Контакт

Изложби

(Видео) Мултимедијална изложба на Дарко Комненовиќ во Мала станица

Објавено пред

Мултимедијални дела од визуелниот уметник Дарко Комненовиќ се изложени во Националната галерија, објект Мала станица. Се работи за специфични визуелизации кои се изработени во различни материјали и медиуми. Ласер, видео проекции и звучни инсталации се дел од поставката. Авторот го истражува поврзувањето на видео, звук и материјали кои во симбиоза прават дело.

Концептуалниот дел на авторот, неговата идеја, креација и уметнички израз се вметнати во „Уметничките забелешки“ кои се составен дел од поставката насловена „Капсид i²0“.

Проектот е избран од меѓународната комисијата во состав: Мишко Шуваковиќ – декан и професор на докторски студии по трансдисциплинарна и трансмедијална уметност при Факултетот за медија и комуникации при Универзитетот „Сингидунум“ од Белград, Роман Урањек, уметник и член на групата IRWIN и Арта Агани Буњаку, ликовен уметник.  Наведуваат дека проектот „Капсид i²0 “е „одличен пример за тековниот уметнички и естетски одговор на противречностите, антагонизмите и отуѓувањата својствени на глобалната пандемија на Ковид 19“.

„Уметникот луцидно го покажа потенцијалот за трансформација на модерното општество и важните односи меѓу поединци и односи меѓу поединци и колективи, поединци и институции и институции и институции. Комненовиќ предложил сложени човечки, политички, комуникациски и, со тоа, когнитивни процеси, ефекти и ситуации кои се испровоцирани човечката состојба во кризни пандемски моменти. Авторот ги посочува односите меѓу два важни модалитети на ова дело: ликот на склопување на традиционални и модерни материјали / медиуми и ликот на временската капсула. Предвидената поврзаност на дигиталниот и конкретното материјално со формите на човечкиот живот отвора простор за тестирање на нашата сопствена индивидуална и колективна модерност. Проектот го заслужи вниманието со својата актуелност, хибриден материјал, медиумска сложеност и суштински егзистенцијален ангажман“, пишува комисијата.

Дарко Комненовиќ како визуелен уметник работи во контекст на пост-скулпторско дело. Неговите истражувања и конструкции ги поврзуваат скулпторските, амбиенталните и технолошките влијанија, односно работи со хибридизирани односи на просторот, перцепција, комуникација и когнитивно мапирање на визуелните ефекти. Кураторот на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски.

Покрај овие дела во Национална галерија, објект Мала станица, до 10 јануари идната година ќе бидат изложени „Нови пејзажи – архив на реалноста“ на Роберт Јанкулоски како победник на Конкурсот за зрел уметник и „Сеништа“ на Викторија Попоска која како и Комненовиќ победи во категоријата за млади творци.

Фото: Национална галерија на Македонија



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Изложба на Јана Јакимовска во Куманово

Објавено пред

Во четврток ( 21 јануари 2021 година) во 12 часот во Изложбениот салон на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – во Куманово ќе се отвори изложбата на небесни пејзажи со наслов „Небо“, на ликовната уметница Јана Јакимовска. На изложбата ќе бидат претставени 20 дела во техниката акрил на платно работени во последните 3 години.

„ Најновиот циклус дела на Јакимовска се пејзажи кои во класификацијата на пејзажното сликарство може да се окарактеризираат како небесни пејзажи бидејќи на нив две третини од композициската целост е посветена на небесните предели… Јана Јакимовска со своите дела ни нуди ,прозорец’ за бегство од реалноста во која живееме, нè носи во една поубава, посветла, похумана реалност, која во вонредни услови има покрај своја егзалтирачка природа и концептуална димензија – да делува психо-терапевтски на конзументот на нејзините дела“ вели во текстот за изложбата, историчарката на уметност Ана Франговска.

„ Со сѐ поголемиот замав што го зема дигитализацијата и присутноста на новите медиуми, резултат на времето во кое живееме, се чини како уметниците во одредена мера да ги ,подзабораваат’, да го губат допирот, релацијата со покласичните форми и медиуми на изразување во доменот на сликарството, скулптурата и цртежот. Но, Јана Јакимовска е авторка која и покрај тоа што се занимава со концептуална уметност, главно насочена кон дигитални и фотоманипулации, во овој нејзин најнов циклус дела, преку својата четка и сликарското платно нѐ однесе на едно ,патување’ од Скопје преку Струмица и Охрид во светските гиганти Токио и Њујорк, за повторно да нѐ врати назад во Скопје, укажувајќи ни дека просторно и временски каде и да сме, тоа е она исто небо што истовремено е ОВДЕ и СЕГА, за сите исто и единствено, поради што и оваа изложба може да се сфати и како симбол за нашата, условно кажано – ,просторна ограниченост’, но истовремено и… ,бескрајна безграничност’“ вели во рецензијата за изложбата, историчарката на уметност Ангела Витановска.

Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.

Прикажи повеќе...

Изложби

Зоран Попоски изложува во Јужна Кореја

Објавено пред

Македонскиот уметник Зоран Попоски учествува на меѓународната изложба Перспективи 2021 во Музејот КИКА во Гимпо, Јужна Кореја, во периодот 30 декември 2020 до 17 јануари 2021 година.

На изложбата се застапени педесет уметници од САД, Франција, Канада, Бразил, Кина, Кореја, Јапонија, Британија, Германија, Грција, Венецуела, Италија, итн.

„Изложбата во Кореја е јубилејна за мене, бидејќи е стота изложба на моите дела. Во моментов мои дела се застапени уште во две тековни изложби во САД и Италија. Последната изложба во Македонија ја имав пред четири години. Се надевам дека наскоро македонската публика повторно ќе има можност да ги погледне моите дела“, изјави Попоски.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано 100 меѓународни изложби и е добитник на повеќе меѓународни награди за уметност.

Прикажи повеќе...

Изложби

Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност

Објавено пред

Од утре, 17 декември, во 12 часот, до 28 февруари 2021 година, во Музејот на современата уметност Скопје ќе биде отворена ретроспективна изложба на Јован Шумковски насловена „Вода/Ѕид“.

Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура.

Музејот е отворен од 10 до 20 часот за посетители секој ден, освен понеделник, а в недела музејот работи до 13 часот.

Поставката ќе се одвива според протоколите пропишани за организација на јавни настани во услови на пандемија.

Од МСУ велат дека ретроспективната изложба го прикажува делото на еден од најзначајните и највлијателни македонски уметници, чијашто речиси четири децениска уметничка практика ја дефинира постојан истражувачки интерес и смела инвентивност во формирањето и изразувањето на неговата ликовна мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Сликар по вокација, Шумковски досега зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција. Учествува на многубројни групни изложби и значајни интернационални проекти. Редовен професор е на ФЛУ од 2002 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036...

Свет3 часа

СЗО: Нови совети во врска со лекувањето на Ковид-19, тимот во Вухан започнува со работа

Светската здравствена организација (СЗО) денес ги издаде најновите совет до клиничарите за лекување  пациенти со Ковид-19, вклучувајќи ги и оние...

Европа3 часа

(Видео) Германија: Маж со нож бодел луѓе на улица, има ранети

Германската полиција соопшти дека еден човек со нож нападнал и ранил неколку лица во градот Франкфурт пред властите да го...

Европа4 часа

Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на...

Македонија4 часа

Семејство завеано во викендичка на Попова Шапка, без струја и без храна

Четиричлено семејство од Скопје останало заглавено во викендичка на Попова Шапка, бидејќи поради големите снежни навеви пристапот бил отсечен. За...

Македонија4 часа

Филипче: Ја разгледуваме можноста за набавка на вакцини од Кина

Владата ја разгледува можноста за набавка на вакцини од Кина. Како што соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, во моментот...

Европа5 часа

Меркел: Ситуацијата со коронавирусот ни избега од контрола

Германската канцеларка Ангела Меркел призна дека ситуацијата во земјата, во борбата против коронавирусот, им избегала од контрола на властите. Според...

Европа5 часа

Италијанскиот премиер Конте поднесе оставка

Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка, пишуваат италијанските медиуми. Агенцијата „Анса“ пишува дека премиерот ја објавил својата одлука пред членовите...

Македонија6 часа

Брзи антиген тестови на скопскиот аеродром

Со цел да одговори на најновите рестрикции за патување воведени поради Ковид-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната, ТАВ...

Македонија7 часа

Португалското претседателство ќе настојува да почнат преговорите на Македонија со Европската Унија

За португалското претседателство процесот на проширување е важно прашање, истакна министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва. Како претставник...

Македонија7 часа

СДСМ: Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти е која било етничка заедница

Штетни се обидите за наметнување дебата колку проценти на која било етничка заедница, велат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија,...

Европа7 часа

(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на...

Свет8 часа

Поднесено обвинение против Трамп во Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот конгрес поднесе обвинение до Сенатот за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, бидејќи неговиот говор...

Свет19 часа

Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член...

Свет20 часа

„Модерна“ тврди дека нејзината вакцина е ефикасна и против новите видови коронавирус

Вакцината на „Модерна“ дејствува и против новите видови коронавирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, тврдат научници од оваа...

Македонија21 час

Собранието го избра Насер Зибери за народен правобранител

Иако Насер Зибери не успеа да стане првиот премиер Албанец, се избори за функцијата народен правобранител. Го предложи ДУИ, а...

Свет21 час

Џонсон најави ублажување на рестриктивните мерки во февруари

Британскиот премиер, Борис Џонсон, бара начини за олеснување на некои рестриктивни мерки воведени за забавување на ширењето на Ковид-19 пред...

Топ22 часа

Џудо-федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички што му биле ученички,...

Македонија1 ден

Законот за лекови доби зелено светло, ВМРО-ДПМНЕ не гласаше

Измените на Законот за лекови и медицински помагала со кој се уредува набавката на вакцините од компанијата „Фајзер“ го помина...

Македонија1 ден

Шестмина починати и 63 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи на...

Досие