Контакт

Култура

Агенцијата за филм: Министерството за култура утврди дека нема конфликт на интереси

Објавено пред

Инспекцискиот надзор на Министерството за култура, кој постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатира дека се неосновани, соопшти Агенцијата за филм. Од таму додаваат дека Државниот управен инспекторат ќе даде предлог антикорупциската да ја стопира истрагата за конфликт на интереси.

„Врз основа на утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор не е констатирано дека од страна на пријавените лица Бранко Петровски (во својство на член на Филмскиот совет и финансиски советник) и Ана Василевска (во својство на член на Филмскиот совет и рецензент) е сторена повреда на одредбата од член 54 од Законот за филмската дејност, односно не е утврдено нивно учество на конкурсите на Агенцијата за филм со свои проекти. Во меѓувреме, во согласност со со член 22 став (2) од Законот за филмската дејност, на 10.7.2020 година, од страна на в.д. директорот на Агенцијата за филм, именувани се нови членови на Филмскиот совет на местото на горенаведените лица“, се наведува во соопштението.

Оттука, додаваат од Агенцијата за филм, имајќи ја предвид утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор, инспекторот ја запре постапката.

Од Агенцијата соопштија и дека Петровски и Василевска доброволно отстапиле од Филмскиот совет со цел конкурсот да биде завршен, без и најмал сомнеж кон неговата исправност.

„Со ова утврдување на инспекцискиот надзор се докажува исправноста на работата на Агенцијата за филм, како и за работата на нејзиниот директор Горјан Тозија, а од друга страна, се става под сомнеж целиот обид од страна на институциите за дискредитирање на неговата работа по барањето од страна на Милчо Манчевски до Министерството за култура и ДКСК. Инспекторите, меѓу другото, ги отфрлаат сите други точки по пријавата на Милчо Манчевски, а се однесуваат на ангажманите на новинарката и филмска критичарка Ана Василевска“, соопштија од Агенцијата за филм.

Култура

Концертот на турските уметници на Охридско лето се префрла во црквата „Света Софија“

Објавено пред

Поради временските непогоди и врнежите што се очекуваат во вечерните часови, концертот на Озџан Улуџан – виолина и Бирсен Улуџан – пијано, од Турција, кој во рамките на фестивалската програма на Охридско лето требаше да се одржи во предворјето на црквата „Света Софија“ се префрла внатре во црквата „Света Софија“.

„Според дозволата и насоките добиени од Комисијата за заразни болести, протоколот за вечерашниот концерт предвидува гледалиште од 30 места во согласност со просторот за раздалеченост од два метра, како и строго почитување на сите мерки за заштита, носење маска, дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца за време на влез и излез од црквата. Исто така, препораките добиени од Комисијата за заразни болести предвидуваат концертот на турските уметници да се одржи со отворени врати на црквата Света Софија“, соопштија организаторите.

Почетокот на концертот е во 21 часот.

Прикажи повеќе...

Култура

Отворено 60. јубилејно издание на Охридско лето

Објавено пред

Со концерт со наслов „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“, посветен на нашата оперска примадона Ана Липша-Тофовиќ, во изведба на солистите Марија Јелиќ – сопран, Дарио ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран, во пијано-придружба на Миливое Велиќ, вчера, во Античкиот театар во Охрид свечено беше отворено годинешното 60. јубилејно издание на фестивалот Охридско лето.

Министерот за култура, Хусни Исмаили, рече дека фестивалот Охридско лето денеска е многу повеќе од очекувањата на неговите основачите пред 60 години, но и од нивните соништа за фестивал кој ќе биде уметнички амблем на Северна Македонија на уметничката светска арена.

„Фестивалот Охридско лето, кој оваа година бележи значаен и величествен јубилеј, не се мери веќе со годините на неговите изданија, туку се мери со уметничките успеси што ги носи секоја година. Фестивалот низ годините израснал од ентузијазмот и љубовта на многу луѓе, кои можеби вечерва и не се меѓу нас, но со нивната посветеност овозможија тој да опстои повеќе од половина век и да создава уметници што би ги посакувала секоја светска сцена“, рече министерот Исмаили.

Фестивалот за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој упати честитки за шестдецениското опстојување, во кое, како што истакна, врвни македонски, европски и светски уметници нѐ почестија со својата извонредност, тука, во Охрид.

„И од тука ја промовираа македонската култура и, воопшто, вредностите на нашиот народ и држава. Ова достигнување е заслуга на генерации културни работници и поддржувачи, кои со својот труд и со посветеноста се вградија себеси во мисијата на овој фестивал“, рече претседателот.

Јубилејното фестивалско издание првпат од 1961 година се одржува надвор од вообичаениот термин и ќе трае од 4 до 30 август со строги придржувања кон протоколите за заштита од ширење на Ковид-19.

Во текот на фестивалските денови на отворените сцени на Античкиот театар, Долни Сарај, предворјето на „Света Софија“, ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, како и голем број домашни уметници. Музичката програма на Охридско лето годинава содржи 26 концерти, од кои два во фестивалската оф-програма.

На фестивалот ќе настапат реномирани музичари од Русија, САД, Шпанија, Турција, Косово, Италија, Албанија, Германија, Франција, Чешка, како и уметници од домашната музичка сцена.

Драмскиот дел од програмата, пак, ќе понуди театарски креации од домашните театарски куќи.

Шестдецениското опстојување и успешниот пат од едновечерен концерт до манифестација со врвен светски уметнички дострел, фестивалот Охридско лето ќе биде одбележан и со промоција на монографијата „Фестивалска приказна“.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ на 60. издание на Охридско лето

Објавено пред

Со претставата „Човек, ѕвер и доблест“ од Л. Пирандело, во режија на реномираниот Егон Савин, НУ Театар „Комедија“ ќе земе учество на годинешното 60. издание на фестивалот Охридско лето, кој беше отворен синоќа.

Претставата беше премиерно одиграна на сцената на Театар „Комедија“ на 23 декември минатата година, а во неа играат: Атанас Атанасовски, Сашо Ристовски, Сашка Димитровска, Жарко Димоски, Жаклина Стевковска-Дрнасин, Ева Скендеровска, Тони Денковски и Кристина Ласовска.

Сценографијата е на Весна Поповиќ, костимографијата е на Елена Дончева (со Ивана Каранфиловска-Угуровска како асистент), а изборот на музика и адаптацијата на текстот се на режисерот Егон Савин.

Инаку, фестивалот Охридско лето како најголема културна манифестација ги презема сите безбедносни мерки за здраствена заштита за реализација на годинешната јубилејна програма.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет2 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет4 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет6 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија8 часа

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија8 часа

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион9 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија10 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија11 час

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија11 час

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет13 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет14 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет14 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет14 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет1 ден

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет1 ден

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет1 ден

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион1 ден

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет1 ден

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија1 ден

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Досие