Контакт

Избори 2019

(Видео) Адеми: Ако гласачите на Река на 5 мај не гласаат за Пендаровски, ќе ја предадат неговата верба во ЕУ и НАТО

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми, и претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, во Тетово повикаа на успешен втор круг од претседателските избори и поддршка на концептот „Заедно напред“.

dobivaj vesti na viber

Адеми рече дека концептот за евро-атлантска држава може да го туркаат само оваа власт и идниот претседател Стево Пендаровски.

„И концептот на Блерим Река е за ЕУ и НАТО. И тој ги поддржува Рамковниот и преспанскиот договор. И пораката до оние што гласаа за Река е дека ако не излезете на 5 мај и ако не гласате за Стево Пендаровски, ќе ја предадете вербата на Блерим Река за Република Северна Македонија, членка на НАТО и на ЕУ, порача членот на ИО на СДСМ, Адеми.

Заев рече дека седењето дома им дава шанса на Силјановска, на Мицкоски и на Груевски.

„Гордана Силјановска се бори за она што се бори Мицкоски, а Мицкоски се бори Груевски да се врати, е нема амнестии повеќе. Главната задача, право и правда, е императив за сите и тоа ќе го исполниме. 23 месеци ја водам Владата, видов каде се слабите карики, каде се гребе за да им се помогне на граѓаните. Ќе се случат промените. Но, на сите вас што ми ја испративте оваа порака и јас ја примив, и јас праќам – на сите што не излеговте на гласање, гласавте за Река, па и за Силјановска, имаме обврска да донесеме исправна одлука. Оваа земја е аманет на сите. Седењето дома дава шанса на Силјановска, на Мицкоски и на Груевски со излегување и гласање им ја одземаме таа шанса. Да излеземе и да ја осигуриме таа иднина која толку години сме ја очекувале, а еве ја на дофат. Очекувам успешни избори и дека вкупниот резултат ќе биде потврда на вистинскот концепт ‘Заедно напред’“, порача претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев на трибината во Тетово.

Пендарвоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска-Давкова продолжуваат со, како што рече, жестоката пропаганда да поништат сè што оваа власт направи.

„Ќе направеле подобри договори, а на прашањето кој ќе им даде меѓународни гаранции – молчат. Најголемите светски сили нам ни ги дадоа сите можни гаранции, застанаа зад договорите и со Бугарија и со Грција и со нивна помош сме на патот на НАТО. За два месеца од сега, очекуваме датум за почеток со ЕУ, се отвораат можности за младите, за бизнис-заедницата, ќе можеме да комуницираме со современиот развиен свет. Има два концепта, еден, кој вели треба да се интегрираме внатре и да одиме напред, и другиот, кој признава само граѓани од прв ред и други, газди и чираци. Зад овој концепт зад кој стоиме ние, јас, премиерот, министри, Владата, имаме поддршка, бараме уште поголема поддршка за овој концепт кој нè носи каде што ни е местото“, рече претседателскиот кандидат Пендаровски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија3 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија10 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија12 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија14 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет15 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија16 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...