Контакт

Култура

(Видео) „Макбет“ во МНТ ќе проговори за болната амбиција за власт

Објавено пред

Вонвременскиот текст на Вилијам Шекспир „Макбет“, во адаптација и во режија на Нела Витошевиќ, премиерно ќе биде изведен утревечер, во 20 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар. Режисерката преку „Макбет“ сакала да проговори за денешниот контекст на либерал-капитализмот како персонификација на тронот на Макбет и желбата за моќ, која не познава граници и ги оправдува сите нехумани средства за да се стигне до целта.

„Денес, гледано од овој ракурс во ова кошмарно време во кое живееме и во кое злото го цица секое здраворазумско поимање на стварноста, ми се виде соодветно преку Макбет да зборувам за низата општествени проблеми и гнилата состојба на духот што ја чувствуваме сите поединечно, но и колективно. Акцентот во претставата е ставен на двајцата главни карактери, култни за светската драматургија, чиј однос е можеби најанализираниот во литературата од страна на разни теоретичари и психоаналитичари, а кои се обземени од болната амбиција за власт“, рече Витошевиќ на денешната прес-конференција во МНТ.

Актерската екипа е задоволна од подготовките и очекува успешна претстава. „Макбет“ на сцената на МНТ е премиера по апстинирање од шест месеци.

Претставата трае 140 минути, а улогите ги играат: Сашо Коцев (Макбет), Драгана Лошкова (Леди Макбет), Сенко Велинов (Кралот Данкан), Дениз Абдула (Малколм), Благој Веселинов (Макдаф), Наталија Теодосиева, Ана Стојановска и Ивана Павлаковиќ (Вештерки 1, 2, 3) Стефан Вујисиќ (Банко) и други.

Костимите се на Роза Трајчевска-Ристовска, сценограф е Константин Трпеноски, а композитор Огнен Анастасовски. За текстот е користен препевот на делото на Шекспир од Богомил Ѓузел.

Култура

„Скопје пее“ – прв меѓународен хорски фестивал во Скопје

Објавено пред

Од 29 до 31 август, во организација на Град Скопје и ЈУ Универзална сала, градот ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал  „Скопје пее“. Десет хора од земјава и странство со своите изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современи композиции, на нивен својствен начин, ќе ги спојат музиката, одморот, пријателството и забавата.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано в четврток (29.8.) во 21 на Школка во Градскиот парк, каде што скопјани и сите други добронамерници и љубители на музиката и културата ќе имаат можност да бидат дел од градскиот музички хепенинг наречен „Скопје пее“.

В петок (30.8.) фестивалот програмски ќе се вклучи во културните лета на општините Карпош и Аеродром. На Културното лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе настапат Машкиот хор од Пловдив, ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, женскиот хор „Аурин“ од Кецкемет, Унгарија, ГМХ „Вардар“ – Скопје и Академскиот женски хор на Студентскиот културен центар во Ниш. Како дел од Back to School Week во Општина Аеродром, во паркот на езерата со почеток во 20.30 част ќе настапат женскиот хор „Менада“ од Тетово, хорот „Хаџи Зека“ од Пеќ, пензионерскиот хор „Серенада“ од Скопје, хорот „Славјанско единство“ од Горна Ораховција, Р. Бугарија и хорот „Елегија“ од Општина Центар – Скопје.
Фестивалот  „Скопје пее“ е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика, кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите во Скопје.

За последниот ден од фестивалот (сабота, 31.8), од 20.30 часот со настап на хоровите во објектот на Македонската филхармонија и официјално ќе се затвори првото издание на „Скопје пее“.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Културното и книжевно богатство на Тетово собрано на едно место

Објавено пред

Министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска оствари работна посета на повеќе институции од областа на културата во Тетово.

Како што информираат од ресорното министерство, во рамки на посетата Исмаили се запознал и со текот на изградбата на објектот на културно-образовниот центар во кој ќе биде сместена библиотеката и театарот од овој град.

Министерот истакнал дека со реализацијата на проектот граѓаните на Тетово ќе добијат ново репрезентативно место за остварување на културните активности, место во кое љубителите на уметноста ќе имаат можност да уживаат во творештвото на врвните уметници, а воедно, како што рекол, ќе се овозможи и зачувување на големото културно и книжевно богатство што го поседува градот.

Исмаили го посетил и Музејот на тетовскиот крај, каде од директорот на оваа институција бил информиран за реализацијата на проектите кои се поддржани од Министерството за култура.

Во рамки на посетата министерот направил обиколка и низ симболот на градот, познатото Тетовско Кале – Бал Тепе, каде по завршувањето на административните процедури треба да почнат активности за конзервација на влезниот дел од тврдината.

Прикажи повеќе...

Култура

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа

Објавено пред

Театар „Комедија“ од септември почнува да работи со полна пареа.

Веќе финишираат подготовките за фестивалот „Гола месечина“, а продолжуваат и подготовките за претставата „Боливуд“ во режија на Наташа Поплавска. Веднаш потоа се очекува премиера на „Вечера за глупаци“ во режија на Ирена Стеријовска.

На крајот на годината, пак, како круна на целиот успех, ќе биде прикажана премиерата која ќе излезе под режисерската палка на легендарниот режисер Егон Савин, најавуваат од Театарот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска Стојановска, го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на...

Европа2 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет2 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион3 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет3 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет4 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија14 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија16 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа19 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ23 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ24 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Досие