Контакт

Актуелно

Адеми во Турција отвори изложба по повод 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул

Објавено пред

Во рамките на посетата на Турција, министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на отворањето на изложбата на артефакти од Музејот на Град Скопје, која е организирана во соработка со Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул.

Од ресорното министерство информираат дека изложбата е поставена во Културниот центар „Али Емири Ефенди” во Истанбул, а е насловена „Скопски материјални и духовни проблесоци“ и содржи фотографски прикази на артефакти од средновековниот и турскиот период што потекнуваат од поширокиот простор на скопската тврдина и чаршија.

„Примарен мотив на изложбата е негата на културните врски и корелации меѓу граѓаните на Македонија и Турција, наедно и одбележување на 15-годишнината од збратимувањето на Скопје и Истанбул, како и интензивирање и продлабочување на соработката од областа на културата“, појаснуваат од Министерството за култура.

Во рамките на настанот, концерт одржало музичкото дуо „Скупи“, кој бил проследен со особен интерес од страна на присутните гости.

Владите на двете земји во изминатиот период потпишаа Договор за основање и активности на културните центри. Во согласност со Договорот, Република Македонија добива простор во зградата „Сејран“ која има статус на културно наследство и се наоѓа на плоштадот Таксим.

Република Турција го добива на привремено користење „Куршумли ан“ во старата скопска чаршија, коj ќе биде и комплетно реставриран. Отворањето на културно-информативните центри е една од низата активности чија цел е продлабочување на културните врски меѓу двете држави.

 

Актуелно

Катица Ќулавкова е добитник на меѓународната награда „Антево слово“ во Италија

Објавено пред

Академик професор Катица Ќулавкова е добитник на првата награда на меѓународниот конкурс „Антево слово“ 2018/19 година кој се одржува во Сицилија, Италија.

По објавениот повик за испраќање  песна по слободен избор за учество на вториот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“, се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија со своите дела.

Наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид која се доделува за македонски автор надвор од нашата држава. Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија „Парнас – награда на Анџело ла Векија“ е создаден со цел да се прослават и овековечат преку „Возвишената поезија“ духот, душата, суштината и есенцијата на животот во Каникатската секуларна академија на Парнас. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко.

Жирито во кое членуваат претставници од семејството на доаенот на македонската поезија Анте Поповски, како и еминентни претставници од книжевната/литературната област во Македонија и организаторот на меѓународниот фестивал Анџело ла Векија, односно: Томислав Османли, Геро ла Векија, Митко Гогов, Александар Поповски и Жорж Поповски одлучија да ги номинираат сите триесетина автори, а со тоа и застапат сите оние кои беа претходно објавени на страната на Меѓународната поетска манифестација „Анџело ла Векија“.

Песната „Eпистулa до Јулија, ќерката на Октавијан“ на проф. Катица Ќулавкова е компаративна поетска лирика која освен што нуди историографско патување, доловува емоционален авторски бран што ги текстуализира и истражува основните битови прашања на постоењето. Таа умешно и со доза на нежност ги обмислува преку поетскиот глас исконските, суштински догледи, еманципирачки и со длабок вознес.

Вората награда ја доби Ѕвонко Танески, а третата ја делат Раниа Орфанакоу од Грција и Александра Велинова. Специјални награди за учество добија и Александар Наумоски, Наташа Сарџоска и Филип Фиданоски. Доделувањето на наградите, проследено со поетски читања во спомен-собата на Анте Поповски во Македонија ќе се реализира во втората половина на февруари.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија

Објавено пред

Балканската филмска и театарска сцена вчера изгуби двајца познати актери.

Српскиот актер Марко Николиќ почина на 73-годишна возраст во болница во Белград, објави РТС. Неговата ќерка, исто така актерка, Мина, објави на „Фејсбук“ заедничка фотографија со него на која пишува 1946-2019.

Марко Николиќ беше роден во Краљево на 20 октомври. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Беше член на Народниот театар од 1970 година.

Телевизиска слава стекна со улогата на Гига Моравац или Драгиша Попадиќ во телевизиската серија „Бољи живот“, како и сo улогата на Караѓорѓе.

Вчеравечерта ненадејно почина и хрватскиот актер Иво Грегуревиќ на 66-годишна возраст во Загреб. Тој беше роден во Долна Махала кај Орашје во 1952 година. Студирал на Академијата за драмски уметности во Загреб. На филмското платно дебитирал во 1977 година во филмот „Не нагињи се ван“.

Одиграл многу главни улоги, меѓу кои и во филмот „Чаруга“, а на сцената во театарот глумел во драми на Шекспир, Чехов, Гогољ…

Прикажи повеќе...

Актуелно

Предновогодишен концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“ во КИЦ на РМ во Софија

Објавено пред

Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечерва, со почеток од 18:30 часот ќе се одржи предновогодишниот концерт „Мала Италија патува со Павле Камилоски“. Солистот Павле Камилоски ќе настапи во пијано-придружба на Горан Начевски.

„Мала Италија патува со Павле Камилоски“ е проект посветен на музиката и создаден од љубовта кон звуците на класиката, медитеранската музика, романтичните шансони, канцони и шпански песни. Приказната на „Мала Италија“ е почната пред пет години и брои пет прекрасни концерти на различни локации во Скопје. Мотивација за проектот е Павле Камилоски и неговата вродена љубов и талент кон медитеранската музика и безвременските музички творештва.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет9 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија9 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени12 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија12 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија12 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија14 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија14 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија16 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија16 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт16 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија16 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ17 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион18 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија20 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие