Контакт

Култура

Велешкиот театар најавува спектакл – почнаа пробите за претставата „Инферно“ на Дејан Пројковски

Објавено пред

Народниот театар Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот од Велес денес ги почна пробите за претставата „Инферно“, според „Пеколот“ од Данте Алигиери, а во режија на Дејан Пројковски. Покрај режисерот Пројковски, авторскиот тим на претставата го сочинуваат: Олга Панго како кореограф, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф, Горан Трајкоски како автор на музиката за претставата, асистентка на режисерот е Марија Петреска. Во претставата учествува речиси целиот ансамбл на Велешкиот театар: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Маја Љутков, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Симона Димковска, Марија Баркова, Кристијан Саздовски…

dobivaj vesti na viber

Дејан Пројковски е еден од најзачајните режисери во регионот. Неговите режии во Нови Сад („Ана Каренина“, „Ричард Трети“), Бања Лука („Дервишот и Смртта“), Софија (Иван Вазовм „Браќа Карамазови“), Сплит (ХНК Сплит, „Орестија“), Истанбул („Ромео и Јулија“), Санк Петербург (Вера Комисаржевскаја, „Опасни врски“), Подгорица (ЦНП, „Бура“) се театарски маркери на именуваните театри и истите се закитени со најзначајните награди во регионот, додека претставата „Ана Каренина“ е најнаградуваната претстава во историјата на Новосадско позориште.

„Пеколот“ од Данте Алигиери, еден од најфасцинантните текстови во историјата на светската книжевност, за потребите на претставата ќе биде преведен во моќни и густи слики кои комуницирајќи со контекстот ќе создадат претстава во која супериорниот актерски и технички потенцијал на големата сцена на Велешкиот театар ќе биде максимално искористен. Дантевиот изворник, чии метафори зборуваат за слоевите на распадот на европската цивлизација, во претставата ќе биде толкуван преку контекстуализација на густите места и нивна транскрипција во оригинални сценски слики.

Со оваа претстава Велешкиот театар сака да се наметне како еден од најважните театарски центри во Југоисточна Европа, а за овој аргумент зборува и селекцијата на претставата на најзначајниот светски театарски настан кој ќе се случи во 2023 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со шестчасовен настан започна Европското првенство во танци 2022

Објавено пред

Со шестчасовен настан, спој на области од уметноста и сите форми на креативност на едно место, во „Ист Гејт Мол“, започна Европското првенство во танци 2022. Преку 3000 танчери од 21 земја од Европа, почнувајќи од вчера (02.07.2022), ќе слават љубов, среќа, уметност, игра и пријателството, а сето тоа преку музика.

dobivaj vesti na viber

Поентата на уличната уметност, како најслободен вид уметничко изразување, е да произлезе од потребата да се создава, па токму затоа ова несекојдневно, четиридневно „стрит арт“ и хип хоп уживање е нешто што долго му недостасуваше на Скопје.

Започна со пантомими, жонглери и кловнови, а продолжува со концертот на Балканската, музичка дива Сара Јо, која важи за една од најактивните на хип хоп сцената. Концертот е вечерва од 21 часот, во Ист Гејт Мол.

Во склоп на третиот ден, утре (04.07.2022) во СЦ Јане Сандански од 18:30 часот, ќе има „Официјална Церемонија“ на која ќе се презентираат народите, пред преставници од амбасадите на државите кои учествуваат во првенството.

Хип хоп танчерите ќе ја претставуваат својата земја на сцената, за да се доживеат, натпреваруваат и да стигнат до највисоките рангирања, а на последниот ден од првенството, во вторник (05.07.2022) со хип-хоп бетл ќе биде затворено ова неверојатно четиридневно музичко искуство.

Ова првенство е сигурно нешто што ќе го одбележи летото, вели организаторот.

Прикажи повеќе...

Култура

Костадиновска-Стојчевска: Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола континуирано се реставрира

Објавено пред

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција.

dobivaj vesti na viber

Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства.

Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари и за 2022 година се предвидени 400.000 денари.

– Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам да куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла, „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ треба да биде врежана во сите нас затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Со овие средства досега е заменета и кровната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот.

Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.

Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор.

Прикажи повеќе...

Култура

Започнаа „Битолски книжевни паметења“

Објавено пред

Во организација на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, со поддршка од општина Битола, денес започна 11. меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“. По едногодишна пауза, оваа манифестација, повторно на едно место собра учесници од 17 земји од светот, поети, писатели, критичари и нивните трудови.

dobivaj vesti na viber

Официјалниот почеток на манифестацијата го означи градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, а свое обраќање имаа и претседателката на „Битолскиот книжевен круг“, Елизабета Јончиќ и претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, професор д-р Христо Петрески. Годинава, „Битолски книжевни паметења“, вклучува тридневна програма исполнета со книжевно претставување и наградување, а дополнително е збогатена и со музички колаж, ликовна изложба и промоција на културно – историското наследство на градот.

„11 години, да се негува творештвото, да се вреднуваат лицата кои творат проза, поезија, кои перото го користат за критика, осврт, знаење, кои создаваат книги, списанија, литературни изданија е временска рамка во која негувајќи го македонскиот јазик, го негуваме нашето битие.

Деновиве, преку манифестацијата „Битолски книжевни паметења“ писатели од Битола, од Македонија, странски автори кои творат на македонски јазик, но и претставници од целиот свет, заедно ќе говорат преку мислата ставена на хартија, а дел од нив ќе бидат наградени за своите создадени дела.

Значењето на оваа манифестација е уште поголемо од аспект на културно-туристичка промоција на големото природно и историско наследство кое што го поседува Битола.

Ме радува фактот што учесниците на Битолските книжевни паметења, кои ги организира Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“, заеднички ќе ги посетат и ќе ги запаметат битолските културно-историски вредности, ќе се запознаат со убавините на Пелистер и ќе прошетаат по историската патека од Првата светска војна.

Верувам дека со оваа прошетка, Битола како вечна инспирација, повторно ќе го поттикне создавањето нови дела.

Општина Битола, и јас како градоначалник, со поддршката на оваа манифестација, продолжуваме со реализација на активности кои се дел од нашата заложба за соодветно вреднување на македонскиот литературен јазик и за зачувување на секое испишано дело, затоа што јазикот и пишаниот збор се дел од нашиот идентитет, нашата култура и нашето минато, а секако тие се основа и за градење на нашата иднина“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија3 часа

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...

Македонија5 часа

(Видео) Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и...

Политика5 часа

Османи до Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш

Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните...

Македонија7 часа

ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат...

Македонија8 часа

Илија Димовски до Османи: Замисли Бујар некој да те пристиска да потпишеш дека Ѓерг Кастриот е Србин

Членот и поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски со отворено писмо до министерот за надворешни работи Бујар Османи...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот кажа масовно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест пред Влада

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски...

Македонија11 час

СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, велат од СДСМ. Она што е...

Европа11 час

Лукашенко до Западот: Ако се осмелите да не нападнете, одговорот ќе биде моментален

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, говорејќи пред Денот на независноста на Белорусија, изјавил дека им наредил на своите вооружени сили...

Македонија12 часа

Ковачевски на средба со Мицкоски за предлогот на француското претседателство

Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, премиерот Димитар Ковачевски, денеска...

Македонија12 часа

Седница на Советот за безбедност за францускиот предлог

Денеска како што е соопштено во Кабинетот на претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност. На дневен ред...

Македонија23 часа

Асен Василев: „За македонското прашање си ја завршивме работата“

„Ние ја завршивме нашата работа за македонското прашање“, изјави во Бугарија Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“,...

Македонија24 часа

„Партизаните не преговараат со фашисти“, пред Владата се бараше „Не“ за францускиот предлог

Со пароли „Македонија“ „Фашисти“, „Уа“, „Не за ЕУ“, „У-а“, „Предавници“ граѓаните пред Владата бараа да се отфрли францускиот предлог. Тие...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија се буди а оние кои сакаат со потпис да стават крај, ќе стават

“Овде нема партија, овде е само Македонија“, порача вечерва од митингот на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата Христијан Мицкоски. „Она кое...

Македонија1 ден

Маричиќ: Имаме шанса за европска интеграција со чист македонски јазик и идентитет, без никакви условувања

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека со францускиот предлог имаме...

Македонија1 ден

Ковачевски: Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог

Се појавија многу лаги и шпекулации врзани со францускиот предлог, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Коавечвски. „Сакам да бидам кристално...

Македонија1 ден

Иванов: Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство

Поранешниот македонски претседател – Ѓорге Иванов повика да се отфрли францускиот предлог за кој смета дека е дел од подли...

Македонија1 ден

Османи: Лага е дека има фуснота за јазикот, ако не прифатиме илјадници ќе заминат, ќе има меѓуетнички тензии

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи тврди дека е лага за постоењето фуснота за македонскиот јазик во францускиот предлог и...

Македонија1 ден

ВМРО-НП: Во францускиот предлог нема ништо што го загрозува македонскиот јазик и идентитет

„ВМРО-Народна партија ја анализираше најновата и изменета верзија на „францускиот предлог“, и оценува дека во него нема ништо што го...