Контакт

Култура

(Видео) Објавена програмата на 12. Филозофски филмски фестивал

Објавено пред

Со проекција на 40-тина филмови, 50-тина настани и 20-тина домашни и интернационални гости, Филозофското друштво на Македонија и тимот на Филозофскиот филмски фестивал (12. ФФФ) го најавија 12-тото издание на Фестивалот чијашто Главна програма ќе се одржи од 1 до 9 јуни, а пред тоа придружена и со традиционалната Ретроспектива, годинава на филмскиот корифеј Луис Буњуел од 19 до 27 мај во Кинотека.

dobivaj vesti na viber

По минатогодишното хибридно издание, годинава Филозофскиот филмски фестивал се враќа речиси целосно со физичко издание. Фестивалот ќе се одржи пред големото платно на кинотечната сала во Кинотеката, како и во Летното кино „Мирно лето“, во дворот на Кинотеката на С. Македонија.

Годинешното, 12. издание на Филозофскиот филмски фестивал е во знакот на надреализмот. Некаде помеѓу сонот и реалноста, сопоставувајќи ги имагинарното и стварното, поигрувајќи си со логичното и илогичното и овозможувајќи го будењето на сонот преку филмската уметност и филозофијата во едно надреалистичко (ре)осмислување на светот, годинава Филозофскиот филмски фестивал повторно ќе го разбуди сонот (и сонувањето, во најубавата смисла) низ филмот и философијата и ќе ја побуди имагинацијата да се нурне низ нови себеоткривања и толкувања на соновното, но и (не)реалното.

Фестивалот е поделен на шест сегменти: Ретроспектива Буњуел, Ревијална програма: филм-философија, Официјална селекција на долгометражни филмови и Официјална селекција на краткометражни филмови (обете со компетитивен карактер), Едукативна програма (составена од Средношколската видео лектира, Работилници за млади и Фил(м)ософија за деца) и Придружна програма.

Хронолошки, пред Главната програма, во периодот од 19 до 27 мај ќе се одржи ретроспектива посветена на еден од најголемите шпански синеасти од минатиот век, Луис Буњуел. Ретроспективата се одржува во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и Кинотеката на С Македонија и во нејзини рамки ќе се прикажат девет филмови на Буњуел од кои три краткометражни и среднометражни филмови предвидени за првата вечер и уште шест негови долгометражни филмски остварувања. На 19 мај, со почеток во 21 часот и со излагање на заменик-амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, м-р Ернесто Хередеро дел Кампо, ќе биде отворена првата ретроспективна вечер со проекција на филмовите АНДАЛУЗИСКИ ПЕС (1929), ЗЕМЈА БЕЗ ЛЕБ (1932) и СИМОН ПУСТИНИКОТ (1965). Понатаму низ деновите предвидени за ретроспективата свои проекции ќе имаат и филмовите: ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962), ДНЕВНИКОТ НА ЕДНА СОБАРКА (1964), УБАВИЦАТА НА ДЕНОТ (1967), ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (1972) и ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (1977). Секоја вечер е предвиден и соодветен вовед или излагање од еминентни професори или професионалци од областа на филмот, философијата, филм-философијата, уметноста, филмската критика итн. Па така, публиката ќе има можност да дискутира и со: Стојан Синадинов (филмски критичар и соработник на Кинотеката), Луис Мартин Ариас (професор по филм, историја на филм, комуникација и аудиовизуелна индустрија на Универзитетот во Ваљадолид, Шпанија), Златко Ѓелески (писател и филмски, музички и книжевен критичар), Даријан Пејовски (македонски режисер), м-р Мариглен Демири (философ и активист), проф д-р Јасна Котеска (писателка, философ и редовна професорка по хуманистика на УКИМ).

Отворањето, пак, на Главната програма на  јуни ќе почне со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН како дел од придружната програма на 12. ФФФ.. По официјалното отворање публиката ќе има можност да го погледне филмот ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА (While at War, 2019) на шпанскиот режисер Алехандро Аменабар и со излагања на проф. д-р Алисија Вилар Ескудеро и проф д-р Серхио Фернандез, професори по философија од Шпанија, а сето ова како дел од Ревијалната програма: филм-философија. Исто така, во текот на вечерните проекции на Фестивалот, во рамките на истата програма, публиката ќе има можност да ги погледне и корејскиот филм БЕЗГЛАСЕН (Voice of Silence, 2020) со воведно излагање на м-р Снежана Младеновска-Анѓелков (писателка, есеистка, авторка/монтажерка на документарни филмови и репортажи), понатаму ФРАНКЕНШТАЈН (Frankenstein, 1931) со излагање на Тијана Петковска (м-р по философски науки и познавач од областа на естетиката на филмот). Публиката ќе има можност да го види и филмот МЛИНОТ И КРСТОТ (The Mill and The Cros, 2011) заедно со излагањето на проф. д-р Владимир Мартиновски (поет, прозаист, книжевен критичар, преведувач и универзитетски професор), филмот ХИРОШИМА, ЉУБОВ МОЈА (Hiroshima, My Love / Hiroshima, mon amour, 1959) со излагање на д-р Кица Колбе (философина и писателка), како и филмот за затворање на 12. ФФФ, НЕШТО КОРИСНО (Something Useful, 2017) на турската режисерка Пелин Есмер чииишто филмови имаат играно на светски познатите фестивали: Сан Себастијан, Трибека, Торонто, Сараево, Ротердам, Талин итн., проследено со првиот ФФФ дијалог во рамките на Фестивалот, помеѓу режисерката на филмот и професорот Сердар Озтурк од Турција.

Во рамките на Официјалната селекција на долгометражни филмови и во трка за еден од фестивалските „Златни бувови“ за најдобар филм според жирито и според публиката, ќе се натпреваруваат пет филмови: ЗАКЛЕТВАТА НА ХАСАН (Commitment Hasan, 2021) во режија на турскиот режисер Семих Капланоглу (Semih Kaplanoğlu), филм кој беше прикажан во селекцијата „Извесен поглед“ на Кан 2021 и кој претставува топла, морална прикaзна од турската конематографија којашто ги третира и прашањата за човековата деструкција на неговата непосредна животна

средина; КЛАРА СОЛА (Clara Sola, 2021) во режија на Натали Алварез Месен (Nathalie Álvarez Mesén), интимна приказна за духовното будење на помалку необичната Клара, филм кој беше дел од „Кензен“ програмата на Кан 2021; КОСТА БРАВА, ЛИБАН (Costa Brava, Lebanon, 2021) во режија на Мунија Акл (Mounia Akl), со Надин Лабаки (Хаос / Capernaum) во една од главните улоги, и приказна за едно семејство коешто се обидува да креира утописка заедница надвор од урбаната џунгла; ПО ЉУБОВТА (After Love, 2020) во режија на Алем Кан (Aleem Khan), филм кој нè води на трогателно патување низ загубата, тагата и потрагата по идентитетот, прикажан на Канскиот филмски фестивал 2020; и данскиот филм ПРЕТПОСЛЕДНИОТ (The Penultimate / Den Næstsidste, 2020) во режија на Јонас Керуп Хјорт (Jonas Kærup Hjort), филм кој премиерно беше прикажан на Меѓународниот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, а сместен во дистописка и клаустрофобична атмосфера со елементи на драма на апсурдот на линијата меѓу делата на Франц Кафка и Луис Керол.

Во Официјалната селекција на краткометражни филмови годинава има 16 филмски остварувања од повеќе држави: Велика Британија, Германија, Данска, Иран, Либан, Литванија, Македонија, Полска, Португалија, Србија, Унгарија, Франција и Чешка. Фестивалската публика ќе има прилика да го погледне и СЕВЕРЕН ПОЛ (North Pole, 2021) во режија на македонската режисерка Марија Апчевска, филм кој премиерно беше прикажан во официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал, има учествувано на повеќе од 40 меѓународни фестивали, а беше номиниран и за Европските филмски награди (ЕФА).

Годинешните жири-комисии за официјалните селекции повторно се составени од домашни и меѓународни експерти и познавачи од областа на филмот и философијата. Жирито за долгометражните филмови е во состав: Сердар Озтурк (Турција), професор на Катедрата за радио, телевизија и филм на Факултетот за комуникации при Универзитетот Анкара Хаџи Бајрам Вели (АХБВ) во Анкара, Турција. Тој е и издавач на The Journal of SineFilozofi, едно од ретките научни трансдисциплинарни списанија од областа на филмот и философијата; Кица Колбе (Македонија/Германија) која е писателка на романи, есеи и филмски критики и философија со поле на интерес од областа на естетиката; и Тони Гламчевски (Македонија/Франција) кој е новинар, преведувач и толкувач, предавач на Европскиот аудиовизуелен институт во Нанси (ИЕЦА) и претседател на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, Франција. Жирито за краткометражни филмови е во состав на: Васко Маглешов, новинар, филмски критичар и известувач од повеќе домашни фестивали; Тамара Тасевска, македонски истражувач, предавач и автор од областа на филм-философијата, постколонијалната феминистичка кинематографија и интермедијалноста, базирана во Њујорк, САД; и Ѓорѓи Јаневски, слободен медиумски и културен работник кој делува на полето на аудиовизуелната и радио документаристиката, а работи и како филмски критичар, музички промотер, куратор и е учесник во локалната независна сцена. Селектори се професорот од МСУ „Г. Р. Державин“, м-р Кирил Трајчев за долгометражната селекција и д-р Дејан Здравков, д-р по философски науки со поле на интерес од областа на естетиката и антропологијата, како селектор за селекцијата на краткометражните филмови.

Богатата Едукативна програма започна долго пред официјалниот почеток на Фестивалот. По едногодишна пауза, годинава повторно се одржа Средношколската видеолектира. Од 6 до 11 април во Младинскиот културен центар во Скопје за учениците од Скопје, Велес и Куманово и низ повеќе регионални културни или академски центри во Штип, Неготино, Битола, Гевгелија и Охрид се одржаа проекции на филмот 12 ГНЕВНИ ЛУЃЕ (Twelve Аngry Man, 1957) на Сидни Ламет. Во рамките на настанот во Скопје свое излагање имаше проф. д-р Ана Димишковска, која ги воведе учениците во годинешната тема за есејот „Правдата, гневот и предрасудите: Како да се суди непристрасно?“. Вклучени беа 15 професори од средните училишта, учествуваа околу 350 ученици од 16 училишта, пристигнати се 36 есеи на конкурсот, а од нив, тричлена стручна комисија во состав: проф. д-р Слободанка Марковска, Стефан Видиков и Марко Касапов, ќе ги одбере трите најдобри филмософски есеи за ова издание.

Во рамките на Едукативната програма на 7 и 14 мај во Кинотеката на С Македонија се одржа и работилницата „Естетика на филмскиот јазик“ под менторство на проф. д-р Атанас Чупоски (филмолог, писател и режисер) во чиишто рамки заинтересираните ученици (17-19 години) имаа можност да имаат средба, дискусија и читање на филмска приказна. Покрај оваа работилница, во Скопје, Свети Николе, Велес, Тетово и Кавадарци се одржаа и младински работилници од областа на филм-философијата под менторство на повеќе професори по философија (м-р Кирил Трајчев, Владимир Ѓуровиќ, д-р Вангел Ноневски, д-р Бошко Караџов, м-р Мариглен Демири, м-р Љатиф Мустафа и Стефан Видиков).

Годинава продолжи и уште еден од фестивалските редовни сегменти од Едукативната програма – Фил(м)ософија за деца. Оваа година на VoD платформата Cinesquare во периодот од 20 до 27 мај онлајн ќе може да се погледне анимираниот филм ДЕТЕТО ФАНТОМ (Phantom Boy, 2015), a дел од децата низ целата земја коишто ќе го изгледаат филмот ќе можат да се вклучат и на онлајн работилницата со д-р Мартин Поповски, реализатор на програми за философија со деца. Исто така, на 25 мај Поповски ќе одржи и физичка работилница со истиот филм и ќе поттикне философски разговор инспириран од филмот со учениците од три основни училишта во Скопје во Кинотеката на С Македонија. Како специјален дел од Едукативната програма се и трите работилници со проф. д-р Томас Вартенберг кој е истакнат американски професор на колеџот Маунт Холиоки во САД чии главни области на интерес се естетиката, философијата на филмот и философијата со деца. Вартенберг ќе одржи три онлајн настани, од кои два се од отворен тип: Отворено предавање од областа на философијата со деца и работа преку филм и Работилница наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти и родители кои се заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата. Покрај ова, тој ќе изведе и практична демонстрација со ученици од Американското училиште НОВА во Скопје.

Како дел од Придружната програма на фестивалот и ФФФ Doc. сегментот, на 14 мај 2022 се случи и кино проекција, во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Музејот на современата уметност Скопје и Кинотеката на С. Македонија, на филмот ГЕНЕРАЦИЈА: БУЊУЕЛ, ЛОРКА, ДАЛИ (Generación: Buñuel, Lorca, Dalí, 2018) во режија на Хавиер Еспада (Javier Espada) и Алберт Монтон (Albert Montón). На настанот се обрати амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хосе Луис Лосано Гарсија, а свое излагање имаше истакнатиот македонски философ и естетичар, проф. д-р Иван Џепароски од Филозофскиот факултет при УКИМ. Покрај овој настан, во рамките на Придружната програма, на 2 јуни во 12:00 на Универзитетот „Еуропа Прима“ ќе се одржи презентација на истражување од областа на естетиката на филмот: „Филмска објектологија (Моќта на невидливото)“ од страна на м-р Васил Михајлов.

На 8 јуни, пак, во кафе-барот „Мартини“ со почеток во 22:30 ќе се одржи музички перформанс на Андрија Хаџиќ, музички изведувач од Србија.

Свеченото отворање на Главната програма на фестивалот ќе се случи на 1 јуни во 20:30 со музички перформанс на БРАНКО ФОЛТИН во Летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Крајот на фестивалот, на 9 јуни, очекувано ќе биде означен со пригоден настан, пред последната фестивалска проекција, на кој ќе бидат доделени наградите за најдобрите филмови од двете селекции.

12-то издание на Филозофскиот филмски фестивал се реализира во ко-организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и во соработка со Кинотеката на С Македонија. Институционални покровители се Министерството за култура, Агенцијата за филм и Градот Скопје, а програмите се овозможени преку соработките со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје, Универзитетот „Еуропа Прима“, Факултетот за драмски уметности (ФДУ), Младинскиот културен центар (МКЦ), Музејот на современата уметност (МСУ), Културно информативниот центар (КИЦ), Францускиот институт, Cinesquare, Узенгија, Училница, Култура Бета и спонзорите Горска, Камник, Аз-Буки, Хотел Цара, Дукат, Мартини. Медиумски покровители на фестивалот се Телевизија 24, Наша ТВ, ТВ Шења, 103-ка, Нова Македонија, Слободен печат, Окно, Скала магазин и Умно.

Култура

Изложба: „Четирите мајстори на модернизмот“

Објавено пред

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар ќе отпочнат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста „Европски месец на креативноста“ на 10 мај во галеријата Империјал 1 – ЈУ Културно Информативен Центар, каде што до крајот на месец мај ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“

dobivaj vesti na viber

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Објавено пред

Денеска се распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.

Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура на следните линкови:

Државна награда „11 Октомври“ – https://kultura.gov.mk/wp-content/uploads/2023/10/odluka-3.pdf

Државна награда „22 Ноември“ – https://kultura.gov.mk/22-%d0%bd%d0%be%d0%b5%d0%bc%d0%b2%d1%80%d0%b8/

Прикажи повеќе...

Култура

Мајските оперски вечери немаат никакви примеси на економски ниту политички стремеж, организаторите го најавија 52-рото издание

Објавено пред

Мајските вечери немаат никакви економски ниту политички стремеж, еден ваков уникатен собир ќе го обележи и Скопје и Македонија, соопштија организаторите на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Оваа манифестација датира од крајот на 60-тите години. Тогаш имало криза со публика, која не била изразена само во Скопје. Во првите години мајските оперски вечери се празни, но со текот на годините заинтересираноста расте“, изјавја организаторите.

Како што велат оттаму, ова е еден од најголемите фестивали во регионот и со квалитетна програма сите овие години.

„Оваа година ќе има екслузивна програма. Очекуваме одлични резултати“, додаваат оттаму.

Реномираниот македонски режисер Иван Поповски, со успешна кариера во Русија, ја поставува операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиера ќе се отворат 52. Мајски оперски вечери (МОВ) на 9 мај во Националната опера и балет (НОБ). Диригент ќе биде Енрико Довико (Италија), сценографијата ја работи реномираниот Миодраг Табачки од Србија, костимите Марија Пупучевска, а кореографијата Саша Евтимова.

Во рамките на 52. Мајски оперски вечери, во фоајето на Националната опера и балет, од 9 до 31 мај ќе биде поставена и изложбата „Оперска одисеја“ – наследството на Милка Ефтимова. Изложбата ќе ја сочинуваат донирани лични предмети од движно материјално и нематеријално културно наследство, класифицирани во категоријата лични предмети како и голем број награди, признанија, уметнички портрети и фотографии кои во детали ја прикажуваат нејзината богата музичка кариера.

„Оперска одисеја“ е резултат на институционалната соработка помеѓу Музејoт на македонската борба за самостојност и Националната опера и балет.  Автор на изложбата е Василија Чали, соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија3 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија4 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет7 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија8 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија11 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија11 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија12 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија12 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија13 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија14 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија14 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија15 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет15 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет15 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет16 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија16 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...