Контакт

концерти

(Видео) Концерт на пијанистот Николај Лугански на „Охридско лето“

Објавено пред

Во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва на подиумот во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапи рускиот виртуоз на пијано Николај Лугански. На програмата се дела од Клод Дебиси, Александар Скрјабин и Сергеј Рахмањинов.

Николај Лугански критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна префинетост и чувствителност, со „кристална убавина“ во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и виртуозност која потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев.

Студирал на Московскиот конзерваториум во класата на видни професори – Татјана Кестнер, Татјана Николаева и Сергеј Доренски. Во текот на својата кариера настапувал во некои од најпрестижните сали во светот Wigmore Hall во Лондон,„Konzerthaus во Берлин, Théâtre des Champs-Elysées во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петерсбург и други, а соработувал и со некои од најзначајните оркестри: Лондонскиот филхармониски оркестар, Чешката филхармонија, Рускиот национален оркестар, Фестивалскиот оркестар на Будимпешта, Симфонискиот оркестар на Сан Франциско, Филхармонијата на Санкт Петерсбург и др.

Освен како солист, Лугански настапува и како камерен музичар со изведувачи како: Миша Мајски, Вадим Репин, Александар Књазев. Чест гостин е и на некои од најпознатите фестивали во светот, меѓу кои со циклусот концерти The Proms одржани во Лондон, Интернационалниот пијано фестивал во Ла Рок Дантерон, Франција, Музичкиот фестивал во Раингау, Германија, Интернационалниот фестивал во Единбург, Шкотска и многу други, а се јавува и како уметнички директор на фестивалот „Рахмањинов“ во Тамбов. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и „Уметник на народот на Русија“ во 2013 година.

концерти

(Видео) „Europe Shine a Light” наместо откажаното финале на Евросонг

Објавено пред

Вечерва наместо финале на „Песна на Евровизија“, првпат од Ротердама оди директно специјално музичко издание во кое учествуваат овогодишните кандидати и победници на претходните изданија на Евросонг.

Нема да се избира победник, натпреварувачите нема да ја почувствуваат евровизиската атмосфера, но сепак ќе имаа контакт со публиката.

Овогодишнио слоган “Europe Shine a Light” е насловот на песната која ќе се чуе од секоја земја.

Веќе селектираните песни емитуваат фрагменти од 30 секунди, учесниците се претставуваат низ кратки видео разгледници, а ги слушаме и нивните пораки упатени до милионскиот аудиториум ширум Европа и светот.

Македонија ја претставува Васил Гарванлиев со песната „You“.

Прикажи повеќе...

концерти

Со концерт на „Суперхикс“ вечерва завршува проектот „Култура во време на корона“

Објавено пред

По 50 маалски концерти, вечерва запира „Култура во време на корона“.

На денешната прес-конференција преставниците на градските културни институции информираа за резултатите од проектот. На досегашните 50+ настани, настапиле повеќе од 200 изведувачи, со повеќе од 500.000 гледачи на социјалните мрежи и илјадници балкони во осум различни општини во Скопје.

Проектот запира со вечерниот настап на познатите „Суперхикс“, а градските културни институции наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата. Музичарите од „Суперхикс“ ќе настапат во 20.00 часот на плочникот кај зградите до Педагошкиот факултет во Карпош.

„Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги големите имиња и младите таленти, со цел да се овозможи што поголем број на учесници и што поголем дофат на социјалните ефекти од мерката. Ниту еден поголем град во соседството не изготви сличен одговор на кризата од корона вирусот во доменот на културата, но се надеваме дека ќе земат позитивен пример од нас и ќе им помогнат на културните работници во своите градови. За жал, мора да напоменам дека овогодинешниот европски главен град на културата – Риека ги запре сите активности до крајот на годината оставајќи стотици локални уметници и културни работници без реализирани проекти од неколкугодишната своја работа“, кажа Никола Наумоски од Град Скопје.

Русе Арсов од МКЦ говореше за специфичноста на сцената со која што работи оваа институција и дека солидарноста како принцип била одлично прифатена меѓу членовите на разните бендови и колективи.

„Имаше музичари што настапија по неколку пати, а беа платени само еднаш, само за солидарно да им овозможат на своите колеги да го заработат својот хонорар.“ потенцираше Арсов.

Сермине Пурини од КИЦ додаде дека стигнати се голем број на апликации и дека не можеле сите да се реализираат, иако многу од нив биле квалитетни, па затоа институциите ќе ги имаат предвид за реализација на овие проекти за престојниот период.

Филип Аврамчев од Универзална Сала информираше за финансиските аспекти на кампањата – потрошени се 2.7 милиони денари од градскиот буџет, за хонорари на 168 уметници, културни работници и технички лица, покрај ангажираните вработени од МКЦ, КИЦ и Универзална.

Маалските концерти и онлајн изведбите кои ги реализираше Град Скопје дојдоа како дел од пакетот кризни мерки во однос на културата, а кои беа одговор на барањата на иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“, ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена, како и Синдикатот на Културата (СКРМ). Нивниот претставник Филип Јовановски го поздрави брзиот одговор на градот за нивните барања и повика министерството и Владата да го следат истиот пат.

 

Прикажи повеќе...

концерти

В недела музички хепенинг на покривот на Џевахир скај сити

Објавено пред

Жителите на Аеродром и станарите на комплексот „Џевахир скај сити“ овој празничен викенд ќе можат од своите домови да уживаат во музичкиот настап во живо на Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff.

Музичкиот хепенинг ќе се одржи в недела, 3 мај, со почеток во 18.45 часот на покривот на една од кулите од комплексот Џевахир.

Но истовремено, во овој настан, кој е во организација на Општина Аеродром и Џевахир скај сити, ќе можат да уживаат и сите жители на Скопје, кои ќе имаат можност да го следат видеопреносот преку ФБ-страницата на Општина Аеродром.

Организаторите ги повикуваат сите жители на Аеродром од своите балкони или следејќи го лајв стримот преносот во својот дом, да се приклучат кон хепенингот и на овој начин, иако одвоени, а сепак заедно, да поминат убава вечер во дружба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија3 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија5 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ8 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија9 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија10 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија11 час

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија12 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет15 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа15 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет15 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет16 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа17 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет1 ден

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие