Контакт

Економија

Во петок саем „Вкусот на Македонија“ во Рамстор

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Во петок, во 11 часот, во трговскиот центар Рамстор во Скопје ќе се отвори саемот „Вкусот на Македонија“ на кој 22 мали и средни бизниси од рурална Македонија ги продаваат нивните производи, повеќето од кои не се редовно достапни во главниот град – традиционална и органска храна, зачини, чаеви, регионални алкохолни пијалоци, природна козметика и облека.

Саемот ќе се одвива од 11-ти до 13-ти ноември, а влезот ќе биде слободен за сите посетители.

Саемот „Вкусот на Македонија“ е организиран од шест Локални акциони групи од рурална Македонија во партнерство со Рамстор и со поддршка од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија. За време на отворањето, во 11 часот изјави ќе дадат Едвард Гонзалез, директорот на канцеларијата за развој на УСАИД, Стефан Томагиан, заменикот амбасадор на Швајцарија, како и дел од изложувачите.

Локалните акциони групи (ЛАГ-ови) се здруженија на граѓани сочинети од претставници на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор од 2-4 соседни рурални општини. Здруженијата се основани како дел од воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот за локален економски развој во руралните средини. Во таа рамка, ЛАГ-овите го организира овој саем како можност за презентирање на квалитетни и иновативни производи од руралните средини пред поголема публика на потрошуваци, со крајна цел да го помогнат проширувањето на малите бизниси преку зголемување на побарувачката за нивните производи./крај/со/бб

Економија

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Објавено пред

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува нејзината зависност од Москва додека се обидува да го казни Кремљ за воената акција во Украина.

dobivaj vesti na viber

Забраната е воведена заедно со ограничување на цената на нафтените деривати, што е резултат на договорот меѓу групата седум демократски земји, пренесе АП.

Целта е да се дозволи дизелот да продолжи да се снабдува во земји како Кина и Индија и да се избегне ненадејно зголемување на цената на ова гориво, што би им наштетило на потрошувачите ширум светот, а во исто време ќе го намали профитот што го прави Москва за државниот буџет.

Дизелот е од клучно значење за економијата бидејќи се користи во автомобили, камиони за транспорт на стоки, земјоделски машини и фабрички машини.

Членките на ЕУ отсега ќе купуваат дизел гориво од САД, Блискиот Исток и Индија за да го заменат руското гориво кое во еден момент покриваше десет проценти од потребите на Европа.

Цената на дизелот може да порасне поради зголемените транспортни трошоци и закрепнувањето на побарувачката во Кина, чија економија излегува од драконските ограничувања наметнати од пандемијата Ковид-19, пренесе Танјуг.рс.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Битиќи: Наскоро доаѓа АДА – првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот

Објавено пред

Пред нешто повеќе од една година започнавме со креирање на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција – АДА, преку кој компаниите ќе можат да добиваат целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и државната помош која ја нудиме, соопшти заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

„ АДА ќе ги нуди сите информации за финансиска поддршка по Планот за економски раст. А секако понатаму овој асистент базиран на вештачка интелигенција ќе го учиме и на други услуги кои се важни за стопанството и граѓаните“ рече Битиќи.

„ Дополнително, заедно со Светска Банка ќе започнеме конечно да дигитализираме 11 деловни процеси во 11 различни институции коишто го користат механизмот на државна помош. Ова ќе помогне во зголемување на ефективноста и ефикасноста“, изјави Битиќи зборувајќи за развивањето на АДА.

Клучно за развивање на дигиталниот асистент АДА е тоа што ќе овозможи унифицирани информации достапни во секое време за сите заинтересирани.

„ Дигитализацијата е одговор на сите недостатоци што се појавуваат во различни извештаи во однос на борба против корупција и организиран криминал. Единствен начин тоа да го адресираш е преку целосно тргање на страна на човечкиот фактор и секако да го направиш транспарентен целокупниот процес на поддршка на компаниите и инвестициите. Одлучивме дека ќе ја направиме АДА, дигиталниот асистент кој ќе биде првиот асистент кој некогаш е поставен во јавниот сектор. Инаку АДА е промената на дело којшто сите ние треба да ја направиме оваа година и наредните години ако сакаме навистина да стигнеме во растот и развојот кој сакаме да го постигнеме“, изјави Битиќи.

АДА ќе дава информации за инвестиции која овој месец ќе биде детално промовирана.

Дигиталниот асистент АДА се работи преку проект на Фондот за иновации и технолошки развој кој беше спроведен како предизвик за домашната старт ап заедница на кој победи фирмата CodeWell. АДА е првиот дигитален асистент во јавниот сектор во регионот кој работи на вештачка интелигенција, ве води и одговара на прашања за можностите за инвестиции во нашата земја и наскоро истиот ќе биде детално промовиран.

Прикажи повеќе...

Економија

Позитивниот тренд на раст во ТИРЗ продолжува и во 2023 – зголемен извоз и нови работни места

Објавено пред

ТИРЗ ја започнува годинава со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места, покажува редовната месечна анализа.

dobivaj vesti na viber

Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11%, односно е за 9% повисок од 2021, и за 45% и 15% повисок споредено со 2020 односно 2019 година.

Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос на увозот. Компаниите во ТИРЗ во јануари оствариле увоз од 221 милиони евра. Тоа е за 8% повеќе споредено со истиот период во 2022, односно за 44% повеќе од јануари 2020 и за 15% повеќе споредено со 2019. Увозот во јануари 2021 бил повисок за 10%, покажува анализата.

Особено позитивен тренд на раст има кај нето извозот кој во јануари е 24,5%, што меѓу другото се должи на зголемените инвестициски активности во Зоните и зголемениот број на работни места.

Бројот на вработени во зоните во јануари достигна речиси 16,400 што е за 16% повисок од јануари 2022. Само во првиот месец од годинава во компаниите во зоните се отворени речиси 80 нови работни места. Инаку ТИРЗ ја заокружи минатата година со 2300 новоотворени работни места и највисок извоз досега од 3,7 милијарди евра, со што е 2022 е најуспешната година од постоењето на зоните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола...

Свет10 часа

Папата Франциско: Законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда

Папата Франциско денеска изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како...

Свет11 часа

Русија и Украина: Ситуацијата на фронтот се потешка, вели Зеленски, а шефот на Вагнер тврди дека има тепачки за секоја куќа во Бахмут

Од недела, речиси една година од почетокот на руската инвазија на Украина, стапи на сила речиси целосно ембарго за извоз...

Македонија12 часа

Пендаровски: Негирањето на македонската нација стана секојдневие, очекуваме реакција од Софија

Претседателот Стево Пендаровски го осуди каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија, но и ставот на бугарскиот европратеник Александар Јорданов кој...

Регион12 часа

Петков: На Македонија треба да и се каже дека за во ЕУ мора да се отстрани омразата

Зборувајќи за односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, поранешниот премиер Кирил Петков во изјава за Бугарското национално радио (БНР) изјави:...

Економија14 часа

Европа од денеска воведува забрана за увоз на руски дизел

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, со што дополнително се намалува...

Регион15 часа

Бугарскиот пратеник по протерувањето од Македонија: Очекувам остра реакција од Бугарија и ново вето за Северна Македонија

Ангел Георгиев во саботата отпатува да ја одбележи 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев и да го посети гробот на...

Македонија17 часа

МНР ќе испрати писмо до Европскиот парламент за навредите од бугарскот европратеник

Министерството за надворешни работи соопшти дека ќе упати писмо до Европскиот парламент во кое ќе информира за недоличното и навредливо...

Регион17 часа

“Србомански измет”, “титовисти”, “ѓубриња” – куп навреди за Македонците од ексбугарскиот амбасадор

Скандалозното однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската...

Македонија18 часа

Пиши-бриши понуда: Стојанов веќе не нуди 200 евра за името на полицаецот од „Деве Баир“, не одговара ниту за што му треба информацијата

Кај претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, кој нудеше 200 евра за тој што ќе му каже како се...

Регион18 часа

Адвокатот на приведените Бугари: Шест часа биле тепани и врзани со лисици

Тројцата Бугари од партијата „Вазраждане“ кои беа приведени вчера на граничниот премин-Деве Баир, шест часа биле држени со лисици на...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони...

Македонија20 часа

Димитриевски: Бугарите ќе влезат во Уставот кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка

Бугарите ќе бидат запишани во Уставот без никаков проблем кога ќе има реципроцитет, кога мојата баба Бранка во Благоевград ќе...

Регион21 час

Првиот човек на бугарската фондација во Македонија: На границата имаше физичко насилство врз приведените бугарски државјани

Претседателот на фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов обвини дека на границата вчера имало физичко насилство врз приведените бугарски државјани. Тој за...

Македонија21 час

Почина судијата Огнен Ставрев

На 63 години почина судијата Огнен Ставрев од скопскиот Кривичен суд. Тој 25 години судеше во двата скопски основни судови....

Свет22 часа

Зеленски им го одзеде државјанството на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руско влијание

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари, како последен чекор за „прочистување“ на...

Регион22 часа

Масовни апсења во Турција: Подготвувале терористички напади врз конзулатите на Шведска и Холандија

За време на операција во Истанбул, турските безбедносни сили уапсија 15 лица кои се осомничени дека примале инструкции за подготовка...

Свет22 часа

Почина Первез Мушараф

По долго и тешко боледување во Дубаи почина поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф, соопшти пакистанската војска. Во изјавата испратена...

Свет22 часа

Пекинг се закани со одговор на американското соборување на кинескиот балон

По вчерашното соборување на кинескиот шпионски балон над Атлантикот, официјален Пекинг денеска жестоко реагираше. Кинеските власти соопштија дека го задржуваат...

Македонија1 ден

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеник: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....