Контакт

Култура

„Антево слово 2024“ – свечено доделување на наградите

Објавено пред

На 10 јули 2024 година (среда), со почеток во 19 часот, во спомен-собата на Анте Поповски во Центарот за култура во општина Ѓорче Петров, ќе се одржи седмото издание и официјално доделување на наградите „Антево слово“, кои се дел од меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia) за најдобра поетска творба во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски – „Антево слово“.

dobivaj vesti na viber

Во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, наградата „Антево слово“ е конституирана како дел од оваа меѓународна манифестација, која се одржува секоја година во градот Каникати на Сицилија, Италија, а воедно и прва од ваков вид што се доделува за македонски автор надвор од нашата држава.

По објавениот повик за испраќање песна по слободен избор за учество на седмиот меѓународен конкурс и доделување на наградата „Антево слово“ на македонски и италијански или англиски јазик, со свои дела се пријавија повеќе од 100 поети од Македонија и Англија, Албанија, Бугарија, Тунис и Кипар. Годинава првата награда ја доби Македонка Божиновска, втората награда им припадна на Милена Сиљаноска и Александра Спасеска, третата награда ја делат Рекио Фебија од Италија и Антева Темјана, односно Силвана Димитриевска, наградата за млад автор на годишниот поетски конкурс е Васја Мицковски.

На свеченото доделување на наградите ќе присуствува Геро Ла Векија, а оваа година ќе се доделат наградите и за добитниците од изминативе пет години. Лауреати носители на наградата „Антево слово“ се: Томислав Османли, Катица Ќулавкова, Драгана Евтимова, Иван Антоновски, Ива Дамјановски и Виолета Танчева-Златева. Своите наградени стихотворби ќе ги презентираат и другите наградени.

Освен наградите за авторите, ќе бидат доделени благодарници и на релевантни луѓе што му помогнале на „Антево слово“ во текот на годините. Настанот ќе го води Александра Велинова, а преводот на италијански јазик ќе го проследи Маја Божиновска.

„Во апстрактниот простор – време што се приближува неверојатно до сите луѓе без најмала разлика не само на пол, вера, националност, возраст, но исто така и во своето постоење и непостоење, поезијата успева да биде ’медиум’ во ’континуитет’ помеѓу земјата и небото, помеѓу телото и душата, меѓу прагматизмот и утопијата. Целта на овој конкурс е да се шири културата на чувства, емоции, страсти, знаење во текот на целиот живот и реализирање на ’експресивната слобода’, која е од суштинско значење и привилегија за секој современ општествено ангажиран човек“, изјави Митко Гогов од здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, кој во соработка со фамилијата на Анте Поповски и меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ ја утврди оваа награда.

Сите учесници имаа можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија (Angelo La Vecchia), познат на Сицилија и на територијата на Италија со својата работа како поет, драмски писател, историчар и професор, и наградата „Антево слово“, која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Култура

Друштвото на филмските работници: Македонија остана без национален кандидат за „Оскар“, македонскиот филм заглавен во кал

Објавено пред

Македонскиот филм е заглавен во кал. Не се сервисираат проектите што се во развој, во продукција или се завршени. Нема нови проекти, прекинати се или се загрозени речиси сите регионални и меѓународни соработки, а Македонија годинава нема да има ни кандидат за „Оскар“, едноставно затоа што нема филм што ги исполнува прилично едноставните услови пропишани од Американската академија за подвижни слики, уметност и наука. Ова го истакна Дриштвото на филмските работници (ДФРМ) преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од тука велат дека погубните деструктивни политики, мотивирани од незнаење, поточно елементарно непознавање на филмската дејност и реваншизмот кон оние што со години се борат за подобри услови за производство на филм, ја доведоа македонската кинематографија до колопас.

„Покрај безумните и нелогични кратења кон најголемиот амбасадор на нашата култура – филмот, овие состојби се и последица на она на кое јавноста е сведок веќе подолго време – очајната ПР-капмања што се води против Друштвото на филмските работници токму од оној за кого не важат правилата, законите, професионална етика и принципот на колегијалност. Друштвото на филмските работници на Македонија стана предмет на подмолни анонимни пријави за набргу потоа да се обелодени нивниот подносител и автор. А само затоа што ДФРМ и фелата отворено и недвосмислено станаа против добивање државни средства на сметка пред завршување на конкурсните процедури пропишани со законот, против испумпување милионски суми пари на сопствени сметки надвор од земјата за наводен равој или промоција, како и против неколегијалното однесување, саможивноста и алчноста“, се вели во соопштението на ДФРМ.

Друштото очекува дека институциите на системот ќе се охрабрат и, како што велат, ќе ги расветлат и казнат криминалите што со години тежат и го влечат македонскиот филм во бездна.

 

Прикажи повеќе...

Култура

Пијано-дуото Марија Ѓошевска – Славица Мицовска со целовечерен концерт на Охридско лето

Објавено пред

Програмата на 64. „Охридско лето“ вечерва продолжува со концерт на пијано-дуото Марија Ѓошевска и Славица Мицовска –Смилевска што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

dobivaj vesti na viber

Марија Ѓошевска е една од најистакнатите пијанистки во нашата земја. Дипломира, магистрира и докторира на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог проф. Борис Романов. Добитник е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на сите реномирани фестивали во Р.С. Македонија но и надвор од неа во: САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција итн. Настапува како солист со Филхармонијата на Р:С. Македонија, а значајни се и концертите со Симфонискиот оркестар во Дубровник, Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија и фестивалскиот оркестар на „Охридско лето” соработувајќи со повеќе домашни и странски диригенти. Често настапува како камерен музичар и пијано соработник со истакнати инструменталисти. Ѓошевска е еден од македонските учесници во проектот „Пијано – рефлексија на европската култура” со концерти во пет земји: Франција, Австрија, Полска, Молдавија и Р.С. Македонија.

Марија Ѓошевска е редовен професор и раководител на катедрата за клавишни инструменти и харфа и раководител на трет циклус – докторски студии за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.

Славица Мицовска-Смилевска завршува основно и средно музичко училиште во МБУЦ „Илија Николовски -Луј”во Скопје, во класите на проф. Ј. Митревска и проф. М. Влаисављевиќ. Дипломира на одделот по пијано на Музичката академија во Софија, во класата на проф. Жени Захариева, каде и магистрира во 2004 година. Во 2019 година ги завршува докторските студии на ФМУ под менторство на професорката Захариева. Посетувала повеќе семинари кај истакнати професори и педагози. Учествувала на голем број натпревари на државно и меѓународно ниво, каде се стекнала со повеќе награди. Остварила концерти како солист, камерен изведувач и корепетитор во земјава, но во Бугарија, Грција, Србија. Австрија, Малезија, Франција.

Во моментот работи како редовен професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Прикажи повеќе...

Култура

„Милк“ на Стефани Колк со награда за најдобар долгометражен филм на „Бич филм фестивал“ во Охрид

Објавено пред

„Милк“ во режија на Стефани Колк ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на овогодишното издание на филмскиот фестивал „Бич филм фестивал“  што по седми пат се одржа во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ја објави листата на наградени филмови:

  • „Голем бран, најдобар долгометражен филм – “Milk” во режија на Stefanie Kolk
  • Special Mention, најдобар долгометражен филм – “Pelican” во режија на Nikolina Bogdanović и Filip Heraković.
  • Мал бран, најдобар краткометражен филм – “How to be a human being” во режија на Jorė Janavičiütė
  • Најдобар краткометражен студентски филм според публика – “Quiet Drive” во режија на Savvaa Dolomanov
  • Стефан Сидовски Сидо, најдобро актерско остварување – Julie Ledru од филмот “Rodéo”
  • Special Mention, најдобро актерско остварување – Liber Ágoston од филмот “Summer to come”
  • Special Mention, најдобар краткометражен филм – “The walk” во режија на Елеонора Венинова“, објави фестивалот.

Фестивалот понуди богата програма за филмските љубители во изминатите пет дена, прикажувајќи европски наслови на плажите Славија и Сараиште во Охрид, Младински Центар Охрид и на бродот „Армада“.

„Бич филм фестивал Охрид“ беше затворен вчера со македонскиот филм „Те дуа жими мене“ од Марјан Гавриловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Тошковски тврди дека не крие имот, Јанушев вели дека не постои никакво подарено земјиште туку имало погрешно внесени податоци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и генералниот секретар на Владата Игор Јанушев тврдат дека не кријат имот, по обвинувањата...

Македонија2 часа

(Видео) „Немојте да го разочарате народот“ – За Мицкоски заменик-министрите се нови лица во политиката, кои може да донесат нова енергија

Наследивме опљачкана држава, но ќе победиме и ќе донесеме подобри денови за граѓаните, истакна премиерот Христијан Мицкоски, еден месец по...

Свет3 часа

„Те следам, малечка“: првата порака на Бајден до Камала Харис по повлекувањето од кампањата

Американскиот претседател Џо Бајден ѝ се обрати на Камала Харис преку конференциски повик за време на нејзиниот состанок со персоналот...

Топ4 часа

Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Шеесет и седумгодишен маж од Џепчиште, кој управувал велосипед, загина кога во него се забил џип со швајцарски регистерски ознаки...

Македонија4 часа

(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција...

Македонија5 часа

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната влада, ќе биде готов до Нова година. Денес,...

Македонија5 часа

Состојбата со издавање лични документи се стабилизира, управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска, беше во посета на Одделот за граѓански работи, каде што одржа работен состанок...

Топ7 часа

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за шверцување разна стока

Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за шверцување разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Свет8 часа

Осуммина повредени од удар на гром, три деца се во животна опасност во Германија

Осум лица се повредени во удар на гром за време на силното невреме што вчера го погоди Делменхорст во Долна...

Македонија8 часа

Собранието ќе избира заменик-министри; „Влен“: Нашите кандидати се без дамка на корупција

Собранието, денеска, ќе ја одржи 11. седница, на која треба да бидат изгласани заменик-министрите во Владата за комплетирање на владиниот...

Македонија8 часа

(Видео) Активни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека околу 12:00 часот започнат е пожар во атар на с.Алгуња, Маало Голиновци. Со пожарот е...

Македонија24 часа

Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали

Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“  за зрачна терапија на...

Македонија1 ден

Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и на министрите. Највисока нето-плата зема претседателот на Владата, Христијан Мицкоски –...

Македонија1 ден

Таравари: Вработувања во здравството ќе има, но покачување плати, да бидам искрен, тешко до крајот на годинава

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе преговара со синдикатите за нивните барања за нови колективни договори во здравството, но она...

Македонија1 ден

Пандов: Затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат, седум години не е направена контрола

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број...

Македонија1 ден

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и во Преспа

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули) спровеле вонредни заселени контроли...

Свет1 ден

„Тајм“ објави нова насловна по повлекувањето на Бајден, ѝ ја посвети на Камала

Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница по повлекувањето н Џо Бајден од трката за претседател на САД. Се чини дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и...

Свет1 ден

Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува тешката, но силна одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Македонија1 ден

СДСМ: Скапи билети и бизнис-класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

Според СДСМ, скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра...