Економија
Во 2017 година влегуваме со 2,6 милијарди корисници на смартфони
Во моментот кога ќе зачекориме во 2017 година, 2,6 милијарди луѓе ќе користат паметни телефони, што е третина од светската популација.
Толкава застапеност на мобилни телефони ќе доведе до големи промени во многу сфери од животот, пред се во комуникацијата, забавата, едукацијата, но и во бизнисот, купувањето и огласувањето, се наведува во соопштението на швајцарската софтверска агенција Namics, чии стручнаци анализираат на кој начин тие технолошки промени ќе влијаат на потрошувачите.
Според податоците од „Hostingfacts.com“, до сега има повеќе од они кои имаат пристап на интернет преку паметни телефони (52,7 отсто), отколку преку desktop, додека четири од пет корисници на паметни телефони одлучиле да купуваат преку паметен телефон.
Менување на навиките предизвикани од оваа технолошка револуција, доведе до развој на мобилен бизнис познат како “М-трговија”, што му олеснува на модерниот потрошувач шопинг и пребарување на производи со помош на мобилни апликации.
„Истражувањата покажуваат дека така наречената „М-трговија“ расте побрзо од „Е-трговија“, дути и до 200 отсто побрзо, па така се повеќе ги има оние кои место за своите услуги и производи ги нудат на клиентите на мобилните платформи”, објаснува Катерина Симон од Namics, швајцарската агенција за развој на софтвер и бизнис мобилни апликации.
„Мобилните апликации, не се захтевни за мобилните телефони, не бараат силна интернет конекција, не содржат многу тешки елементи, како што се видео клипови, затоа се и достапни и лесни за употреба. Секоја апликација нуди безжичено плаќање, па за купување не е физички потребна банкарска картичка, туку само нејзиниот број “, вели Симон.
“Живееме во време во кое производите и услугите се наоѓаат на нашиот паметен телефон. Изборот стана виртуелен, како и парите. Продавачите размислуваат како купувачи. Доколку е потребно да платите сметки, изберете мебел или купите подарок, мобилните бизнис апликации им нудат само клик до исполнување, па затоа во 2017 година можеме да очекуваме овој тип на бизнис да биде се”, заклучува Кетрин Симон од Namics. крај/мф/дѓс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

