Контакт

концерти

Бисери од православната духовна музика пред публиката на „Охридско лето“

Објавено пред

Прекрасна духовна атмосфера владееше вчеравечер во предворјето на црквата „Света Софија“ каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапи машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“ од Белград, Србија.

На големиот православен празник „Успение на Пресвета Богородица“, овој вокален ансамбл под диригентското раководство на Ѓорѓе Станковиќ изведе познати духовни композиции од православието.

„Задоволен сум од настапот, но некако сите сме во грч заради пандемијата. Пејачите беа надвор од редовниот режим веќе шест месеци и требаше да се вратат во пејачка, а и јас во диригентска кондиција. Но сметам дека го оправдавме нашето присуство. Владееше пријатна духовна атмосфера на овој голем светол ден. Да не звучам претенциозно, но на некој начин ја имавме и заштитата на Пресвета Богородица за време на концертот. Сигурен сум дека секој што беше присутен беше допрен од она што ние го избравме како репертоар. Тоа се почувствува и во поздравот на публиката преку бурните овации“, изјави маестро Станковиќ.

Според Станковиќ, уметниците во моментов се соочуваат со опстанокот на нивната професија, но како што рече, не само ним, туку и на секој човек му е неопходна духовна храна што се негува токму преку уметноста.

„Навистина се радувавме што повторно доаѓаме во Охрид. Бевме во неизвесност дали ќе се одржи фестивалот, но пријатно се изнанедивме кога ни јавија дека сепак организаторите ќе го реализираат. Тоа е навистина за пофалба, зашто колку што гледам спроведени се сите безбедносни мерки кои се препорачани, но и задолжителни.Не штедевме време и труд, само за да дојдеме во едни вакви необични околности. Во моментов се бориме за опстанокот на нашата професија зашто таа е многу експонирана и деликатна за одржување во ваков животен тек. Ние живееме од тоа, тоа е уметност. Сите треба да сфатат дека треба да живееме од уметноста. Не само што нас ни е потребна, туку на секој човек му треба духовна храна што се негува преку уметноста“, додаде диригентот Станковиќ.

Машкиот вокален ансамбл „Ноктурно“ постои веќе 15 години и е составен од професионални уметници кои ја негуваат традиционалната и духовната музика. Синоќешниот настап беше втор нивни концерт во Охрид. Во април, минатата година, во пресрет на големиот христијански празник Велигден, вокалниот ансамбл „Ноктурно“ одржа голем велигденски концерт како дел од дополнителната програма на „Охридско лето“ што беше организирана надвор од стандардниот фестивалски термин. Тогашниот репертоар беше составен според значењето на Великата Седмица во која се наоѓаше православниот христијански свет, со духовна музика од српски и руски композитори.

концерти

Шпански танц со Филхармонија

Објавено пред

„Шпански танц“ е насловен концертот на Филхармонија кој ќе се одржи в четврток (1 октомври) во 20 часот, на кој ќе бидат изведени Барокни варијации „Пасчакона“ од македонскиот композитор Благој Цанев и „Кармен свита“ од Бизе – Шчедрин.

Со оркестарот ќе диригира Емил Табаков од Бугарија.

Барокните варијации „Пасчакона“ за гудачки оркестар се напишани во стилот на необарокот како што сугерира и самиот наслов на композицијата. Делото е напишано како омаж на творештвото на Јохан Себастијан Бах, во 1985 година, по повод 300-годишнината од раѓањето на композиторот.

Во „Кармен суита“ Шчедрин успева да ѝ даде нов здив на музиката на Бизе и да создаде креативен омаж, наместо едноставен аранжман. Музиката за балетот е инвентивна и полна со енергија и активно го живее својот интернацинален живот како концертна свита.

Маестро Емил Табаков (1947) од Бугарија се смета за еден од најзначајните диригенти на овие простори. Досега реализирал повеќе од 250 симфониски и оперски записи за голем број музички куќи во Бугарија, Германија, Холандија, САД, а од нив се издвојуваат комплетните снимки на сите симфонии од Густав Малер (колекција од 15 цедеа), комплетни циклуси симфонии од Александар Скрјабин и од Јоханес Брамс, сите концерти за пијано и оркестар од Лудвиг ван Бетовен.

Прикажи повеќе...

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Македонија37 минути

Владата донесе уредба за начинот на реализирање на наставата

На вчерашната владина седница е донесена уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните...

Економија46 минути

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница, ја разгледа Информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија2 часа

Седум града со над 100 активно заразени со коронавирус

Во моментов во земјава како активни се водат 2.323 случаи на заразени со коронавирус. Од нив, во седум македонски градови...

Економија13 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија14 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион15 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет15 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет17 часа

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ18 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија18 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија19 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ20 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа21 час

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет21 час

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ23 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа24 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет1 ден

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија2 дена

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа2 дена

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Досие