Економија
Цените на недвижностите во Велика Британија може да паднат побрзо отколку што се очекуваше
Цените на недвижности во Велика Британија може да паднат многу побрзо отколку што се предвидува во официјалните извештаи, сметаат експертите на Националната агенција за управување со имоти (NAMA).
По гласањето на референдум за напуштање на Европската унија, вредноста на имотите во центарот на Лондон падна за повеќе од 10 отсто и 11 отсто под врвот кој беше достигнат во 2014 година, вели Френк Дејли, претседател на државната агенција (National Asset Management Agency -NAMA).
„Нашите анализи покажуваат дека падот на цените во Велика Британија може да биде многу побрз отколку според официјални податоци”, изјави Дејли во парламентот во Даблин.
„Аналитичарите предвидуваат дека цените ќе продолжат да паѓаат и во наредните години, делумно како одговор на Брегзит и поради можноста дека многу компании своите канцеларии ќе ги отселат од Велика Британија“, додаде.
Ирски претставници внимателно ги следат економските и пазарите на недвижности во Велика Британија, која заедно со САД, е најголемиот трговски партнер на Ирска.
Цените на канцеларии во центарот на Лондон во јули забележале рекорден пад во последните седум години, според CBRE. Цените на куќите во август паднаа по пет месеци по ред, што е најголема негативна серија од 2009 година. /крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.