Контакт

Избори 2019

Мицкоски: Граѓаните ќе ја изберат првата жена претседател на земјата

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа им се обрати на граѓаните во Карпош.
Тој истакна дека карпошани, како и сите граѓани, ќе ја изберат првата жена претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска-Давкова.

dobivaj vesti na viber

„Доста е од политичари што се насмеани, дотерани во фракови и пеперутка-вратоврска, газат дебели црвени персиски теписи на балови во Европа. Ќе гледате уморни и ненаспани политичари, кои, наместо проектите да ги чуваат во канцеларија, а инспекторите под мишка да ги носат на самото место со народот, ќе бидат политичари што ќе бидат уморни, ненаспани и здодевни со проектите под мишка тука помеѓу народот. И заедно со народот ќе ја градат иднината на оваа земја. Ова е нашата историска улога“, вели Мицкоски.

Тој посочи дека нема да ветува многу како што тоа го правеле некои досега, но тоа што ќе го вети, тоа и ќе го оствари. „Нам не ни требаат ниту жолтици, ниту бели дворци, ниту слава и моќ ниту, пак, ни треба крукче со „мајбахот“ на Трајче, нам ни треба добар збор од нашите сограѓани, да речат – фала богу, дојдоа чесни луѓе, чиј збор тежи. Тоа што го кажуваат, тоа и го спроведуваат. А јас се заветувам овде, од мојот Карпош, родниот Карпош, дека тоа што ќе го кажеме, тоа и ќе го направиме“, додаде тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека заврши времето на политичари како Стево Пендаровски и Зоран Заев и доаѓа времето на честити луѓе што ќе ја водат државата.

„Вие сакате да чекорите во Европа за да се богатите, а ние сакаме да чекориме заедно со богата држава и богати граѓани, тоа е разликата помеѓу нас и вас. Вие би се откажале од целото минато, историја и традиција затоа што тие за вас се котва што не ви дава да одите напред. А за нас и историјата, и традицијата и културата се наше едро, во кое дува ветер и силно сакаме да чекориме кон вистинска, честита и достоинствена иднина“, посочи Мицкоски. Тој истакна дека Зоран Заев и луѓето околу него имаат проблем самите со себе, а граѓаните на Република Македонија имаат проблем со нив, проблем што ќе го решат на престојните претседателски избори и на предвремените парламентарни избори.

„Вие, господа од СДСМ, имате проблем со самите себе, а ние и граѓаните на Република Македонија имаме проблем со вас, но тој проблем ќе го решиме на 21 април, а потоа и на 5 мај. По тој 5 мај, потоа следуваат предвремени парламентарни избори, не дека му верувам на Зоран Заев, не дека верувам во неговиот збори. Тој не е честит збор, туку затоа што народот има таква енергија што ќе предизвика предвремени парламентарни избори. Затоа што на народот доста му е од понижувања, омаловажувања и виткање ‘рбет. Овој народ сака повторно да биде горд, достоинствен, со исправена глава и да чекори храбро кон иднината“, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека многу работи во минатото не биле фер, но сега се потребни обединетост и сплотеност за поразување на заевизмот, за поразување на принципот – кажувам, заборавам, негирам. „Нашиот сон за Македонија е голем и затоа кога ни велат дека е невозможно кога нè обесхрабруваат, кога ни велат дека сè е готово, сè е завршено, тоа треба да нè мотивира да продолжиме да се бориме, да се бориме и да го сонуваме нашиот сон за Македонија за да стане еден ден јаве. И во таа борба нема да победат ниту помногубројните ниту помоќните, туку ќе победат оние што се мотивирани и храбри, но вечерва на овој пролетен дожд гледам многу такви луѓе, мотивирани и храбри кои сакаат да победат. Затоа, ве повикувам, браќа и сестри, на 21 април заедно да ја прославиме победата на Гордана, на борецот за македонските национални и државни интереси. Доаѓа зората, изгрева зората и ја носи правдата во Република Македонија“, заврши Мицкоски.

Избори 2019

(Видео) Заев со честитки до Пендаровски: Драг Стево, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев испрати честитка по повод инаугурацијата на претседателот на државата Стево Пендаровски. Честитката ви ја презентираме во целост:

dobivaj vesti na viber

„Почитувани граѓани, денес нашата земја добива претседател – тоа е нашиот Стево Пендаровски, лидер кој ни се приклучува во водството напред, во нашата заедничка иницијатива со која ја правиме Северна Македонија убаво место за живеење. Денес Пендаровски ја презема должноста да биде претседател на сите граѓани, натпартиски, да се бори за правда и правичност и да ја претставува земјата достоинствено насекаде низ светот.

,,Драг Стево, Нека е честито, успеавме, граѓаните потврдија дека мораме да продолжиме напред, преку заедништво. Ти посакувам успех и верувам во конструктивна соработка во интерес на развојот. Сега одговорноста е голема. Те поддржувам за да им служиш посветено и праведно на сите граѓани и на нашата држава.Честитки, се гледаме наскоро во Скопје, на првото претседателско-премиерско кафе и на првиот работен состанок. Нѐ чека многу заедничка работа, за нашиот народ”, се вели во честитката на Заев.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Напладне инаугурација на Пендаровски во Собрание, ќе присуствуваат повеќе државници од регионот

Објавено пред

Новоизбраниот претседател Стево Пендаровски денеска ќе ја преземе функцијата, по свечената инаугурацијата во Собранието, по што официјално ќе започне неговиот петгодишен мандат.

dobivaj vesti na viber

На давањето заклетва на петтиот по ред претседател на земјава во 12 часот во Собранието, ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и претседателите на Албанија, Бугарија и на Косово.

Во Кабинетот на претседателот „Вила Водно”, според најавата, во 13.45 часот ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки воени и државни почести.

По свечената церемонија, предвидено е претседателот Ѓорге Иванов и претседателот Стево Пендаровски да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во кабинетот на претседателот.

Пендаровски ќе оствари билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари билатерални средби и со Срѓан Дармановиќ, министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, со Фарук Кајмакчи, заменик МНР на Република Турција и со Пјотр Вавжик, државен потсекретар во МНР на Република Полска.

Пендаровски вчера во Државната изборна комисија (ДИК) го доби уверението за избран претседател, пред неговата утрешна инаугурација во Собранието.

„По првпат, ако не се лажам, а памтам долго бидејќи имам доволен број години, од деведесетите па наваму, сите учесници во изборниот процес го признаа изборниот резултат и тоа е исклучително добра препорака за земјава. За тоа се заслужни не само моите двајца противкандидати на кои им благодарам за однесувањето во целата кампања туку и сите државни институции надлежни за организацијата, од Државната изборна комисија па сè до последниот гласачки одбор. Државата се однесуваше европски во целиот изборен процес“, рече Пендаровски.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Управниот суд пресече – нема прегласување во Ново Село

Објавено пред

Управниот суд ја одби како неоснована тужбата поднесена од ВМРО – ДПМНЕ за изборите за градоначалник на Ново Село. Тие на својата веб-страница соопштија дека го потврдуваат решението што претходно го донесе Државната изборна комисија.

dobivaj vesti na viber

ВМРО-ДПМНЕ бараше да се поништи гласањето на Избирачкото место број 1789 во постапката за избор на градоначалник на Општина Ново Село и гласањето да се повтори. Тоа го бараа оти констатирале дека во Избирачкиот список за тоа изборно место се потпишале вкупно 411 избирачи, додека во гласачката кутија биле пронајдени 412 ливчиња.

Државната изборна комисија на 11 мај го отфрли приговорот на ВМРО – ДПМНЕ за гласањето на ова избирачко место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Мицкоски: Јас бев најнапаѓан човек од Артан Груби, на Прочка се креваа дронови над куќата на мојата сестра

На денешната седница за пратенички прашања претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше прашан за актуелната тема во јавноста со апсењето...

Македонија1 час

Цвеќе во помен на Борис Трајковски – 22 години од авионската несреќа

Делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, членови на политички партии, семејството денес оддадоа почит во помен на трагично загубените животи...

Македонија2 часа

Мицкоски до Филипче: Со тоа што ги напаѓате пензионерите, само потврдувате дека сте мекото ткиво на политичката сцена

Мене ми е жал што не ја научивте лекцијата, и удирате повторно по група на луѓе кои што за време...

Македонија3 часа

„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма

Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје. „Со нас...

Европа4 часа

Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се...

Македонија4 часа

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со...

Регион5 часа

Дачиќ на респиратор, состојбата е сè уште многу сериозна: „Прерано е за било какви прогнози“

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ беше хоспитализиран вчера поради пневмонија и неговата состојба е оценета како многу сериозна....

Свет5 часа

Продолжуваат преговорите за крај на војната во Украина: Трамп му наредил на американскиот тим да се обиде да го спречи убивањето

Американскиот претседател Доналд Трамп му наредил на американскиот преговарачки тим за разговори за завршување на војната во Украина да се...

Македонија5 часа

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во официјална посета на Македонија

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, од денес до сабота престојува во официјална посета на земјата. Бегај денеска ќе се сретне...

Македонија5 часа

„Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби и дали поранешните функционери на СДС се исплашени од неговите искази“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Соработката и партнерството на СДС со екс вицепремиерот Артан Груби излезе на површина. СДС со години молчеа и го толерираа...

Македонија6 часа

„Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома“, велат од Левица

„Фарсата на ДПМНЕ и Артан Груби оди дотаму што, првично, дури ни самиот Груби не пријавил дека се чувствува небезбедно....

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и...

Свет6 часа

Клинтонови ќе сведочат за врските со Епстин по заканата со санкции

Четвртина век по напуштањето на Белата куќа, Бил и Хилари Клинтон се само неколку часа од нова правна пресметка со...

Свет7 часа

(Видео) Бројот на жртви во поплавите во Бразил се искачи на 46: потрагата по исчезнатите е во тек

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во бразилската држава Минас Жераис се искачи на 46, соопштија пожарникарите во среда. Поплавите...

Регион8 часа

„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ

Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот...

Регион8 часа

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, во тешка состојба

Српскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер Ивица Дачиќ вчера вечер беше хоспитализиран со билатерална пневмонија, тој е во сериозна...

Македонија21 час

Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик

По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од...

Македонија21 час

Преживеаните музичари од „Пулс“ сведочеа дека не виделе кој ги наместил и активирал прскалките кобната ноќ: „Пожарот почна на рефренот, тргнав кон врата која беше заклучена“

Со опис на првите искри, паниката и стампедото во кое животот го загубија 63 лица, денеска продолжи судењето за пожарот...

Македонија23 часа

Петрушевски: Тужбата за клевета нема да го испере Заев, стојам зад секој кажан збор

Тужбата за клевета нема да го испере Заев, ниту ќе ја сокрие вистината, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, по...

Македонија1 ден

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели,...