Контакт

Книги

„Арс ламина“ објави шест бестселери од Агата Кристи на македонски јазик, а набргу се очекува и цела едиција од дванаесет изданија

Објавено пред

Таа е креатор на едни од најпознатите ликови во крими-литературата, Херкул Поаро, и госпоѓицата Џејн Марпл. Воедно, таа е и најпродавана авторка на сите времиња со повеќе од 70 крими-книги и збирки раскази, драми и шест новели, што ги има пишувано под псевдоним и се во жанрот романса.

dobivaj vesti na viber

Сето ова е само дел од богатата биографија на популарната авторка Агата Кристи, чии дела имаат инспирирано многубројни други писатели, како и автори на серии и филмови.

Издавачката куќа „Арс ламина“ неодамна ги објави на македонски јазик нејзините култни изданија: „Мистериозниот случај во Стајлс“, „Убиството на Роџер Акројд“, „Лорд Еџвер е мртов“, „Убиство во ‘Ориент експрес’“, „Смрт на Нил“ и „Зло под сонцето“. Набргу овие книги ќе може да се купат и како комплет во посебно дизајнирана кутија, а посебните изданија се веќе достапни во книжарниците на „Литература.мк“.

Оваа едиција ќе биде надополнета со уште шест книги од Агата Кристи, кои се во фаза на изработка: „По погребот“, „Завеса“, „Мртво тело во библиотеката“, „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“, „Десет мали црнци“ и „Златната топка и други раскази“, кои исто така ќе може да се купат како комплет во специјално дизајнирана кутија.

„Мистериозниот случај на Стајлс“ е објавен во 1920 година и е првиот роман во кој се сретнува ликот на Херкул Поаро. Дејството се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот „Стајлс корт“, каде што живеат повеќе членови од семејството на Емили Инглторп. Таа го има наследено имотот од својот прв сопруг, покојниот господин Кавендиш. Едно утро Емили ја наоѓаат мртва со голема веројатност дека била отруена, што само по себе веднаш станува мистерија.

Со романот „Убиството на Роџер Акројд“, кој излегол во 1926 година, Агата Кристи стекнува голема популарност и поширока читателска публика. Кога вдовицата госпоѓа Ферарс си го одзема животот, а богатиот индустријалец Роџер Акројд следниот ден го наоѓаат убиен во својата работна соба, во малото англиско село Кингс Абот се јавуваат уште повеќе озборувања од вообичаеното. Се слуша дека госпоѓата Ферарс си го отрула сопругот годината претходно, па дека била во љубовна врска со Акројд, а се зборува и дека била уценувана затоа што некој дознал за делото што го сторила. Но, која е причината зад убиството на Акројд? Овој случај е целосна мистерија за локалната полиција, но, за среќа, тука е прочуениот детектив Херкул Поаро.

„Лорд Еџвер е мртов“ претставува една од најинтересните криминалистички сложувалки на Агата Кристи со уште погенијален расплет. Случајот со смртта на ексцентричниот лорд Еџвер е еден од најнеобичните што прочуениот белгиски детектив Херкул Поаро мора да го реши. Сопругата на лордот, убавата американска актерка Џејн Вилкинсон, со која тој е во период на разделба, е забележана како влегува во неговата работна соба непосредно пред тој да биде пронајден мртов. Но, дали е можно таа да го убила сопругот кога истовремено била присутна и на вечера со пријателите?

Едно од најпознатите дела на Кристи е „Убиство во ‘Ориент еркспрес’“, кое има добиено многу филмувани верзии, меѓу кои последната е достапна на Ејч-би-о, а познатиот актер Кенет Брана го толкува ликот на Поаро. Романот е објавен во 1934 година, а Кристи го посветила на својот втор сопруг, Макс Едгар Лусиен Малован. Многу е веројатно дека приказната, која е делумно инспирирана и од вистинити настани, ја има создадено додека престојувала на археолошките ископини во местото Арпачија, Ирак. „Убиство во ‘Ориент експрес’“ се смета за најпознатото дело на Кристи.

Романот „Смрт на Нил“ е објавен во 1937 година и во истиот миг станува бестселер. Се работи за роман со Херкул Поаро што ја обработува темата на љубовниот триаголник, како и љубомората и предавството, па така станува и еден од најомилените на публиката. Ова дело на Агата Кристи било адаптирано за театарската сцена, а исто така има и неколку филмувани верзии, како и адаптација за радиодрама на каналот „Би-би-си 4“.

„Зло под сонцето“ е роман за кој Агата Кристи добива високи книжевни критики, доживува и неколку екранизации и адаптација за радиодрама, а во поново време и адаптација како видеоигра. Делото ги содржи сите ноти на писателското мајсторство на авторката. Тоа изобилува со духовити дијалози и ја следи нејзината специјалност за создавање сложена приказна што всушност на крајот изгледа едноставна.

Сите 6 романи на Агата Кристи се достапни во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа8 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија11 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа11 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет12 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет12 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија13 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија14 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија16 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија17 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија17 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија17 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија18 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија21 час

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ22 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет22 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет23 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...

Свет23 часа

Германија предупредува: Плановите на Трамп за Гренланд може да го загрозат НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека сојузниците во НАТО мора да соработуваат кога станува збор за безбедноста...

Свет23 часа

Конгресмен предлага закон за анексија на Гренланд

Републиканскиот конгресмен Ренди Фајн предложи закон до американскиот Конгрес со кој на САД би им се овозможила анексија на Гренланд...

Македонија1 ден

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....