Контакт

Култура

„Еден месец насело“ гостува во Црна Гора

Објавено пред

Македонскиот народен театар со претставата „Еден месец на село“, кое е дело од врвниот книжевен опус на рускиот автор Иван Сергеевич Тургењев, а во режија на славниот италијански режисер Паоло Маџели, на 1 ноември ќе гостува на сцената на Црногорско народно позориште, Подгорица, Црна Гора.

„Еден месец на село“ ќе биде изведена пред црногорската публика во ревиjалниот дел, а во рамките на затворањето на Биеналето на црногорските театри 2019 година, како и по повод прославата за Денот на Црногорскиот народен театар.

Во овој исклучителен проект, кој својата премиерна изведба ја имаше на 29 септември минатата година, игра веќе докажаната актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина-Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

Во процесот на претставата соработуваа уметници, меѓу кои Катерина Коцевска, која го направи преводот и адаптацијата на текстот, Жељка Удовичиќ – драматург, Лоренцо Банчи – сценограф и Мануела Паладин – костимограф и композитор на музиката е Љупчо Константинов.

Култура

Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите

Објавено пред

Министерството за култура и Асоцијацијата на архитектите денес потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој меморандум за соработка, како што информираа министерката Ирена Стефоска, претседателот на ААМ, Мишко Ралев, и претседателката на собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска, е вклучувањето тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот Регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

Прикажи повеќе...

Култура

(Видео) „Да танцуваме уште“ – песната што стана културен феномен за време на ограничувањата во Франција

Објавено пред

Создадена минатиот декември, песната „Да танцуваме уште“ стана музички крик за сплотување на оние што се залагаат за враќање на културните настани во Франција.

Почнува во знак на протест на работниците во културата, но набрзо прераснува во културен феномен.

Со недели, оваа нумера е дел од протестите против рестриктивните мерки во земјата, но и на други локации каде луѓето спонтано се собираат, пејат и танцуваат.

Стиховите директно се однесуваат на ограничувањата воведени во октомври, што доведе до затворање на сите културни собири во земјата, а состојбата од тогаш остана непроменета.

„Со секоја авторитарна мерка за нашата сигурност, губиме од нашата самодоверба. Упорни се да ни ја ограничат свеста“, се наведува во текстот на песната.

Прикажи повеќе...

Култура

Шпанија запре аукција на можно одамна изгубено ремек-дело на Караваџо

Објавено пред

Шпанија ја блокираше аукцијата на слика во Мадрид, сугерирајќи дека може да се работи за одамна изгубено ремек-дело на италијанскиот ренесансен уметник Караваџо.

Почетната цена за „Крунисување со трње“ првично беше 1.500 евра (1.800 американски долари).

Но, ако е навистина од Микеланџело Мериси, подоцна наречен Караваџо, може да вреди до 150 милиони евра.

Сликата ја испитуваат експерти, и назначено е дека „не е за извоз“.

 

Масло на платно од 17 век го прикажува Исус непосредно пред неговото распетие и, според каталогот на аукцијата, му се припишува на шпанскиот уметник Хозе де Рибера.

Со загриженост дека делото може да се продаде во странство, шпанската влада брзо реагираше и ја блокираше аукцијата само неколку часа пред сликата да се најде под чеканот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија6 часа

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија8 часа

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија9 часа

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија12 часа

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија13 часа

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Европа14 часа

ЕУ: Ковид-пасошите ќе важат за сите вакцини, а и за граѓаните од трети земји

Дигиталните т.н. зелени сертификати, кои треба да станат оперативни во ЕУ до почетокот на летото, ќе бидат издавани за сите...

Македонија15 часа

Цените за лекување од Ковид-19 во приватните болници ќе се ограничат на 5.000 евра

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи најави дека на денешната владина седница на дневен ред ќе бидат измените...

Топ15 часа

Во „хамер“ на тетовски дилер пронајдени 100 пакувања кокаин

Во вечерните часови на 12 април, на паркинг од фирма во тетовското село Порој, полицијата го уапсила 31-годишниот дилер А....

Европа16 часа

(Видео) Славење на британските улици, земјата излезе од четиримесечна блокада

Граѓаните на Велика Британија уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци. Со оглед на успешниот процес на имунизација,...

Свет17 часа

СЗО: Ова не е ситуација во која сакаме да бидеме

Светската здравствена организација предупредува дека пандемијата на коронавирусот расте експоненцијално. Светската организација претходно објави дека се очекува зголемување на бројот...

Македонија17 часа

Денеска се очекува пресуда за предметот „Трезор“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба...

Свет17 часа

(Видео) Во САД убиен млад црнец – полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен црнец го загуби животот се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал...

Регион18 часа

Фајон: Неодговорното однесување на премиерот на Словенија може да доведе до нова војна на Балканот

Коментирајќи го наводното постоење нон-пејпер на словенечкиот премиер Јанез Јанша, европратеничката Тања Фајон рече дека неодговорното однесување во врска со...

Европа18 часа

Словенија загрижена: Луѓето намерно се заразуваат со коронавирус за да може полесно да патуваат

Словенија е загрижена поради опасен тренд што се шири меѓу луѓето со намерно инфицирање со коронавирусот со цел да стекнат...

Свет19 часа

(Видео) Пукање во американско училиште, едно лице убиено, а еден полицаец е ранет

Ученик, кој отворил оган во средно училиште во Ноксвил, Тенеси, беше убиен, а неколку лица, вклучувајќи и полицаец, беа повредени...

Регион1 ден

(Видео) Суспендирани двајца полицајци кои во Мостар претепаа момче поради кршење на мерките

Главна тема во БиХ деновиве е видеото снимено во Мостар на кое се гледа како двајца полицајци брутално тепаат момче....

Свет1 ден

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не...

Топ1 ден

Од автомобил паркиран зад полициска станица украл службени легитимации и картичка за влез во МВР

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 47-годишник, кој на 28 март извршил тешка кражба во близина на полициската станица...

Македонија1 ден

34 починати и 193 нови случаи на Ковид-19

Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи...

Досие