Контакт

концерти

Дуке Бојаџиев со моќен апел – на неговиот концерт гореа 1.076 свеќи за спас на Охрид

Објавено пред

Дуке Бојаџиев му го посвети на Охридското Езеро концертот што го одржа синоќа во рамки на „Охридско лето“. Тој ја повика публиката во преполното гледалиште на сцената „Долни Сарај” да запали свеќи како апел до надлежните да се спаси ова единствено место на планетата.

Запалените свеќи гореа додека Дуке Бојаџиев премиерно ја изведуваше композицијата „Охрид” со која го отвори концертот. „Охридското Езеро станува сė позагрозено. Ги повикувам сите структури во државата да направат сė што можат”, рече тој.

На спектакуларниот концерт заедно со Дуке Бојаџиев настапија и неговите долгогодишни соработници и чести гости на концертите, Исмаил Лумановски на кларинет, Мартин Ѓаконовски на контрабас и Костас Анастасиадис на тапани, како и актерката Наташа Петровиќ, вокал и нарација.
Ова единствено музичко доживување беше збогатено и со гостувањата на македонската ѕвезда Каролина Гочева, Бранко Николов од Фолтин и гитаристот Георги Шарески.

Минатата недела и Влатко Стефановски упати гласен апел за спас на Охрид и крајбрежјето за време на својот концерт во Античкиот театар во Охрид.

Инаку, на Охрид и крајбрежјето им се заканува опасност од губење на статусот на заштитено културно и природно наследство на УНЕСКО, нешто што речиси исклучиво се случува само со културните и природните наследства под заштита на УНЕСКО кои се наоѓаат во региони погодени од војни или природни катастрофи. Во случајот на Охрид и крајбрежјето, најголема закана се регистрираните дивоградби, а клучниот услов за ова да не се случи е нивно отстранување и воведување на мораториум на градење  до донесување на интегриран план за управување со Охридскиот Регион.

концерти

Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

Објавено пред

На 10 декември во камерната сала на Филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт со наслов „Зимска Бајка“.

Концертот е всушност збогатување на празничната атмосфера и одлична можност за подигнување на новогодишното расположение, информираат од организаторот „Баги комуникации“.

Концертот симболично ќе започне со делото „Декември“ од Петар Илич Чајковски, а ќе продолжи со фрагменти од „Оревокршачка“. Потоа настапот ќе продолжи со делото на Сергеј Рахмањинов „Прелудиум во g-moll“, Франц Лист – „Унгарска Рапсодија бр.2“, Јохан Штраус помладиот со неговата „ТричТрач Полка“ и „Ла Валс“ на Морис Равел.

„Искрено и длабоко верувам дека генијалната музика на големите автори кои ќе бидат дел од програмата ќе ги стопли срцата на сите присутни и барем за миг заедно ќе ја пронајдеме магијата и мистеријата на зимата. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со мојата домашна публика, непосредно пред моите настапи во неколку европски престолнини“, вели Дино Имери.

Тој важи за еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.

Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“, „Југотон“ како и онлајн.

Прикажи повеќе...

концерти

„Мистична деветка“ со виолинистката Фросина Богданоска

Објавено пред

„Мистична деветка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи в четврток, на 5 декември. На програмата се дела од двајца руски гиганти – Сергеј Прокофјев и Дмитри Шостакович.

Публиката ќе има можност да ја чуе македонската виолинистика Фросина Богданоска во изведба на Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Сергеј Прокофјев. На програмата е и Деветтата симфонија од Дмитри Шостакович.

Уште од Бетовен, секој композитор кога ја пишувал деветтата симфонија се соочувал со притисокот од јавноста. Шостакович се соочил со драматичен притисок, бидејќи јавноста од него очекувала оваа симфонија по претходните две кои го отсликувале страдањето да биде епска и со триумфални пропорции.

„Сакаа да напишам ода, магична деветта симфонија. Не сакав да напишам ода за Сталин, ниту, пак, да биде врзана со проблемите со кои сè уште се соочуваше народот. Затоа избрав трета опција“, напиша Шостакович за оваа симфонија.

Тој создаде целосно апстрактно музичко дело, чисто и перфектно, речиси во неокласичен стил. Се одлучи да напише симфонија која ќе биде доволно апстрактна за Сталин да не може да ја разбере и критикува. Сепак, Сталин бил разочаран кога ја слушнал. Очекувал симфонијата да биде грандиозна со хор, солисти, со директна посвета. По премиерната изведба критичарите биле остри кон Шостакович – еден од рецензентите напишал дека симфонијата звучи како „стар Хајдн и искарикиран Чарли Чаплин“.

Без оглед на првичните реакции по премиерата на оваа симфонија, таа во себе ја носи елементарната музичка суштина типична за творештвото на Шостакович и претставува автентично симфониско ремек-дело кое редовно се изведува на светската музичка сцена.

Во Концертот за виолина и оркестар број 1, Сергеј Прокофјев музички пресликал две дијаметрално спротивни емоции – лирска и саркастична. Станува збор за генијално солистичко ремек-дело, но и возбудлива оркестарска приказна во која Прокофјев го потенцира својот индивидуален творечки сензибилитет.

Фросина Богданоска дипломски и постдипломски студии завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисока оцена CUM LAUDE, во класата на проф. Љубиша Кировски. Во 2010 добива стипендија и понуда за постдипломски студии на Кралската академија во Лондон, а во 2012 запишува специјализација на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, во класата на проф. Антон Сороков. До неодамна беше член на Симфонискиот оркестар на Австриското радио РСО ОРФ Виена и соработник со Виенскиот симфониски оркестар – Wiener Symphoniker, а сега е член на Каринтискиот оркестар на Театарот во Клагенфурт, каде што оваа сезона служи како водач на први виолини. Свири на виолина изработена од нејзиниот татко Светозар Богданоски.

Концертот „Мистична деветка“ ќе го води харизматичниот холандски диргент Конрад ван Алфен. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна нивото на овој оркестар и тој стана интернационално признат и беше домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментов е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт на Сашко Костов во „Котур“

Објавено пред

На 7 декември со почеток во 22 часот ќе се одржи концерт на Сашко Костов во „Котур“ во Скопје.

Петтиот по ред солоалбум „Крик и прашина“ на Сашко Костов ја создава и проектира сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.

„Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик… Албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Авторот ги држи сите конци во своите раце, високо поставувајќи ги критериумите на модерната поп-музика, издигнати од длабоката заслуга на соул, фанк, џез-рок, соул-џез, соул-поп и уште неколку фузиски жанрови”, објави хрватската веб-страница Терапија.

Во продолжение сајтот објаснува дека станува збор за „бомбастичен, сензибилен, понекогаш мрачен, но емотивен албум со силно ткаење на перфектно поставен музички столб, кој е целосно поврзан со поетиката низ некои ангажирани социо-политички конотации”.

На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Мартина Баракоска – тапани, Андреја Салпе – гитара, Симеон Андоновски – бас, Симон Облешевски – клавијатури.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Свет5 часа

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен...

Регион7 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ8 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија8 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија8 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија11 час

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион12 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт13 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет13 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија14 часа

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет15 часа

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет15 часа

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет15 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион1 ден

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ1 ден

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион1 ден

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ1 ден

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ1 ден

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија1 ден

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Досие