Контакт

Избори 2019

„Макфакс“-анкета: Силјановска во тесно водство пред Пендаровски

Објавено пред

Во он-лајн анкетата која што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова освои 40,6% од гласовите и е во блага предност пред кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски кој освои 36,9%.

Треторангиран според гласачите е кандидатот Блерим Река, кој е даелку зад нив со 4,7% од гласовите. 17,7% од гласачите се изјасниле дека нема да гласаат за никој од кандидатите за претседател на државата.


Анкетирани беа 8388 лица, а анкетата беше спроведена на 15 веб-странци. Според добиените податоци, над 66% од одговорите ги дале мажи, а приближно 33% биле жени. Анкетата стартуваше на 12 март и траеше 24 часа. Најголем дел од одговорите се добиени преку мобилен телефон (85%), а помал процент (14,7) преку компјутер. Најголем дел од одговорите ги дале лица на возраст меѓу 25 и 34 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

Кристијано цела вечност нема постигнато гол на големите натпреварувања

Ремито на Португалија со Демократска Република Конго (1:1) во првото коло од Светското првенство донесе уште еден факт што нема...

Спорт2 часа

(Видео) Спектакл во Далас, Англија ја победи Хрватска

Првото вистинско дерби на Светското првенство ги оправда очекувањата. На стадионот во Далас, во Л групата, Англија ја победи Хрватска...

Спорт5 часа

Навивачите лути на Роналдо

Португалија во првото коло од Светското првенство 2026 одигра 1:1 против ДР Конго. Португалците добро го отворија натпреварот и поведоа...

Спорт5 часа

(Видео) Португалија разочара, ДР Конго заслужено до бод против фаворитот

ДР Конго ја шокираше Португалија и освои бод во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство. Натпреварот...

Забава6 часа

Четири хороскопски знаци важат за најголеми материјалисти

Според астролозите, четири хороскопски знаци најсилно ги поврзуваат среќата, сигурноста и успехот со парите и материјалните добра. Бик важи за...

Култура6 часа

Домот на културата во Кавадарци со изложба и промоција на книга

Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци го очекуваат два настани до крајот на оваа недела. Во четврток, на...

Спорт6 часа

Демикелис пред портите на Лајпциг

Она што беше објавено минатата недела, потврда доби пет дена подоцна, бидејќи младиот аргентински тренер Мартин Демикелис ја прифатил понуда...

Спорт6 часа

Вахи игра на Светското првенство, а бил уапсен за местење натпревари

Фудбалерот на Брегот на Слоновата Коска, Елје Вахи, бил уапсен под сомнение за наместување натпревари. Вахи е уапсен две недели...

Свет6 часа

Макрон: Кога Трамп нешто ќе вети, тој го исполнува тоа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека отсекогаш одржувал дијалог со американскиот претседател Доналд Трамп и дека има доверба во него....