш во годината или на секои 20.000 километри.
Димитар Атанасовски го прифати предизвикот да ги дознае сите корисни карактеристики и корисни перформанси на најдоброто комбе за секој бизнис – TOYOTA PROACE City.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Советот на Народната банка го усвои најновиот квартален извештај – најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата

Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година.
Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата.
Во однос на остварувањата на основните макроекономски показатели, во првиот квартал од годината растот на домашната економска активност е стабилен, со стапка којашто е приближно иста со проектираната според априлскиот циклус проекции, а најновите високофреквентни податоци за вториот квартал упатуваат на натамошен раст на економската активност. Годишната стапка на инфлација забави во второто тримесечје и се сведе на 3,5%, сепак е малку повисока во споредба со очекувањата од април. Надворешната позиција на економијата е стабилна и во склад со очекувањата, при умерен дефицит на тековната сметка во првото тримесечје од 2,1% од БДП, а нивото на девизните резерви и натаму е во безбедната зона и обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.
Монетарните податоци покажуваат натамошен солиден раст на депозитите и на кредитната активност. Имено, банките и натаму обезбедуваат кредитна поддршка за домашната економија, посилна од очекувањата, при посилен раст и на депозитната база. И натаму се бележат поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на денарските и долгорочните депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти.
Економските услови и натаму се под влијание на неизвесноста, односно ризиците поврзани со надворешното окружување сѐ уште се изразени, а неопходно е натамошно следење и поголема претпазливост во однос на политиките коишто влијаат врз побарувачката во домашната економија и врз ценовната динамика. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.
На седницата на Советот беше усвоена Годишната информација за плаќањата во земјава за 2024 година, како и Годишниот извештај за извршениот надзор над платните системи во 2024 година, коишто покажуваат дека зголемената употреба на дигиталните решенија за извршување на плаќањата придонесе за солиден годишен раст на бројот на безготовинските плаќања во текот на 2024 година од 12,7%. Растот во поголем обем произлегува од плаќањата со платежни картички, a се забележува солиден раст и на плаќањата со кредитни трансфери (платни налози). Притоа, кај платежните трансакции со платежни картички е остварен годишен раст од 14,3%, а кај платежните трансакции остварени со кредитните трансфери растот изнесува 9,8%.
Економија
Од бесплатни услуги до премиум-привилегии, сè во една банка

1.Да се биде клиент на Халкбанк значи да се биде чекор напред
2.Со Халкбанк добивате повеќе: Бесплатни услуги, паметни пакети и премиум искуства
Без разлика дали сте примател на плата, пензија или млад корисник на HalkЕz пакетот – да се биде клиент на Халкбанк значи секојдневно да добивате повеќе. Повеќе слобода, повеќе удобност, повеќе безбедност и пристап до услуги кои ви го олеснуваат животот, а притоа штедите време и пари.
Халкбанк за своите клиенти овозможува бројни услуги кои се целосно бесплатни, како на пример подигнување готовина без провизија од сите банкомати во земјата, без разлика на банката. Исто така и електронското и мобилното банкарство се со нула трошоци со кои обезбедувате едноставно, брзо и безбедно управување со вашите средства. На овој начин можете постојано да ја следите состојбата на сметката, како и за плаќањата и трансакциите во движење, при што добивате информации преку СМС за извршени трансакции.
Халкбанк се погрижи да обезбеди погодности за секоја генерација.
За младите до 29 години, HalkEz пакетот значи почеток на финансиска независност со поддршка – со бесплатна трансакциска сметка, мобилно банкарство, картичка и други поволности.
За пензионерите, Халкбанк обезбедува сигурност и почит, преку редовна и навремена исплата на пензијата, како и преку специјалниот Пакет за пензионери кој е со бројни бенефиции – достапни услуги, бесплатни трансакции и поддршка при секојдневните банкарски потреби.
За вработените кои ја примаат својата плата преку Халкбанк, отворени се сите можности на Смарт пакетот – комплетно банкарско решение кое ги обединува најчесто користените услуги во еден месечен пакет. Тука се вклучени бесплатно водење на трансакциска сметка, бесплатна дебитна картичка, бесплатно мобилно и електронско банкарство, бесплатни месечни известувања и бесплатно подигнување готовина на сите банкомати во земјата. Исто така, пакето носи и поволности при одобрување потрошувачки и хипотекарни кредити. Овој пакет е наменет за сите кои сакаат едноставност, флексибилност и контрола врз своите финансии – во секој момент и од било каде.
За оние што што бараат повеќе, тука се Премиум пакетите. Премиум картичките Mastercard World Debit, Mastercard World Credit, Visa Platinum и Visa Gold на Халкбанк носат ново ниво на искуство. Со нив добивате приоритетен пристап до аеродромските VIP Lounge салони ширум светот, во кои ќе најдете сè што ви е потребно за мирен старт на патувањето, удобни места за седење, бесплатни освежувања и пијалаци, Wi-Fi, електрични приклучоци, весници, и она најважното, а тоа е мирот.
Преку Премиум картичките добивате пристап и до иновативните ORYX услуги, кои ви нудат поддршка на пат (ORYX на пат) во случај на незгода или потреба од влечна служба, како и домашна поддршка преку ORYX мајстори, кои се тука за вас за сите поправки и итни интервенции во домот – електричари, водоводџии, бравари и повеќе.
Со Халкбанк, добивате многу повеќе од обична банкарска услуга – добивате партнер кој е тука за вас во секој чекор. Со транспарентни услуги, практични решенија и постојана грижа за клиентите, Халкбанк останува доверлив финансиски партнер – независно од вашата возраст, статус или стил на живот.
ПР
Економија
Маркетите да не прават трикови оти ограничувањата може да бидат годишни, не неделни или месечни, порача Мицкоски

Можни се годишни место неделни или месечни ограничувања на маржите за да се заузда растот на цените во маркетите. Премиерот Христијан Мицкоски денес им порача на маркетите да бидат внимателни оти се следи растот на цените.
„Тоа го следиме како процес и мојата порака до маркетите е да не се служат со трикови затоа што ограничувањата може да бидат годишни, а не неделни или месечни. Многу внимателно преку Пазарниот инспекторат и Министерството за економија и труд го следиме однесувањето на некои од маркетите“, рече премиерот Мицкоски одговарјќи на новинарски прашања по прошетката во обновената Клиника за уво, нос и грло.
Со недели премиерот Мицкоски најавуваше дека до крајот на јули ќе се знае моделот по кој Владата ќе постапува за поскапувањето на прехранбените производи. Се правеа анализи и се разгледуваа разни пристапи, се правеа консултации со професори и со претставници на трговските синџири, но детали за тоа какви мерки ќе се преземат премиерот не кажа ниту денес по истекот на јули.