Контакт

Економија

Национална конференција на ОРМ: Продуктивноста на компаниите е загрижувачки ниска, време е за реформи

Објавено пред

Ограничениот пристап до финансии, слабите институции и корупцијата се главните пречки за растот на продуктивноста и развојот на македонските фирми. Овие фактори ја нарушуваат конкуренцијата и создаваат долгорочна непредвидливост која ги обесхрабрува инвестициите и иновациите, кои пак, заедно со добрите менаџерски практики и вештините, имаат суштинско значење за долгорочна конкурентност на домашните компании. Ова се дел од клучните наоди од истражувањето презентирано во рамки на националната конференција: „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, што се одржа по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Јубилејот и конференцијата на ОРМ ги поздрави и заменик – министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето, кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“, покажува загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, што укажува на тоа дека фирмите во земјава стануваат сѐ помалку ефикасни во користењето на основните фактори на производство – трудот и капиталот. Дополнително, компаниите со странски сопственици имаат дури четири пати повисока продуктивност од домашните, додека извозно ориентираните компании се значително попродуктивни од оние што работат исклучиво на домашниот пазар.

„Продуктивноста е темелот на секоја успешна компанија и движечка сила за одржлив економски развој на целата земја. За да ја зголемиме, потребно е да почнеме да делуваме веднаш, преку добро обмислени и решителни реформи кои ќе ја подобрат бизнис климата, ќе значат елиминирање на системската корупција, ќе го подобрат пристапот на фирмите до финансии и ќе ги поттикнат инвестициите и иновациите во модернизација на домашната економија“, изјави претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија, Владанка Трајкоска.

На конференцијата ОРМ презентираше и сет од конкретни препораки за раст на продуктивноста и деловната ефикасност, меѓу кои: обезбедување поголема финансиска поддршка за мали и нови компании преку поволни кредити, субвенции, даночни олеснувања за инвестиции во иновации и нови технологии; зајакнување на борбата против корупцијата преку зголемена транспарентност на институциите, независно и ефикасно судство; реформа на регулативата заради намалување на административниот товар и зголемување на предвидливоста на пазарните услови; ефикасна борба против нелојалната конкуренција и сивата економија преку дигитализација на услугите во јавниот сектор, засилен и координиран инспекциски надзор и ревизија на државната помош; и подобрување на инфраструктурата, особено дигиталната и енергетската, како клучен предуслов за технолошка модернизација.

„ОРМ, како единствена репрезентативна организација на работодавачите во рамки на социјалниот дијалог со владата и синдикатите, останува посветена на тоа да биде гласот на бизнисот. Ќе продолжиме да креираме решенија во соработка со институциите, синдикатите, експертите и граѓанското општество, со цел да го поттикнеме економскиот раст, да создадеме нови перспективи за младите и да обезбедиме социјална сигурност за сите“, најави Трајкоска.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите размислувања, ставови и предлози за тоа како продуктивноста да стане приоритет на економските политики во државата ги изнесоа претседателот на Собранието на ОРМ Ангел Димитров, професорката на Економскиот факултет при УКИМ д-р Даниела Бојаџиева, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на Државниот завод за статистика доц. д-р Дејан Станков.

Истражувањето и националната конференција со која се одбележа 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија беа поддржани од Меѓународната организација на трудот, преку проектот Платформа за вработување и социјални прашања – ЕСАП 3, финансиран од Европската Унија.

Економија

(Видео) Митева: Оперативниот план низ 9 стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани

Објавено пред

Од

Оперативниот план низ 9 стратешки и добро темпирани мерки ќе допре до над 16.000 граѓани, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

„Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање: Како да ја претвориме економската стабилност во животна стабилност? Со рекордни 40 милиони евра, ова е најамбициозниот план досега, кој ќе допре до над 16.000 граѓани низ девет стратешки и добро темпирани мерки. Но, зад бројките стои нешто поголемо – одлуката да водиме економска политика што почнува и завршува со граѓаните“, рече таа.

Во време кога довербата во институциите се гради тешко, државата е подготвена да ја покаже грижата – конкретно и мерливо.

Таа рече дека Поддршката за самовработување опфаќа три категории: за невработени лица до 29 години која според проекциите, има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615.000 денари неповратни средства, втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, а овде финансиската рамка е 430.000 денари неповратни средства и понатаму, доаѓаме до Поддршката за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност, кое е предвидено да опфати 400 лица. Е сега овде ќе може да се направи разлика во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861.000 денари ќе се однесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од 1.230.000 денари се однесува на два содружника до 29 години.

„Втората мерка за која што ќе зборувам е Поддршката за креирање на нови работни места и оваа мерка опфаќа нови работни места во микро, малите и средните претпријатија и граѓанските организации. Опфатот на мерката е за 1.570 лица. Втората категорија тука, која што е исклучително важна да ја споменеме, е Поддршката за вработување на лица со попречености и оваа мерка опфаќа вработување на 150 невработени лица“, рече Митева.

Според неа, овие две мерки не се само технички категории – тие се политичка одлука да ја промениме логиката на државната поддршка: од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација на талентот што го имаме, но предолго бил заборавен.

Прикажи повеќе...

Економија

РКЕ: Течат роковите во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности треба да поднесат барање за промена на истата

Објавено пред

Од денес, 29 мај до 30 јуни тече рокот во кој носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности, вклучувајќи ги и носителите на лиценци за пробна работа треба да поднесат барање за промена на лиценца до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) согласно одредбите од новиот Закон за енергетика, во спротивно лиценцата ќе престане да им важи, информираат надлежните.

dobivaj vesti na viber

„Барањето за промена може да се преземе од веб страницата на РКЕ Барање за промена.docx или во архивата на РКЕ. За секоја лиценца се поднесува поединечно барање за промена, односно не може со еден образец да се поднесе барање за промена на повеќе од една лиценца.

Барањето за промена ќе се смета за уредно доколку биде доставено до архивата на РКЕ, или пратено до официјалната електронска пошта [email protected] или пратено по пошта во наведениот рок при што ќе мора подносителот да достави доказ за приемен датум од пошта на официјалната електронска пошта“.

За промена на лиценцата по овој основ на носителот, како што е појаснето во информацијата, не му се наплаќа надоместок за постапката за менување на лиценцата.

„Во исто време ги информираме сите носители на лиценци за пробна работа дека согласно новиот Законот за енергетика лиценците за пробна работа ќе може да се продолжат исклучиво заради тестирање на техничките перформанси на енергетскиот објект и влијанието врз енергетскиот систем на којшто е приклучен, други основи не се предвидени. Напоменуваме дека одредбите од новиот Закон за енергетика не предвидуваат привремена лиценца“.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Објавено пред

Договорите како планираниот со Велика Британија во никој случај не треба да значат замена за европските фондови кои се единствениот начин нашата држава да добие неповратни средства за реализација крупни инфраструктурни проекти, порача пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Затоа, како што кажа Трајчулевски, полноправното членство во ЕУ мора да остане најважен надворешно политички проект за нашата држава.

dobivaj vesti na viber

„Не постои ниту една држава поединечно, која може да обезбеди помош како Европската Унија. Единствениот начин нашата држава да добие неповратни средства за изградба на нашата инфраструктура е преку процесот на европска интеграција. Ќе се согласиме – не е исто, суштински е различно. Да добиете грант, неповратни средства без да ги задолжувате идните генерации или да се задолжувате со огромни кредити како овој денес“, рече Трајчулевски.

Во своето излагање Трајчулевски рече дека предложените приоритетни проекти за финансирање со договорот со Велика Британија – железничкиот Коридор 10 и Коридорот 8, се паневропски коридори за кои многу лесно ќе можеше да се обезбедат грантови преку ЕУ. Македонија го нема луксузот да не користи неповратни средства кои ѝ стојат на располагање“, рече Трајчулевски.

„Сакам да се осврнам на предложените приоритетни проекти за финансирање, особено железничкиот Коридор 10 и Коридорот 8, кои се наведени во анексот кон договорот. И двата овие коридори, и десетката и осмицата се паневропски коридори и се наоѓаат на главната мрежа на европски коридори. Ова значи дека многу лесно може да се обезбедат грант-средства за изградба на овие коридори од фондовите на Европската Унија“, потенцираше Трајчулевски и порача Владата да не се откажува од европските фондови, особено во делот на транспортната инфраструктура, која е најскапа и изискува огромни средства.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сојузниците од НАТО треба да трошат по 5 отсто од БДП за одбраната, му рекол Рубио на Муцунски

Државниот секретар на САД, Марко Рубио на средбата со шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски,  нагласил дека е неопходно сојузниците во...

Македонија5 часа

Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров виден кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината...

Македонија7 часа

Арсовска да не дозволи да биде инструментализирана од структурите на ДУИ: Ганиу до градоначалничката на Град Скопје

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција упати предупредување за загрижувачката состојба со управувањето на отпадот и јавните...

Македонија7 часа

Директорот на АНБ не направил лажна исправа: Обвинителството ја отфрли пријавата за фалсификување

По целосно спроведена постапка и извршени проверки, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на анонимните...

Македонија8 часа

Мицкоски: Да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, ги повика пратениците од опозицијата да ги поддржат...

Македонија9 часа

Службеници во болница во Прилеп проневериле над 2,2 милиони денари – парите од партиципација си ги ставале в џеб

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против И. М. и С.Ч. во својство на...

Македонија9 часа

Пандов повика судењето за пожарот во Кочани да биде во европската судница во Идризово од 1,3 милиони евра: Три години е празна

Директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов денес апелираше судиите да закажуваат судења во новата судница во Идризово. Тој...

Македонија12 часа

Вградени првите пенилни протези на Клиниката за урологија: „Историски чекор во македонското здравство“

Клиниката за урологија во Скопје испиша ново поглавје во македонската медицинска историја. За првпат, во државното здравство, беа извршени три...

Македонија13 часа

Трајко Славески избран за нов гувернер на Народна банка

Трајко Славески е избран за нов гувернер на Народна банка. Собранието доцна синоќа гласаше за неговиот избор. Тој доби поддршка...

Македонија13 часа

(Видео) Данела Арсовска: Висар Ганиу истурал ѓубре пред Град Скопје, кога му реков дека доаѓам „џом“ да го нема

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, доцна синоќа пред Град Скопје, се вклучи во живо на социјалните мрежи и објави...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти имињата на 25 кандидати за градоначалници, повеќето ќе се борат за нов мандат

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ утврди 25 кандидати за градоначалници. За Град Скопје се’ уште не е донесена одлуката. Се работи...

Македонија1 ден

(Видео) Се бара донација од пченка и јаболка оти мечки се доближуваат до селата околу Шар Планина

Националниот парк „Шар Планина“ повика на донации во форма на домашна пченка и јаболка, бидејќи се забележани повеќе случаи во...

Македонија1 ден

Неопходно е да се додаде по уште една лента на експресниот пат Штип – Кочани, експертите ценат дека има и технички недостатоци

Денеска во Кочани претставници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи присуствуваа на експертскиот панел „Безбедносните ризици на...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за ратификација на договорот со Обединетото кралство – власта ракоплескаше, опозицијата негодуваше

Со 76 гласа за, 6 против и без воздржани, Собранието го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владите на...

Македонија1 ден

(Видео) Јакимовски ја поддржува Арсовска: Не молчам, градат на диво, милиони испаруваат, Владата спие

Давам јавна поддршка на она што го прави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Ние може нејзе да не ја сакаме,...

Македонија1 ден

Наместо да филозофираат, Владата и Тошковски треба да ги фатат криминалците, а не да им дозволуваат на Ганиу и на Меџити да уништуваат докази, вели Арсовска

Наместо во истрага за криминалот, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на социјалните мрежи реагира дека институциите во Македонија активно учествуваат,...

Македонија1 ден

Мицкоски нема против информатичар да стане министер за здравство: Со господинот Алиу се познаваме, мислам дека добро ќе соработуваме

Премиерот Христијан Мицкоски нема забелешки за предлогот поранешниот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу да биде министер за...

Македонија1 ден

Владата ќе дава грант од 10.000 евра за млади до 29 години за отворање на сопствен бизнис

Во Оперативниот план за 2025 година предвидено е да се вклучат вкупно 16.057 невработени лица, од кои 12.537 лица во...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Доставивме документи до ДКСК, бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР

СДСМ достави документи до Државната комисија за спречување на корупцијата и бара итна постапка за, како што велат, скандалозниот тендер...

Свет1 ден

Папата Лав: Плачот на мајките и на татковците што држат мртви деца во Газа достигнува до небото, запрете ја војната

Папата Лав, денес, апелира за прекин на огнот во Газа и ги повика Израел и милитантите на Хамас целосно да...