Контакт

Актуелно

(Видео) Во август ќе биде објавен првиот филм на Кевин Спејси по секс-скандалот

Објавено пред

Актерот Кевин Спејси се враќа на големото платно во филмот Billionaire Boys Club, што ќе биде негово прво појавување на филм по обвинувањата против него за сексуално вознемирување и признанието дека е хомосексуалец. Billionaire Boys Club е снимен пред скандалот, а во киносалите во светот ќе почне да се прикажува во август.

„Се надеваме дека обвинувањата што се однесуваат на еден од нашите актери, а кои не беа јавно познати кога филмот беше сниман, нема да му смета на ова остварување. Одлуката за пуштање на овој филм не беше воопшто лесна“, соопштиле дистрибутерите.

Филмот раскажува приказна за група момчиња кои во 80-тите години формирале клуб преку кој требало да се збогатат со измами. Спејси го глуми Рон Левин – измамник и хомосекуалец кој ќе биде убиен кога ќе измами голем број луѓе. Неговото тело никогаш не било пронајдено, па некои мислат дека тој сè уште е жив.

Филмот е во режија на Џејмс Кокс, а освен Спејси во него глумат и Ансел Елгорт, Тарон Егертон, Ема Робертс, Суки Вотерхаус…

Актуелно

„Несоодветно за на работа“ и настап на „Тајгер лилис“ на петочната програма на МОТ

Објавено пред

Програмата на 44. издание на Млад отворен театар (МОТ) за петок (20 септември) продолжува на сцената на Драмски театар со претставата „Несоодветно за на работа“.

Светски познатиот актер, режисер и професор Доналд Ворен Мофет ја поставува „Несоодветно за на работа“ по текст на Луси Кирквуд.

„Низ серија екстремно луцидни и, за жал, на повеќето од нас толку познати и блиски сцени од корпоративното, во случајов, медиумско секојдневие, во ‘Несоодветно за на работа’, Кирквуд ни дава јасна слика за симптомите на едно метастазирано општество, прикажувајќи ја немилосрдната експлоатација, која почнува, завршува или се прекршува врз женското тело. Како и вообичаено, и самите жени често се покорни или амбициозни соучеснички во борбата, чија единствена цел е победа врз послабите и профит по секоја цена“, се вели во најавата за претставата.

Во склоп на придружната програма на МОТ со почеток од 22 часот во МКЦ ќе настапат култните The Tiger Lillies кои за првпат доаѓаат во Скопје.

„За ова посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот, номинираните за Греми, ‘кумови’ на алтернативното кабаре – The Tiger Lillies ќе настапат со новиот албум. Нивниот свет е мрачен, чуден и разновиден, со моменти на длабока тага, суров црн хумор и неверојатна убавина. Музиката што ја произведуваат е мешавина од предвоено берлинско кабаре, анархична опера и ромска музика, повторувајќи ги гласовите на Бертолт Брехт и Жак Брел“, наглсуваат од организацијата на МОТ.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Јавен повик од Град Скопје за финансирање проекти од културата

Објавено пред

Град Скопје го објави јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата од интерес на Градoт за 2019 година, на кој може да се поднесат предлог-проекти за следните области:

1. Поддршка на проекти, манифестации и активности во доменот на професионалното, аматерското и младинското делување во следните области:
1.1. Изведбени уметности
1.2. Музички уметности
1.3. Визуелни уметности и уметност на новите медиуми
1.4. Издавачка и библиотечна дејност
1.5. Музејска дејност и промоција на културното наследство
1.6. Меѓународна соработка

На јавниот повик имаат право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.

Покрај наведените специфични области, поднесените пријави треба да ги задоволуваат целите и критериумите за избор на проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје, што се дадени во прилог на јавниот повик објавен на официјалната веб-страница на Град Скопје.

Пријавувањето на јавниот повик e во електронска форма на следниот линк.

Повикот ќе траее до 18 октомври 2019.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Северна Македонија и Албанија ќе формираат комисија за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Објавено пред

Mинистерот Едмонд Адеми, вчера, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити, и министерот за животна средина, Бленди Клоси, во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 часа

Макрон: „Жолтите елеци“ ме наведоа подобро да ги слушам луѓето

Францускиот претседател Емануел Макрон откри дека кризата со граѓанското движење „Жолти елеци“ на некој начин била добра за него, бидејќи...

Свет11 час

Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска западна во голем скандал. Утрово беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен...

Македонија17 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија17 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија18 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион18 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ19 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија19 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ20 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет20 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет20 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет20 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија21 час

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија22 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт1 ден

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија2 дена

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија2 дена

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија2 дена

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија2 дена

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Досие