концерти
Грчките уметници Гримпас и Лазаридис настапија на Охридско лето
Со добро избрани композиции на Рахманинов и Мусоргски изведени на виолончело и пијано, грчките уметници Христос Гримпас и Џорџ Емануел Лазаридис приредија вистинско уживање за љубителите на класичната музика, кои вчера беа дел од публиката на Охридско лето.
Виолончелистот Гримпас е задоволен од својот настап пред публиката во црквата „Света Софија“, иако, како што рече, како музичар во оркестар веќе подолг период не музицира на концертните подиуми.
„Многу сме среќни и голема ни е честа со колегата Лазаридис што имаме можност да го изведеме нашиот перформанс во ова прекрасно место. Многу ми недостигаат концертите. Свирам во оркестар, но поради корона-кризата, не настапуваме, па, така, ми недостига музиката. Што се однесува до фестивалот Охридско лето, можам да кажам само пофални зборови за извонреднатa организација и би сакал повторно да настапиме овде“, изјави Гримпас.
На репертоарот беа Сонатата за виолончело и клавир оп. 19 од Сергеј Рахманинов, како и композицијата „Слики од изложба“ од Модест Мусоргски, што беше соло настап на пијанистот Лазаридис.
Христос Гримпас студиите ги почнува на Државниот конзерваториум во Солун, а продолжува да студира на Универзитетот за уметности во Берлин. Магистрира на познатата Висока школа за музика во Есен. Бил член на Рајнскиот младински оркестар, на Интернационалниот младински оркестар, како и на Оркестарот на Европската Унија.
Добитник е на повеќе награди и признанија. Од 2002 година е редовен член на Симфонискиот оркестар на Солун. Основач и член е на ансамблот „Транскрипшн“, со кој настапува во музејот „Тејт модерн“ во Лондон, во Музејот „Кралица Софија“ во Мадрид, во „Мегарон“ во Атина, во музејот „Сабанџи“ во Истанбул и др.
Пијанистот Џорџ Емануел Лазаридис е сестран музичар со повеќе од 30-годишно присуство на интернационалната музичка сцена, како солист, композитор, едукатор и основач на повеќе нови културни институции. Активен е на концертната сцена во престижни концертни сали од САД и Мексико до Европа, Русија и на Блискиот Исток, со настапи што го носат на некои од најпознатите музички фестивали во Истанбул, Акс во Прованса, Монтереи, Свонси, како и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол, Музикферајн, салата на Петербуршката филхармонија и многу други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
концерти
„Медитеранска магија“: Концерт за две пијана и четирирачно пијано на дуото Аврамовска–Мариновски
Во Салон 19 19, на 26 ноември 2025 година со почеток во 19:19 часот, ќе се одржи концертот „Медитеранска магија“ — музичка вечер посветена на јужниот медитерански дух, во изведба на дуото Аврамовска–Мариновски. Наратор на концертот ќе биде Мимоза Рајл.
Публиката ќе има можност да доживее ретко музичко патување исполнето со сончеви ритми, страст и виртуозност. На програмата се дела од италијански, француски и шпански автори, како и премиерни изведби и специјално подготвени аранжмани.
Програма:
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 2
Жорж Бизе – Свита „Арлезијанка“ бр. 1
Ернесто де Куртис – Non ti scordar di me (солист: Илија Белистојановски)
Rodolfo Falvo – Dicitebcelli (солист: Илија Белистојановски)
Г. Росини – Увертира „Крадливата страчка“
Исаак Албениз – Rapsodia Española
Дуото, активно веќе девет години, има бројни настапи во Македонија и во странство — меѓу кои Турција, Бугарија и САД. Нивната работа е посветена на спојот меѓу македонската традиција и современиот музички израз, со концертни програми што ја освојуваат публиката со емоција и уметничка длабочина.
„Медитеранска магија“ ветува вечер исполнета со топлина, енергија и дух на јужниот Медитеран — музика која ги надминува границите и допира директно до публиката.
концерти
Почна фестивалот „Виноскоп 2023“
Со настапи на Стефан Петановски, Пајак, „Офчестра“, „Брас брадрс“ и „Фолтин“ вчера беше отворен фестивалот „Виноксоп“, кој веќе тринаесет години по ред ја промовира македонската винска култура.
![]()
Со учество на над 40 винарници и гурмански катчиња фестивалот продолжува до сабота, а денеска концертни настапи ќе имаат „Баклава“, Нино Величковски, Сале Певац, Дани Димитровска и „Куку леле’.
![]()
Програмата почнува во 17 ч со „афтер ворк“ забава, а до 19 ч на секои две купени вина, посетителите ќе добијат едно гратис.
концерти
Петтото издание на музичкиот фестивал „Андерфест“ Скопје
Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар (МКЦ).
На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк-рок, метал, хардкор-сцената од нашата држава, која ќе покаже дека е одлична и има што да понуди.
Од најавените бендови, сите ѝ се одлично познати на македонската публика. Се работи за актуелни музички имиња за кои организаторите очекуваат многу публика и ветуваат забава.
На „Андерфест 5“ ќе настапат: Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.
Продажбата на билети за концертот e почната и можете да ги набавите преку следниот линк.

