Контакт

Книги

Десет романи во конкуренција за наградата „Роман на годината“

Објавено пред

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, во состав: Николина Андова-Шопова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова-Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција избра десет романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда.

1. „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска-Анѓелков, „Или-или“
2. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“
3. „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“
4. „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“
5. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“
6. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или-или“
7. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“
8. „Аб’т“, Оливера Ќорвезироска, „Или-или“
9. „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ, „Темплум“
10. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С. Црвенковска, „Чудна шума“

На годинешниот конкурс пристигнаа дури 38 романи. Жири-комисијата во првата селекција избра 20 наслови, а сега списокот го стесни на десет романи. Според најавите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција в петок, 13 март.

Наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, годинава ќе се врачи 21 пат. Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, се состои во паричен износ од 150.000 денари, плакета и оригинална статуетка.

Книги

Романот „Барутни облаци“ од Бранислав Ѓорѓевски издаден на германски јазик

Објавено пред

Романот „Барутни облаци“ од македонскиот автор Бранислав Ѓорѓевски е преведен и издаден на германски јазик.

Со насловот Pulvershcwaden романот „Барутни облаци“ е издаден од страна на издавачот Бернд Е. Шолц и е поставен на најголемата онлајн-платформа за продажба на книги „Амазон“.

„Барутни облаци“ е втората книга на Ѓорѓевски, која е издадена на германски јазик. Претходно, во 2016 година, од истата издавачка куќа беше објавена неговата збирка раскази „Северно од Сонцето“.

Покрај романот „Барутни облаци“, Ѓорѓевски досега има напишано и две збирки раскази – „Сите тие краеви“ (2012) и „Северно од Сонцето“ (2015).

Прикажи повеќе...

Книги

Израелскиот поет и романсиер Амир Ор лауреат на Струшките вечери на поезијата

Објавено пред

Добитник на главната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2020 година е израелскиот поет, романописец и есеист Амир Ор, соопшти Управниот одбор на фестивалот.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на поетското читање „Мостови“, една од централните манифестации на годинешното издание на фестивалот, предвиден да се одржи од 26 до 31 август.

Во образложението на одлуката, професорката Елизабета Шелева, претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, потенцира:

„Амир Ор е интригантен автор, кој доаѓа и се надоврзува на една, исклучително богата, интригантна и влијателна книжевна и културна традиција, како што е хебрејската, која себеси постојано се градела низ вековите како своевиден палимпсест и синтеза на плодоносни гео-културни вкрстувања и разновидни творечки практики.

Амир Ор е водечки израелски поет, писател и есеист, познат како главниот глас на новата генерација од светската книжевност.

Автор е на 13 збирки поезија, од кои најнови се: Плен – избрани песни 1977-2013 (2013), Крилја (2015) и Дете (2018). Неговите песни се преведени на 50 јазици и биле објавени во поетски списанија, антологии и книжевни веб-страници, како и во 33 книги низ Европа, Америка и Азија. Негови романи се Песната на Тахира (2001), фиктивна епопеја во стихови, и Кралството, роман за животот на кралот Давид.

Ор е добитник на повеќе израелски и меѓународни поетски награди.

Според востановената традиција, одлуката за наградата за лауреатот на Струшки вечери на поезијата се соопштува од Управниот одбор на Свечена седница, што се одржува во МАНУ, но заради почитување на мерките за заштита од коронавирусот, овојпат организаторите испратија соопштение до медиумите.

Прикажи повеќе...

Книги

Издавачкиот центар „Три“ нуди бесплатни е-книги цел месец

Објавено пред

Издавачкиот центар „Три“, со цел да им излезе во пресрет на читателите во периодот на изолација, предвреме ја става во функција својата нова специјализирана апликација за читање електронски книги Kniga.mk, изработена со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.

Kniga.mk е мобилна апликација достапна за корисниците на „Иос“ и „Андроид“, која овозможува пристап до голема база електронски книги, изданија на „Три“ и „Паблишер“, достапни за купување и прелистување на сите уреди – која нуди одлично читачко искуство и можност за многу лични приспособувања.

На овој начин книгите стануваат достапни во секој дом и во секое време. За сите корисници во промотивниот период „Три“ издвои 20 бесплатни ексклузивни изданија од својата продукција.

Книги од домашни ексклузивци, како Венко Андоновски, Винка Саздова, Коста Петров, Ана Јовковска, и атрактивни преводни изданија ќе бидат достапни за сите што ќе ја симнат и користат апликацијата Kniga.mk од „Ап стор“ и „Гугл плеј“.

Остануваме поврзани повеќе од кога било со светот на книгите со новата мобилна апликација Kniga.mk на „Три“!

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите што користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што...

Македонија4 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија4 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија4 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија5 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија6 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија6 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа8 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија10 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет10 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија11 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет11 час

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион11 час

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет12 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа14 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија23 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија1 ден

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија1 ден

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Досие