Култура
„Актерот на Европа“ во Преспа

Годинешното 18-то издание на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа 2020“, ќе го има своето официјано отворање, како и секоја година, пред „Сарајот“ во Ресен, еден од најзначајните културно-историски обележја на Преспа и пошироко.
На свеченотоста за добитник на главната награда актер на Европа 2020 ќе биде прогласена познатата актерка Арта Доброши од Косово.
Фестивалот „Актерот на Европа“, кој традиционално се одржуваше од 6 до 11 јули, оваа година ќе се одржи во периодот помеѓу 25 и 30 август. Ова одложување се должи, пред сè, на ситуацијата што настана со глобалната пандемија на Ковид-19, па соодветно на тоа сите настани на фестивалот ќе се одржуваат на отворено, со сите безбедносни мерки, во согласност со протоколот на Владата.
Познато е дека овој фестивал почна летото 2003 година кога Европскиот парламент го прогласи Преспанското Езеро за меѓуграничен европски парк меѓу Македонија, Грција и Албанија.
Со ова престижно признание Арта Доброши своето име ќе го вгради во европската меморија на Балканот покрај имињата на досегашните добитници, како што се Љуба Тадиќ (Србија), Јон Карамиитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија), Селма Алиспахиќ (БиХ), Марија До Сеу Гера (Португалија) итн.
Фестивалот свечено ќе биде отворен со стиховите од класиците на македонскта, грчката и на албанската поезија, а потоа ќе следуваат поздравните говори на градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, почесниот претседател на фестивалот, Бранислав Мичуновиќ – Жага, претседателот на интернационалното жири, Мето Јовановски, и ректотот на Интернационалниот универзитет „Европа прима“ и претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Скопска премиера на „Нова енергија“ во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ на фестивалот „Ѕирни“

Вечерва, со почеток од 19:30 часот на платото пред Дом на АРМ – Скопје, во организација на Кафе и филм КОТУР се отвора седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“.
Фестивалот ќе се одржи од 29 септември до 6 октомври на платото пред Дом на АРМ и во Кафе и филм КОТУР.
Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Ѕирни“ (www.dzirnifestival.com). Влезот за сите проекции е слободен, но поради органичениот број на седишта потребно е да подигнете билет од КОТУР.
По секоја филмска проекција следува разговор со авторите модериран од Дениз Абдула.
Фестивалот ќе биде отворен вечера со почеток во 19:45 со проекција на „Нова енергија“ во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ.
„Нова енергија“ ја следи приказната на две најдобри пријателки кои си даваат поддршка една на друга во справувањето со предизвиците од токсичните врски. Ева ѝпомага на својата пријателка Марија да се пресели по раскинувањето, тивко криејќи дека и самата се соочува со слична емоционална борба. Не сакајќи да ја оптовари Марија, таа ја задржува својата болка во себе — сè додека притисокот не ја совлада и не доведе до паничен напад и посета на болница. Кога Марија ја открива вистината, нивното пријателство добива ново значење, претворајќи се во извор на утеха, поддршка и исцелување.
Култура
Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 𝟤𝟢𝟤𝟧 година

Централниот настан на осмото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ ќе се одржи на први октомври (среда) со почеток во 19:00 часот во прекрасниот амбиент на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.
На почетокот на вечерта, присутните ќе имаат можност да проследат куса аудио снимка изворно со гласот на Анте Поповски. Динамично осмислената програма ќе ја води Александра Јуруковска, која најпрво ќе презентира кус приказ на најважните карактеристики кои му дадоа белег на годинешниот конкурс.
За естетските вредности на збирките на добитнците на традиционалните поетски награди, „Антево перо“ „Антев златник“ и „Антев часовник“, во продолжение ќе се осврне членот на жири-комисијата д-р Атина Цветаноска, по што ќе следи и врачување на наградите. Публиката ќе проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават годинешните лауреати и авторите кои беа селектирани во потесниот избор за наградите.
На крајот од вечерта Жорж и Александар Поповски од Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски ќе ги презентираат активностите во рамки на целата Манифестација.
Култура
Октомвриската програма на Кинотеката: филмска ризница меѓу традицијата и современоста

Кинотеката на Македонија и овој октомври нуди програма која на јасен начин сведочи за нејзината улога како централна институција на филмската меморија и културното сеќавање во земјата. Преку внимателно селектирани проекции, репертоарот гради мост меѓу јстарите традиции на кинематографијата и современите изрази, покажувајќи ја динамичната врска помеѓу историското и актуелното, помеѓу локалното и глобалното.
Месецот започнува со содржини од Фестивалот на нем и класичен филм. Токму преку оваа перспектива, Кинотеката ја истакнува континуираната важност на архивското кино како културен документ и како естетска матрица што постојано се реинтерпретира.
Во рамките на програмата, ќе биде оддадена почит на неодамна починатиот актер и холивудска легенда Роберт Редфорд, чија кариера го дефинираше модерниот американски филм од втората половина на 20 век. Неговата актерска и продуцентска дејност отвори пат кон нови наративи, а неговото присуство во киното претставуваше симбол на харизма, интегритет и авторска визија.
Современата светска кинематографија е претставена преку избор на култни филмови кои ја одбележаа поновата филмска историја: францускиот „Омраза“ (La Haine) на Матје Касовиц, силна социјална драма која останува актуелна и денес; експлозивниот и стилски радикален „Убиј го Бил“ на Квентин Тарантино, кој ја демонстрира постмодерната игра со жанровите; и поетичната интимност на „Изгубени во преводот“ на Софија Копола, филм кој ја постави новата естетика на меланхоличниот урбан минимализам.
Особено место имаат и македонските филмови – од реставрираната класика „Македонска крвава свадба“, која како темел на националната кинематографија и натаму го задржува својот културен и симболички капитал, до чествувањата на значајни јубилеи: 45 години од „Оловната бригада“ (1980) и 50 години од „Јад“ (1975), двата во режија на Кирил Ценевски – автор кој со својот творечки опус изгради специфичен визуелен и идеолошки јазик. Со нивното повторно прикажување, Кинотеката не само што потсетува на клучните дела од историјата, туку ги репозиционира во современиот културен дијалог.
Октомвриската програма вклучува и проекции на „Волчја ноќ“, кој оваа година одбележува 70 години од своето создавање, како и други дела што го обликуваа профилот на македонската кинематографија: „Среќна Нова 1949“ на Столе Попов, „Денови на искушение“ на Бранко Гапо и „Ангели на отпад“ на Димитрие Османли.
Истовремено, репертоарот нуди и увид во поновите македонски продукции, кои ја рефлектираат динамиката на современите теми и жанрови: „Војната заврши“ на Митко Панов, „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, „Џган“ на Вардан Тозија, „Снежана на крајот умира“ на Кристијан Ристевски и урбаниот омнибус „Скопје ремикс“ на колективот Ново Македонско Видео. Овие остварувања ја претставуваат македонската кинематографија како поле на жанровска разновидност, креативна енергија и уметничка храброст.
Покрај редовниот репертоар, Кинотеката ќе биде домаќин на Фестивалот на етнолошки филм, Деновите на словенечки филм и Ехо фестивалот, со што програмата добива дополнителна интеркултурна димензија. Тие манифестации ја отвораат Кинотеката кон поширокиот регионален и европски контекст, нагласувајќи ја идејата за киното како точка на културна размена и дијалог.
Со ваквиот избор, октомври во Кинотеката се позиционира како месец на културна платформа што го артикулира значењето на филмот како уметност и меморија, како медиум што го чува минатото, го коментира сегашното и го предвидува идното.