Контакт

Избори 2019

ЦИВИЛ: Говорот на омраза е присутен во предизборните кампањи, институциите да реагираат

Објавено пред

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува говорот на омразата, за кој оценува дека е силно присутен во дел од предизборните кампањи и во јавната комуникација во изборен контекст. ЦИВИЛ повторно ги повика институциите, пред сè Државната изборна комисија и обвинителството, како и медиумите и целата македонска јавност најостро да ги осудат и да ги отфрлат сите облици и изрази на говорот на омразата во јавните настапи поединци и групи во земјава. Организацијата потсетува дека патеката од говорот на омразата до кривични дела сторени од омраза е кратка и дека последиците се несогледливи.

Мониторингот на ЦИВИЛ утврдил дека се употребува експлицитен говор на омраза на социјалните мрежи, дел од интернет-порталите, како и за време на јавните настани што ги организираат политичките структури што ги поддржуваат и промовираат претседателските кандидати.

„Дел од претседателските кандидати се служат со прикриен, но неретко и отворен говор на омраза. Тоа најчесто се забележува во јавните настапи на кандидатката Гордана Сиљановска-Давкова и високите претставници на партијата што ја поддржува, ВМРО-ДПМНЕ. И една од навивачките групи е директно вклучена во кампањата со експлицитен и екстремен говор на омраза. Се работи за навивачката група ‘Комити’ која на денот на централниот промотивен настан на кандидатот Стево Пендаровски повикуваа на протест против промената на името. Истата група, своето присуство на фудбалското игралиште ‘Борис Трајковски’ во Скопје го искористија за неконтролирано дивеење на трибините, со експлицитен говор на омраза и повици на истребување на цела една етничка заедница. Самиот спортски настан го ‘зачинија’ и со физички напад врз еден од играчите на ривалскиот фудбалски тим. Единствената казна за овој срамен чин, како што се навестува, ќе биде парична, упатена на ФК Вардар чии фанови се комитите“, велат од ЦИВИЛ.

Додаваат дека на митингот на кандидатот Стево Пендаровски, поддржан од над триесет политички партии предводени од владејачкиот СДСМ, еден од присутните на митингот на кој организаторите му обезбедиле микрофон се заканил со пиштол на Државната изборна комисија. Уште еден пример, велат од ЦИВИЛ, се  групите што се претставуваат под називите „Бојкотирам“ и „Христијанско братство“ кои се служат со жесток говор на омраза, со отворени закани за ликвидација на премиерот Зоран Заев.

На јавниот настан на Демократската унија за интеграција, мониторингот на ЦИВИЛ нотирал екстремно груб настап со говор на омраза на високиот функционер на оваа партија и пратеник во Собранието.

„На крајот од својот говор Груби го употреби го името и презимето на Блерим Река, ставајќи го во контекст на дел од погребен ритуал, како последен поздрав до починатиот, а кој го преиначи за свои цели, и кој  гласи: ‘Блерим, син на Хамза, не на Кастриот, туку на Река’ . Настапот на Груби наиде на смеење и очигледна поддршка од партискиот лидер Али Ахмети и на дел од останатите високи партиски функционери и присутните на настанот. Безбројни се пораките и коментарите на социјалните мрежи кои содржат вулгарни, груби и радикални изрази кои претставуваат експлицитен говор на омраза што е забранет со закон“, додаде ЦИВИЛ преку соопштение.

 

Најново

Спорт39 минути

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт51 минута

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион51 минута

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт59 минути

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет1 час

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава1 час

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...