Контакт

Избори 2019

(Видео) Мицкоски: Да беа парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе освоеше најмногу пратеници

Објавено пред

„Гордана може да изгуби само со тежок фалсификат или изборен инженеринг. Денес имаше нерегуларности, притисоци, закани и веројатно и брзи прсти и индиции за поткуп. Европа е сè подалечна цел со овие луѓе. Затоа на Македонија ѝ требаше техничка влада која ќе гарантиташе непристрасност на процесот”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција во партиското седиште.

Тој рече дека ова не го кажува за да бара алиби, туку дека ова е вистината за реалноста во Македонија. ,,Не давам ветувања кои не можам да ги исполнам и затоа кажувам дека оваа власт е свесна дека е минато и дека ќе падне – ќе ги поразиме заедно со народот.
Колку и да слават ова е лош резултат за нив, тој е резултат на бескрупулозното пазарење, знаеме што си ветил за ова денеска да се случи. Денеска Македонија се буди во нова реалност, општествена реалност која значи делегитимирана власт”, рече Мицкоски.

Тој вели дека Зоран Заев и Стево Пендаровски знаат што ги чека и што ќе им тежи од денеска па натаму.Од денеска им почнува вистински политички пекол кој ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка сила во земјава. Стево вика: ,,Слушајте го врховниот командант”, а јас велам: ,,Повторно грешите, слушајте го народот”, рече Мицкоски.

Според него, реалноста значи нивна победа во најголемиот број општини. „Сега победивме со уште поголема и поубедлива разлика отколку во првиот круг. Му се допаѓало некому или не, од денеска реалноста е следна – ако имаме парламентарни избори партијата која народот ја избра на овие избори и ќе освоеше навеќе мандати и пратеници е ВМРО-ДПМНЕ. Партијата споредено со коалицијата на СДСМ освои најголем број  гласови. ВМРО-ДПМНЕ направи одличен резултат, партијата е повторно најголемата политичка сила во Република Македонија”, рече тој и додаде: ,,Продолжуваме да работиме со двапати поголема мотивација за на следните парламентарни избори да стигнеме до бројка од половина милион гласови”.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и Гордана Сиљановска-Давкова победија во Зелениково, Аеродорм, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, во Бутел е нерешено.

„Гордана победи и во Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија. Победивме во Прилеп,Свети Николе, Валандово, Василево, Вевчани, Виница, Градско, Дебарца, Демир Капија, Зрновци, Карбинци, Кратово, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Пехчево, Пробиштип, Росоман….”, рече Мицкоски кој ѝ се заблагодари на Сиљановска и порача дека партијата смета на неа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет19 минути

Партијата на Путин со убедливо водство по првичните резултати од изборите во Русија

Партијата „Единствена Русија“, која ја поддржува политиката на претседателот Владимир Путин, освои најмногу – 44,26 проценти од гласовите на парламентарните...

Европа33 минути

Пожар во камп за мигранти во Грција

Кампот за мигранти на грчкиот остров Самос беше евакуиран откако доцна синоќа во него избувна пожар. Нема повредени или поголема...

Македонија14 часа

23 починати и 365 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа направени се 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи...

Македонија16 часа

Маричиќ: Над милион попишани граѓани, влегуваме во последната фаза

Откако Државниот завод за статистика извести дека денеска се попишани над милион граѓани, министерот за правда Бојан Маричиќ, преку социјалните...

Свет16 часа

Три европски земји ги укинуваат сите ковид-мерки, за таквиот чекор клучни се две нешта

Данска, Шведска и Холандија ги укинуваат практично сите мерки во борбата против пандемијата на коронавирус. Стапките на вакцинација се релативно...

Македонија17 часа

Изминатава недела Македонија е прва во Европа според бројот на починати од Ковид-19 на милион жители

Според бројот на смртни случаи минатата седмица, Гренада е повторно на прво место во светот со 212 смртни случаи на...

Македонија19 часа

Започна уривањето на старата конструкција на Универзална сала

Универзална сала започнува да го добива своето ново лице, сподели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил. Според...

Македонија22 часа

Со хебла оштетена таблата за електрична енергија во модуларната болница во Прилеп

Општа болница Прилеп до Министерството за внатрешни работи синоќа пријави случај на физичко оштетување на таблата за електрична енергија од...

Топ22 часа

Приведен сопственикот на угостителски објект во Гостивар кој примал гости без сертификат за вакцинација

Гости без сертификат за вакцинација биле затекнати во угостителски објект во Гостивар а по реакција на полицијата објектот бил затворен...

Свет23 часа

Париз за потегот на САД и Австралија – лицемерие, презир, лаги

Лицемерие, презир, лаги, се зборовите што ги користи францускиот министер за надворешни работи за да ја опише кризата во односите...

Свет24 часа

Светските лидери среде пандемија во Њујорк и покрај противењето на Американците

Светските лидери се собираат во Њујорк од вторник на дебата на Генералното собрание на Обединетите нации, која ќе се фокусира...

Европа1 ден

Италијанците следната година излегуваат на референдум за легализација на марихуаната

Референдум за легализација на марихуаната најверојатно ќе се одржи во Италија следната година. Поддржувачите за легализација на марихуаната ги собраа...

Свет1 ден

Русите на гласање на последниот ден од парламентарните избори

Недела е последен ден за гласање на Русите на тридневните парламентарни избори во земјата. Околу 110 милиони луѓе имаат право...

Македонија2 дена

41 починато лице, регистрирани 539 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 5.589 тестирање, а регистрирани се 539 нови случаи на...

Топ2 дена

Осумдневен притвор за пет лица од вчерашните протести во Тетово

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Тетово им определил осумдневен притвор на петмината приведени по вчерашните протести во Тетово....

Свет2 дена

Експертите во САД против трета доза на вакцина за севкупната популација

Советодавниот одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да понуди дополнителна, трета доза на...

Македонија2 дена

Османи формира работна група за укинување на визите со САД

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на неговиот Фејсбук профил информира дека формирал работна група во рамки на Министерството за...

Македонија2 дена

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес на својот Фејсбук профил објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во...

Свет2 дена

Американски милијардер случајно признал убиство, му се заканува доживотен затвор

Американскиот милијардер Роберт Дурст вчера беше прогласен за виновен пред судот во Лос Анџелес за убиство на неговата најдобра пријателка...

Топ2 дена

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Досие