Контакт

Избори 2019

Силјановска во Кратово: По Курц, добив поддршка и од претседателот на Европската народна партија

Објавено пред

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова вечерва им се обрати на граѓаните во Кратово, каде што рече дека добила поддршка од претседателот на Европската народна партија, што, според неа, претставува силен ветер во грбот.

„Она што сакам денеска да го споменам е поддршката однадвор, која многу ни значи, како што знаете, претседателот на Европската народна партија, господинот Дол, застанува зад нас, тоа го вети во Брисел. Пред него тоа го стори и господинот Курц, навистина е тоа европски силен ветар во нашите едра, реформски, во нашите опозициска едра, во нашите изборни едра, она што доаѓа на 21 април и на 5 мај“, вели таа.

Силјановска-Давкова додаде дека со Владата на СДСМ и Заев граѓаните живеат сè посиромашно. Таа рече дека никој не сака да ги слушне проблемите на граѓаните истакнувајќи дека доколку победи на претседателските избори, ќе биде првата амбасадорка на сиромашните откажувајќи се од средствата само за нив.

Според неа, заевизмот не е филозофија, туку методологија на авторитаризам и дека граѓаните ќе стават крај на таквото владеење бидејќи, како што рече таа, народот се умот, свеста и мудроста на Македонија. Силјановска додаде дека она што го ветила пред граѓаните ќе го исполни, а не како сегашните политичари на СДСМ, кои не знаат што точно ветуваат и кога се негираат дека ветиле нешто.

„Ние тоа што го кажуваме го помниме, во срцето го носиме и го докажуваме. Тие го забораваат, тие постојано го негираат, па не знаат што ветиле, што сториле, а што негирале, тоа е нивниот кошмар, ние сме нивниот кошмар“, додаде Силјановска.

Според неа, оваа Влада нема ниту желба ниту знаење за да направи вистински реформи потенцирајќи дека непотизмот, криминалот и корупцијата се вистинска одлика на СДСМ и Заев.

„Тие немаат смисла, ниту желба ниту знаење, целосно се политички импотентни за препознавање на потребата на квалификувана стручна посветена на граѓаните, државната и јавната администрација. Се фалеа дека ќе се борат со непотизмот, ама непотизмот е нивна политичка филозофија, нема министер што не вработил некого од семејството и не се загрижени за тоа. Да не говорам за корупцијата и криминалот, тие стимулирајќи ги и толерирајќи ги корупцијата и криминалот, го рушат суверенитетот на Македонија, ја прават Македонија слаба држава, ја прават Македонија пропадната држава. Процесот на одлучување, наместо во силни и стабилни институции, го лоцираат меѓу двојки, тројки, четворки во неформални структури на неформален начин, во неформални структури одлучуваат за најважните национални прашања. Јас тоа ниту го поддржувам ниту ќе го практикувам“, нагласи Силјановска.

На крајот, Силјановска побара поддршка од граѓаните и масовен одѕив како на 21 април така и на 5 мај сè со цел да може да ја реализира програмата со која настапува на овие претседателски избори и да се врати владеењето на правото, а со тоа, конечно, Република Македонија да оди напред на вистинскиот пат, а тоа е Европската Унија.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија51 минута

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија2 часа

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија3 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија3 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Македонија4 часа

Пендаровски свика седница на Советот за безбедност

Утре со почеток во 14 часот во kабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Свет5 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија6 часа

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија7 часа

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Македонија7 часа

Досега во организација на МНР вратени се 1.842 македонски граѓани од странство

По апелот за пријавување македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по...

Македонија8 часа

Здравствени работници направиле прекршоци во случајот на стружанката која почина од коронавирусот

Има прекршувања во случајот со почината стружанка од коронавирусот, која и покрај тоа што имала упат од матичниот лекар, не...

Свет8 часа

Што е паметен карантин, кој го воведува Чешка?

Во Чешка почна тестирање преку таканаречен паметен карантин, што значи следење на луѓето преку користење телефони и банкарски картички. Паметниот...

Македонија10 часа

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус додавајќи дека...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа10 часа

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет11 час

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ11 час

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет13 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет1 ден

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија1 ден

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Досие