Контакт

Книги

Бестселерот „Ереб“ објавен на македонски јазик

Објавено пред

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик се објави романот „Ереб“ од познатата австриска писателка Урсула Познански. Објавувањето е поддржано од Европската Унија и Министерството за култура, во рамките на проектот „Креативна Европа“. Станува збор за светски бестселер кој досега е преведен на 36 јазици. Романот од германски го преведе Катерина Јосифовска.

„ЕРЕБ е компјутерска игра. Таа те набљудува, разговара со тебе, те наградува, те проверува, ти се заканува…
Ник е опседнат со Ереб, играта што во неговото училиште се пренесува од рака на рака. Правилата се многу строги: секој има само една можност да одигра. Притоа мора да биде сам и за Ереб не смее да зборува со никого. Кој ќе ги прекрши овие правила или нема да ги исполни задачите, отпаѓа од игра и повеќе не може да почне пак. Најнеобичниот дел е што задачите на Ереб мора да се исполнат не во виртуелниот, туку во вистинскиот свет.
Штој е всушност Ереб и што бара од играчот? Може ли Erebos (Богот на подземјето) да убива? Дали мртвиот автор преку играта што ја измислил имал намера да убие за одмазда?“, германско-австрискиот издавач кога го најавува првиот дел на романот.

„Трилер на годината!“, пишува за романот угледниот германски весник „Ди цајт“.

„Волшебен роман за млади соочени со опасностите што ги крие виртуелниот свет“, пишува „Бригите магазине“ (Brigitte Magazine)

Стилот на пишување на Познански стана многу привлечен за сите генерации, иако најмногу ги привлекува младите. На многу интересен начин ги обелоденува социјалните и психолошките предизвици, како и опасностите со кои човештвото се соочува при вмрежувањето на модерниот електронски, виртуелен со реалниот свет.

Романот е наградуван повеќекратно со високи признанија, меѓу кои во 2011 година беше добитник на престижната германска награда за литература за млади Deutscher Jugendliteraturpreis, како и на наградата Jugendjury.

Урсула Познански е родена во 1968 година во Виена, Австрија. Авторка е на повеќе познати прозни дела и детски книги, но исто така пишува и филмски и телевизиски сценарија.

Романот „Ереб“ е дел од проектот на „Бата прес“ под мотото „Време е за книга“, со кој наскоро ќе бидат објавени 10 мега популарни книги за млади од реномирани и европски автори од различни земји. Проектот беше прифатен во ЕУ во силна меѓународна конкуренција. Визионерската цел на проектот е времето поминато по социјалните мрежи и на електронските уреди, младите да го заменат со читање на книги во печатена или електронска форма.

Книги

Романот „Барутни облаци“ од Бранислав Ѓорѓевски издаден на германски јазик

Објавено пред

Романот „Барутни облаци“ од македонскиот автор Бранислав Ѓорѓевски е преведен и издаден на германски јазик.

Со насловот Pulvershcwaden романот „Барутни облаци“ е издаден од страна на издавачот Бернд Е. Шолц и е поставен на најголемата онлајн-платформа за продажба на книги „Амазон“.

„Барутни облаци“ е втората книга на Ѓорѓевски, која е издадена на германски јазик. Претходно, во 2016 година, од истата издавачка куќа беше објавена неговата збирка раскази „Северно од Сонцето“.

Покрај романот „Барутни облаци“, Ѓорѓевски досега има напишано и две збирки раскази – „Сите тие краеви“ (2012) и „Северно од Сонцето“ (2015).

Прикажи повеќе...

Книги

Израелскиот поет и романсиер Амир Ор лауреат на Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Добитник на главната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2020 година е израелскиот поет, романописец и есеист Амир Ор, соопшти Управниот одбор на фестивалот.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 26 до 31 август.

Во образложението на одлуката, професорката Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, потенцира:

„Амир Ор е интригантен автор, кој доаѓа и се надоврзува на една, исклучително богата, интригантна и влијателна книжевна и културна традиција, како што е хебрејската, која себеси постојано се градела низ вековите како своевиден палимпсест и синтеза на плодоносни гео-културни вкрстувања и разновидни творечки практики.

Амир Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност.

Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: Плен – избрани песни 1977-2013 (2013), Крилја (2015) и Дете (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и Азија. Негови романи се Песната на Тахира (2001), фиктивна епопеја во стихови, и Кралството, роман за животот на кралот Давид.

Ор е добитник на повеќе израелски и меѓународни поетски награди.

Според востановената традиција, одлуката за наградата за лауреатот на Струшки вечери на поезијата се соопштува од Управниот одбор на Свечена седница, што се одржува во МАНУ, но заради почитување на мерките за заштита од коронавирусот, овојпат организаторите испратија соопштение до медиумите.

Прикажи повеќе...

Книги

Издавачкиот центар „Три“ нуди бесплатни е-книги цел месец

Објавено пред

Издавачкиот центар „Три“, со цел да им излезе во пресрет на читателите во периодот на изолација, предвреме ја става во функција својата нова специјализирана апликација за читање електронски книги Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Kniga.mk е мобилна апликација достапна за корисниците на „Иос“ и „Андроид“, која овозможува пристап до голема база електронски книги, изданија на „Три“ и „Паблишер“, достапни за купување и прелистување на сите уреди – која нуди одлично читачко искуство и можност за многу лични приспособувања.

На овој начин книгите стануваат достапни во секој дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период „Три“ издвои 20 бесплатни ексклузивни изданија од својата продукција.

Книги од домашни ексклузивци, како Венко Андоновски, Винка Саздова, Коста Петров, Ана Јовковска, и атрактивни преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk од „Ап стор“ и „Гугл плеј“.

Остануваме поврзани повеќе од кога било со светот на книгите со новата мобилна апликација Kniga.mk на „Три“!

Прикажи повеќе...

Најново

Европа55 минути

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија3 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет3 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија4 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет4 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион4 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет5 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа7 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија16 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа18 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа18 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија18 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија19 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија21 час

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет21 час

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија22 часа

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет22 часа

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Економија22 часа

Од 10 до 12 часот приоритет во банките ќе имаат лицата над 67 години

Народна банка заради заштита на јавното здравје апелира филијалите и експозитурите на банките да се посетуваат само кога тоа е...

Свет1 ден

Сопственикот на „Твитер“ издвои една милијарда долари за борба против коронавирусот

Основачот и сопственик на „Твитер“, Џек Дорси, ќе даде 1 милијарда американски долари за борба против пандемијата на коронавирус. Во...

Свет1 ден

ЕУ: Лажните вести за коронавирусот доаѓаат од Русија

Потпретседателката на Европската комисија, Вера Јурова, вели дека Европската Унија идентификувала лажни информации за пандемија на коронавирус коишто доаѓаат од...

Досие