Контакт

Избори 2019

Али Ахмети од Врапчиште: Консензуалноста го гарантира евро-атлантскиот процес

Објавено пред

Демократската унија за интеграција во рамките на претседателските избори, по општина Боговиње, беше присутна и во општина Врапчиште за да информира и да објасни зошто треба да се прифати консензуалниот кандидат, при што беше кажано дека тоа на земјата ќе ѝ донесе членство во евро-атлантските структури, ќе има мир, стабилност и безбедност во земјата и регионот затоа што изборот на консензуалниот претседател ќе донесе продолжување на интегративните процеси на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека секогаш бил транспарентен давајќи им понуда на Никола Груевски и на Зоран Заев на последните претседателски избори, и тоа со две имиња, Владо Поповски и Денко Малевски, но немало договор, па затоа на тие избори изгуби кандидатот што сега е кандидат, Стево Пендаровски, кој во тоа време не бил консензуален.

„Јас не гледам спремност кај Силјановска за да ги потпише документите како претседател на државата во иднина, значи јас гледам пречки, исто како што постапуваше досега Иванов со Законот за јазиците, преспанскиот договор и многу други закони, кои повторно се вратија на гласање. Немаме време за губење, ние не го гласаме само Стево Пендаровски, туку гласаме за влез во НАТО и ЕУ и го гласаме консензуалниот кандидат“, рече Ахмети.

Претседателот на ДУИ додаде дека на земјата ѝ е потребно што побргу да стане земја членка на Европската Унија затоа што само тогаш ќе престане алчноста на младите за заминување во Швајцарија, Англија, Америка, бидејќи тогаш ќе се приближат стандардите, исто така ќе треба да се градат добри односи помеѓу Албанците и Македонците зашто само тогаш земјата ќе оди напред.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа26 минути

(Видео) Пристигнуваат снимки од Полска: „На Флајтрадар можеше да се види сè во реално време“

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Европа50 минути

Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“. Во објава...

Европа55 минути

Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад...

Македонија11 часа

Постои сомнеж дека пожарот во Дрисла е подметнат

Скопската противпожарна бригада со сити сили се обидува да го локализира пожарот во депонијата Дрисла. Направен е противпожарен појас за...

Македонија13 часа

Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен,...

Македонија18 часа

(Видео) Филипче во Франција: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко...

Македонија18 часа

Нема казни за институциите што до 29 септември нема да стават црвени таблички на службените возила, ќе го направат тоа при регистрација

Институциите што до 29 септември нема да ги сменат табличките на службените возила за да се спречат приватни и партиски...

Економија18 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Промовирани новите црвени таблички на службените возила: „Се става крај за нивна злоупотреба во приватни цели“

Службата за општи и заеднички работи – СОЗР ја почна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблички, со што,...

Топ20 часа

„Ќе ве дигнам на клоци“, „Ќе ве фрлам од 6. кат“: виш јавен обвинител од Скопје психички малтретирал пет колешки, едната од нив добила анксиозно растројство

Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје им се заканувал и вршел континуирано психичко насилство врз пет вработени жени,...

Топ20 часа

МВР со детали за опожарениот автомобил на Галетановски: зафатени биле уште две возила

Денеска, во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Иван Козаров во Скопје опожарено било патничко возило „бмв“, со скопски...

Македонија21 час

СДСМ ги осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски. „Со доаѓањето на...

Топ21 час

Го запалил глисерот на својот брат, пожарот се проширил на зграда и на возило: уапсен охриѓанец

Ноќеска во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид, од слобода го лишија 52-годишниот З.С. од Охрид. Тој се сомничи...

Македонија22 часа

Два активни пожара во државата, два под контрола, 29 изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од...

Македонија22 часа

„И СДС и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушуван Мицкоски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДС и...

Регион1 ден

(Видео) Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди грчкиот остров Евија во текот на ноќта и беше силно почувствуван во...

Свет1 ден

Посетата на САД ќе стане поскапа за странските патници од 30 септември

Патниците кои планираат да ги посетат Соединетите Американски Држави наскоро ќе се соочат со повисоки трошоци бидејќи повисоките такси за...

Свет1 ден

Голема победа за Трамп: Врховниот суд пресуди дека може да продолжи со рациите во Лос Анџелес

Врховниот суд на САД пресуди дека федералните рации за имиграција во Лос Анџелес можат да продолжат, укинувајќи ја претходната забрана...

Европа1 ден

Медведев обвини земја членка на ЕУ дека подготвува напад врз Русија

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, тврди дека денешна Финска, со поддршка на НАТО, води „конфронтациска политика на...

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на жртви во судирот на воз и автобус во Мексико: десетици повредени

Најмалку десет лица загинаа, а 61 се повредени откако товарен воз удри во двокатен автобус северозападно од Мексико Сити, соопштија...