Контакт

концерти

Гудачкиот квартет „Дисонанс“ вечерва на Охридско лето

Објавено пред

Фестивалската програма на 60-тото јубилејно издание на фестивалот Охридско лето продолжува вечерва со концерт на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“, што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Членовите на овој музички состав „Дисонанс“ првпат се собрале поради изведба на гудачки квартет од словенечкиот композитор Лојзе Лебич во 2014 година, премиера на делото што било напишано 30 години порано. Изведбата на квартетот била одлично примена од стручната публика, а музичкиот критичар д-р Грегор Помпе за дневниот весник „Дневник“ ќе напише: „Овој адхок составен квартет за изведба на делото од Лебич беше вистинско изненадување. Станува збор за дело што е бескомпромисно модерно поради што веројатно досега не се нашле домашни музичари што би го извеле, но затоа детерминираноста на младите музичари од Словенечката филхармонија длабоко навлезе во звучните каскади и придонесе кон возбудлива изведба. Би било навистина одлично кога овие музичари би креирале постојан ансамбл“. По ваквиот прием, членовите на „Дисонанс“ навистина одлучиле да останат присутни на класичната музичка сцена именувајќи го ансамблот со името на Моцартовиот гудачки квартет во Це-дур – KV 465.

Од основањето, па до денес, квартетот „Дисонанс“ настапува во концертното ателје на Сојузот на словенечките композитори, на Светските музички денови во 2015, на фестивалот Собошки денови во 2016, на фестивалот во Марибор, на интернационалното биенале за современа музика во Копер и др. Во соработка со италијанскиот кларинетист Микеле Марели квартетот настапува на летниот фестивал во Акви Терме, „Алесандрија“, во 2015 година, а го реализира и проектот„Деконструиран Моцарт“ во рамките на интернационалниот циклус „Симфониски гласови“ во Копер. Според членовите на ансамблот, името на квартетот ја отсликува нивната тенденција покрај класичната музичка литература, посветено да изведуваат и современа музика, особено напишана од словенечки композитори.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Објавено пред

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло-рецитал на фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер, која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Филхармонија во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“

Објавено пред

Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“.

Концертот е насловен „Гравитациски бранови“, а ќе прозвучат дела од Ристо Аврмовски -Lamento per Macedonia, Панде Шахов – циклус за гудачки оркестар „Езера“, Тома Прошев – Темпера 4, Горан Начевски -Aurora Musis Amica Est и Михаило Трандафиловски – циклус за гудачки оркестар „Акварел“. Делата на Шахов и на Трандафиловски ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски.

Прикажи повеќе...

концерти

Фестивал на музика од светот од 18 до 20 септември во Битола

Објавено пред

Од 18 до 20 септември во Битола ќе се одржи 12. издание на Фестивалот на музика од светот.

„Светот, поради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно зашто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома“, изјави Маја Андоновска-Илијевски, директор на НУ Центар за култура – Битола, кој е организатор на овој фестивал.

Во трите фестивалски дена публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18 септември, каде што ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс „Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од Операта во Малме, Шведска, Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски. Локацијата е Хераклеја, почеток во 19.30 часот.
На 19 септември е сместена Оф-програмата со пладневен концерт на ConTruDJ во „Интермецо“ и со вечерната програма „Ноќ на џезот“ во битолската „Порта џез“.

За последната вечер, 20 септември, е најавен концертот на Владимир Четкар.

„Свирењето пред македонската публика е како враќање дома“, изјави Четкар за концертот во Битола, кој ќе се одржи на локацијата Пацио на НУ Завод и музеј – Битола со почеток 19.30 часот.

Целиот визуелен идентитет за фестивалот е дело на графичката дизајнерка Ангела Христовска, која има свое објаснување за крикот на уметникот во време на пандемија и неговиот гласен молк.

„Оваа ситуација нè научи да го запознаеме и прифатиме својот микрокосмос и да го сместиме светот во неговите граници. Миксот на кирилично-латинична типографија е симбол на тој свет, присилно сместен во границите на нашиот микрокосмос. И само уметноста ја има моќта да ги премине тие граници“, објасна таа.

Влезниците за настаните на 18 и 20 септември се 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат според сите протоколи предвидени за вакви настани.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија44 минути

Викенд без ДДВ од 10. до 12. октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ2 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа2 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет3 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ4 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа5 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет6 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија19 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа21 час

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија23 часа

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија24 часа

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет1 ден

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 ден

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 ден

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Свет1 ден

По терористичкиот напад во Париз – уапсен главниот осомничен, приведени уште 6 лица

Седум лица се приведени за нападот пред поранешните канцеларии на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, соопштија официјалните лица. Маж вооружен со...

Свет1 ден

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија1 ден

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Досие