Контакт

Книги

„Антолог“ со четири нови книги за деца за весели празнични денови

Објавено пред

Четири нови книги за деца излегоа во продажба во издание на скопската издавачката куќа „Антолог“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за илустрирани изданија за читатели од разна возраст, кои се идеален избор за подарок по повод празниците и кои неделава во рамките на Неделата на книги за деца ќе се продаваат со ексклузивен попуст од 20 %.

„Во ‘Антолог’ годинава ја заокружуваме со многу акции, саеми и подароци за нашите читатели. Имаме специјални понуди за секого и за сечиј вкус. Многу нови книги од сите жанрови ве чекаат во нашите книжарници и на предновогодишните саеми на книгата. Не ги заборавивме ни децата, највредните читатели. За нив, имаме нови сликовници и пакетчиња полни радости!“, велат од издавачката куќа.

Со слоганот „Нека трепка!“ следниве четири книги за деца ќе донесат радости и насмевки кај најмалите читатели:

– илустрираната сликовница „Мимбо Џимбо и долгата зима“ од авторот на „Неверојатната приказна за џиновската круша“, Јакоб Мартин Стрид,
– научнофантастичната бајка за деца „Сонот на Ѕуница“ од турската авторка Филиз Оздем,
– емотивната приказна „Леле, ми се скрши срцето!“ од една друга турска авторка, Елиф Јемениџи,
– забавната авантура „Амелија Вампирозабовска и варварскиот бал“ од Лора Елен Андерсон.

Сликовницата „Мимбо Џимбо и долгата зима“ е како создадена за овие студени денови и ја раскажува приказната за проблемот што ги снаоѓа веселото слонче Мимбо Џимбо и неговите пријатели. Наместо долгоочекуваната пролет, одеднаш доаѓа зимата, и тоа преку чудни снежни наноси што никогаш не биле видени во Африка. Кој е виновен и што да се прави сега? Како пријателите да го натераат Зимскиот Дух да отпатува назад кон Северниот Пол и да ги спаси животните од студ? Прекрасна авантура со текст и илустрации на Данецот Јакоб Мартин Стрид.

Објавена со поддршка на Данската фондација за уметност.

„Сонот на Ѕуница“ е сликовница за деца од 3 до 8 години. Приказната се испреплетува околу разни теми: верност, љубов, пријателство, но и смрт, разделба и осаменост, сето тоа преку игрите меѓу сонот и јавето на малечката Ѕуница. Фосфорни езера, црвени риби, прекрасни сини карпи, мистериозен даб, магичен замок; паѓање, летање, трчање и секако гласот на мајката – детскиот сон е најубавата земја во светот. Секое дете треба да го посети светот на Ѕуница!

Главниот лик во „Леле, ми се скрши срцето!“ е Мила, девојче што живее во синобело егејско гратче полно со маслинови дрвја. Бидејќи нејзините другарчиња одбиваат да играат со неа, нејзиното мало срце се крши. Книгата со хумористичен тон му ги претставува на читателот разните начини на кои Мила се обидува да го зацели своето срце. Преку неа богатите медитерански предели ќе ви ги стоплат срцата. Проблемите, како што се вознемиреноста и тагата, може да бидат збунувачки за малите деца. Со оваа приказна децата ќе ги препознаат своите чувства одблиску и ќе ја откријат важноста на споделувањето и дружењето.

Преводот на овие две книги е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Турција во рамките на ТЕДА.

Во „Амелија Вампирозабовска и Варварскиот бал“, пак, ја запознаваме Амелија, која сака да си игра брканица со гоблини и да го гушка своето милениче тиква, Тиквичка. Мрази кога мора да оди на здодевниот Варварски бал организиран од мајка ѝ и татко ѝ. И уште нешто – Амелија е вампирка. Кога разгалениот принц на Ноктурнија ќе го зароби Тиквичка, Амелија мора да го испланира неговото храбро спасување. Но, во Кралството на темнината работите не се такви какви што изгледаат…

Покрај попустите на новите изданија, „Антолог“ претставува и три оригинално спакувани пакетчиња со книги за деца по намалена цена од 1.000 денари, со кои дефинитивно ќе ги израдувате вашите најмили:

– пакетче ЧИТАЈ МИ! (за деца од 0 до 6 години) – ги содржи книгите: „Мимбо Џимбо и долгата зима“, „Тино од мојот влез“, „Сонот на Ѕуница“ и „Новогодишен пречек“;
– пакетче ДА ЧИТАМЕ ЗАЕДНО! (за деца од 6 до 12 години) – ги содржи книгите: „Животот на Лота: Што блееш како овца?“, „Сафари на духот – приказни за будење на мудроста“, Кој сака да биде космонаут?, „Дете – тоа гордо звучи“ и „Златко-Златец“;
– пакетче ДАЈ МИ ЈАС ДА ЧИТАМ! (за деца од 12 до 16 години) – ги содржи книгите: „Амелија Вампирозабовска и варварскиот бал“, „Голманката и морето“, Тhe Game, „Мојата откачена мамичка!“ и „Зелените луѓе“.

Во овој претпразничен период „Антолог“ секако не ги заборава и повозрасните читатели. Освен новите изданија и акциите со намалени цени, пред публиката ќе претстави и нов креативен производ каков што досега не бил достапен на пазарот на книги во Македонија – постер за гребење (scratch off poster) со 25 читачки предизвици за 2021 година.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Можно е гласачкото ливче да биде седум-осум метри, ама ако изборниот процес е неуспешен, Владата именува повереници, предупреди Мицкоски

Одлуката на Државната изборна комисија независните кандидати да може да поднесат кандидатури за локалните избори со само два потписа од...

Топ1 час

Загина 19-годишник: со „мерцедес“ излетал од регионалниот пат Струга – Дебар

Вчера околу 23:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, во село Велешта, струшко, патничко возило...

Македонија2 часа

Со закана изнудил 1,5 милион денари, поведена истрага за едно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи против едно лице за...

Македонија2 часа

Пожарот во Влае се става под контрола, нема информации за повредени или настрадани

Пожарот на опожарените бараки во Влае се става под контрола, извести ДЗС. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на...

Македонија2 часа

(Видео) „Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен“, вели Манасиевски

„Грантот од ‘Еразмус+’ на фамозната фризерница првенствено бил одбиен, па Димова ургирала и го преиначиле во одобрен. Преку свиркачи добивме...

Македонија4 часа

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Македонија4 часа

На Табановце откриени непријавени луксузни часовници вредни 38 илјади евра

Царинските службеници на граничниот премин со Србија, Табановце – Прешево, спречија обид на српски државјанин да криумчари во ранец два...

Топ5 часа

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ6 часа

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...

Македонија7 часа

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет8 часа

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...

Свет8 часа

ОН: Бројот на неисхранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет8 часа

Анализа: Путин дури и не сака да му го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија20 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија22 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија23 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија1 ден

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија1 ден

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија1 ден

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....