Контакт

Култура

В петок македонска премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски

Објавено пред

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“ и Милчо Манчевски се враќаат дома.

На 1 ноември е закажана премиера на филмот во Македонска филхармонија, а од истата вечер филмот почнува со киноприкажување во неколку киносали, „Синеплекс“, „Милениум“, во Битола, Штип, Охрид, а во неделите што следуваат филмот ќе биде на редовниот репертоар во овие киносали.

„За нас е привилегија да го прикажеме филмот пред домашната публика, која сметаме дека не треба да чека за да го види филмот. Затоа, во исто време со официјалната премиера, која ќе биде на 1 ноември во Македонската филхармонија, филмот ќе има паралелно киноприкажување и во ‘Синеплекс’ и во ‘Милениум’ во Скопје, во домовите на културата во Битола, Штип и во Охрид, а во преговори сме и правиме напори во исто време да игра и во целата држава. Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември. Во следниот период филмот ќе продолжи да игра на редовниот репертоар во овие киносали“, вели продуцентот на филмот, Јане Ќортошев.

Многу бргу светската критика се огласи со многу позитивни мислења, а на денешната прес-конференција пред новинарите режисерот Манчевски изјави дека не бил изненаден од пофалните зборови за филмот:

„Процесот на правење беше првпат пријатен и целосно професионален поради посветениот и фокусиран тим, предводен од Јане Ќортошев, Ник Пауел и Јан Прајор. ‘Врба’ е трагедија со среќен крај. Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и животот. Премиерата му ја посветуваме на Марко Ќортошев, кој е врсник на „Врба“ и се роди неколку дена пред премиерата“, рече Манчевски.

Филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели: „Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се еднакво интересни – секоја на свој начин. Женската верзија ќе се прикажува во ‘Синеплекс’, а машката во ‘Милениум’“.

 

Култура

Седум филма поддржани од Агенцијата за филм се селектирани за програмата на Синедејс

Објавено пред

Во рамките на Фестивалот на европски филм свои премиери ќе имаат 7 филмови кои се поддржани од Агенцијата за филм. Филмовите се во категоризација на мнозински копродукции и филмови со македонско малцинско учество.

Македонскиот филм „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ ќе го отвори Синедејс на 18.09.2020 со почеток во 20:30 во Градскиот Парк. Додека, македонската премиера на филмот „Хомо“ на Игор Иванов Изи ќе се одржи на 24.09.2020 со почеток во 20:00 часот на локација кровот на ГТЦ.
Останати филмови со македонско малцинско учество се:

• Премиерата на „Сирена во Париз“ во режија на Матијаз Малзиу (Франција) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 19.09.2020 со почеток во 21:00 часот
• „Летечкиот циркус“ во режија на Фатос Бериша (Косово) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 20.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• „Моето езеро“ во режија на Ѓерг Џувани (Албанија) ќе биде прикажан на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• Премиерата на „Малмкрог“ во режија на Кристи Пуиу (Романија) ќе се одржи на локација Парк Ибни Пајко на 21.09.2020 со почеток во 20:00 часот
• Филмот „18% сиво“ во режија на Виктор Чучков (Бугарија) ќе биде прикажан на локација МКЦ парк на 22.09.2020 со почеток во 20:00 часот

Агенцијата за филм го продолжува трендот на „Нов бран” кој ја гради перцепцијата за македонскиот филм со автентичен и препознатлив израз, и каков таков ќе биде прифатен во Европа и во светот, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Култура

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Објавено пред

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан со еден централен настан во Битола, што ќе се одржи на 19 септември 2020 во Пациото на Музеј и завод на Битола. Основен мотив за оваа одлука е зачувувањето на здравјето на публиката, гостите и филмските работници во непредвидливата ситуација со пандемијата и негативниот ефект што оваа состојба ни го наметнува во сите сегменти на нашиот социјален живот.

На овој настан ќе се обратат покровителот на фестивалот, претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ, Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. За време на овој настан ќе има и обраќање на добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински преку видеоврска, а целиот настан ќе се пренесува во живо на Првиот програмски сервис на МТВ и на ФБ-профилот на фестивалот.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Видеообраќање до фестивалот се очекува да има и новиот претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум.

На настанот ќе биде прикажано и видео за новото кино „Манаки“ во Битола.

На централниот настан за одбележување на 41. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се очекува да присуствуваат и неколку амбасадори, филмски работници и дејци од културниот живот на земјата.

„На овој настан нема да има повеќе од 80 гости, кои ќе треба да ги почитуваат сите мерки и протоколи за однесување на присуство на манифестација на отворено, донесени од Владата. Ќе располагаме со маски, ракавици, средства за дезинфекција и ќе ја почитуваме пропишаната дистанцата. Пред влегување на секој од гостите ќе му биде измерена температура и сите оние кои ќе имаат зголемена телесна температура (над 37 Ц) нема да може да присуствуваат на настанот.

Влегувањето на гостите ќе се одвива од 17:45 часот до 18:30 часот кога и би почнал директниот пренос, кој ќе трае до 19:30 часот“, соопштија организаторите.

Прикажи повеќе...

Култура

„Медена земја“ вечерва во Кинотеката на „ПРО-ЗА Балкан“

Објавено пред

Документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, вечерва, во 20 часот, ќе биде прикажан во Кинотеката.

Филмот е дел од дополнителната програма на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

Веднаш по филмот, публиката ќе може да проследи видеообраќање на хрватскиот писател Миленко Јерговиќ, кој е голем поддржувач на најуспешниот македонски документарец досега.

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ синоќа беше официјално затворен во Куршумли ан, каде што се реализира во изминатите три дена. Вообичаено, третата вечер на интернационалниот литературен фестивал беше посветена на лауератот на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон книжевноста на Балканот, која годинава ја доби големиот автор Исмаил Кадаре. Од оправдани причини Кадаре не можеше да дојде во Скопје, а наградата му беше испратена во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија42 минути

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ1 час

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ3 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура4 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија5 часа

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Македонија6 часа

Седуммина починати и 186 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија седум лица починaа од коронавирус, а потврдени се 186 нови случаи од 1.674 теста,...

Македонија6 часа

ЗНМ повикува на транспарентна и непристрасна истрага за рекламирањето на партиите на последните избори

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на објавата на Основното jавно oбвинителство во која информираат дека е отворена истрага...

Македонија6 часа

(Видео) Костадинов: Односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство

Македонскиот јазик e признат од целиот свет, односите со Бугарија ги градиме во духот на договорот за добрососедство, изјави портпаролот...

Македонија7 часа

Владата: Потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна

Обезбедена е целосна грижа и доволно места за децата во градинките, единствен логичен чекор е родителите да се вратат на...

Македонија8 часа

Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус

Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на...

Македонија9 часа

(Видео) Ќе се гради пругата кон Бугарија

Новиот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, најави изградба на пруга на Коридорот 8, односно пругата до Бугарија. Тој...

Македонија10 часа

Засилени контроли во Скопје – за еден ден казнети 379 возачи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Регион10 часа

Нова одлука во Србија – сите што се враќаат во земјата мора да се пријават во здравствениот систем

Од утре, од 18 часот, во Србија стапува во сила нова одлука – сите државјани на Србија што ќе се...

Свет10 часа

Се затвора џамијата „Ал-Акса“ во Ерусалим поради коронавирусот

Третото најсвето исламско место во светот, ерусалимската џамија „Ал-Акса“ во Израел, од петок ќе биде затворена поради зголемување на бројот...

Свет11 час

Трамп го нарече докторот збунет, а тој му одговори: Маската ме штити повеќе од вакцина

Дури и ако вакцината против коронавирусот е одобрена во наредните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до...

Свет11 час

Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против...

Свет12 часа

СЗО: Дури во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Дури во 2022 година светот може да почне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан,...

Свет23 часа

Брејвик побара условно ослободување

Масовниот убиец Андерс Брејвик побара условно пуштање на слобода, изјави денеска неговиот адвокат Оејстеин Сторвик, за норвешкиот дневник „ВГ“. Брејвик...

Свет1 ден

Границите на Унгарија остануваат затворени

Унгарските граници остануваат затворени, а маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, со цел спречување на ширењето...

Досие