Контакт

Изложби

Изложба „Мустаќлии“ во Мала станица

Објавено пред

Во знак на месецот ноември за подигнување на свеста за машкото здравје и глобалната кампања на пуштање на мустаќи кај мажите – Movember, Националната галерија ја организира изложбата насловена „Мустаќлии“ на дела од нејзината богата колекција која ќе биде отворена на 14 ноември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, 20 часот. Изложбата ќе биде отворена до 8 декември.

Оваа изложба е првото издание на проектот „Од поинаков дискурс“, кој има за цел да вклучи интелектуалци чија дејност не е тесно врзана со ликовната уметност, критика и теорија, кои во соработка со ко-куратор од галеријата ќе работат на некоја тематика која ја задаваат, а е инспирирана од богатата колекција на Националната галерија, со цел од поинаков дискурс да се пристапи кон толкување, систематизација и истражување на нашето културно благо.

Темата „Мустаќлии“ ја предложил Владимир Мартиновски, професор, поет, писател, есеист, раскажувач, теоретичар и книжевен преведувач.

„Кога точно пред еден век Марсел Дишан (во 1919 година) ѝ доцртал мустаќи на Мона Лиза, покрај субверзивната пресметка со традицијата, тој ни оставил визуелно потсетување колку навидум ‘малите’ ликовни интервенции на лицето можат да го променат ‘личниот опис’ (а со тоа и идентитетот) на насликаниот модел. Во детството ретко кој не им цртал или доцртувал мустаќи на ликовите од фотографиите од старите весници: само со неколку потези со моливот или пенкалото, само со повлекување неколку линии т.е. влакна, за миг излегува сосема нов лик!

Таа миговна метаморфоза ни покажува дека мустаќите(грч. μύσταξ,)не се само ‘грст влакна над горната усна’ или ‘коса на лицето“, како што неретко се дефинираат. Имено, мустаќите не се само украс на човековото лице. Тие се визуелен знак, симбол, па затоа воопшто не се за потценување кога зборуваме за нивното присуство (или отсуство) во портретната уметност од нејзините почетоци до денес.

Постоеле епохи во кои мустаќите биле клучен визуелен знак за машкоста, храброста, јунаштвото… Иако денес само во ноември дел од мажите пуштаат мустаќи како видлива поддршка на глобалната кампања за подигнување на свеста за машкото здравје, до средината на минатиот век неретко се велело: ‘Маж без мустаќи не е маж’.

Во текот на XX век во македонската ликовна уметност се создадени низа впечатливи портрети на ‘мустаќлии’.

Преку избор од педесетина портрети на мажи со мустаќи од богатата колекција на Националната галерија на Македонија, реализирани во различни ликовни техники, изложбата ‘Мустаќлии’ има за цел да загатне низа естетски, семиотички, антрополошки, социолошки, културолошки и родови аспекти на овој феномен.“ (извадок од текстот на д-р Владимир Мартиновски)

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложби и проекти на Националната галерија ќе бидат достапни на интернет

Објавено пред

Националната галерија ги затвори своите изложбени простори во согласност со препораките на Владата и се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.

Од Националната галерија информираат дека започнуваат со нудење бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од досегашни изложби, проекти и активности.

„Наскоро најавуваме и виертуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар.
Во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за нашите најмали и најмили посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од нашиот едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и секако да не ги забораваме и најранливите категории – децата со посебни потреби“, велат од Галеријата.

На 23 март во сите објекти на Националната галерија е извршена дезинфекција на изложбените и работните простории.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин

Објавено пред

Амбасадорката на Канада за Србија, Македонија и за Црна Гора, Кати Чаба, и директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, на 10 март, во 19 часот, во објектот Чифте амам, ќе ја отворат изложбата на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин.

Ги Ланжевин (роден на 29 мај 1954 година во Шикутими, Квебек, Канада), дипломирал 1977 на Универзитетот во Троа-Ривиер. Познат е по делата во црна гравура (мецотинта), држи курсеви за магистранди по оваа техника во Канада и други земји (Франција, Белгија, Луксембург, Кина, САД). Еден е од основачите на ателјето Presse Papier и меѓународното биенале на современа графика во Троа-Ривиер. Учествувал во многубројни уметнички проекти како кустос и член на жирито/уметничкиот совет. Излагал на повеќе од 60 самостојни (40 во Канада, 20 во странство) и над 150 групни изложби во Канада и 250 меѓународни изложби во светот.

Од опусот на уметникот на македонската публика ќе ѝ бидат претставени повеќе графики од серијалот „Паднати ангели“. Во овие дела Ланжевин продолжува со истражувањето на некои од дуалитетите што го карактеризираат нашето доживување на животот – светлоста и темнината, сигурноста и сомнежот, сеќавањето и заборавот, но и контрастот помеѓу јаснотијата и неодреденоста на паметењето. Тој избрал во оваа серија да им се посвети на две техники – мецотинта, традиционална техника која бара висок степен на мануелна прецизност и вештина, и дигитална фотографија, која се развива со голема брзина во основна техника на 21 век. Поставката е замислена како целина за изложување, на тој начин правејќи ја инсталација што на гледачот му нуди предизвик и можност за размислување. На „паѓачките ангели“ им се одземени крилјата, исто како што им се одземени облеката и идентитетот на лицата. Тие се со човечко потекло, а набљудувачот може да ги толкува на разни начини.

Техниката мецотинта е една од најмануелните техники во графичките процеси бидејќи за изработување на матрицата – металната плоча, од која се пресликува имиџот на хартија, е потребно да се работи по механички пат со помош на лулашка – специјална алатка за гребење по металниот цртеж. Оттука, оваа изложба има уште една едукативна компонента и става акцент врз старите техники, кои речиси,се на работ на исчезнувањето.

Со таква цел, во соработка со Факултетот за ликовни уметности, во одделот графика во Сули ан, уметникот ќе одржи предавање еден ден пред отворањето на изложбата, на 9 март, во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија8 часа

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Македонија8 часа

Османи: Засега нема предлог за воведување полициски час во одделни скопски општини

Засега нема предлог до Кризниот штаб и Владата за воведување полициски час во одделни општини низ Скопје, каде бројот на...

Македонија9 часа

Седум починати и 89 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во изминатите 24 часа во државава се потврдени 89 нови случаи на коронавирус и седум смртни случаи, соопшти Министерството за...

Економија10 часа

Горивата поевтинуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Датумот е завршена работа, избори ќе има на 5 јули

Поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули за да добиеме...

Регион11 час

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на Ковид-19

Словенија официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирус. Од денеска се олеснети рестриктивните мерки, а со работа почнуваат фитнес-центрите, салоните...

Македонија12 часа

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, позитивна на Ковид-19

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, објави на Фејсбук дека е позитивна на коронавирус. Таа вели дека по...

Македонија12 часа

И директорот на финансиска полиција и градоначалникот на Чаир во самоизолација

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, се во самоизолација затоа што...

Македонија13 часа

Од утре пак не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери

Oд утре, вторник, 2 јуни, повторно нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица, односно за жени...

Македонија13 часа

Османи: Денеска бројот е уште позагрижувачки!

Денеска бројот е уште позагрижувачки, напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, на „Фејсбук“. Тој вели дека не е потребно...

Македонија14 часа

Царовска и Манчевски во самоизолација, биле на состанок со Зекири

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, од денеска се во самоизолација...

Македонија14 часа

Црна Гора не прима македонски државјани поради зголемениот број заразени

Владата на Црна Гора ја отстрани Македонија од листата држави кои немаат потреба од државен карантин при влез на територијата...

Свет14 часа

(Видео) Протестите за смртта на Афроамериканецот се проширија и во Европа

Во Лондон и уште неколку градови во Велика Британија се одржаа протести како поддршка на демонстрациите во САД, поради смртта...

Свет14 часа

(Видео) Трамп евакуиран во подземен бункер под Белата куќа

Агенти од тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога Белата куќа ја опколија демонстранти,...

Свет1 ден

(Видео) Астронаутите на „Спејс-икс“ и НАСА пристигнаа во вселенската станица

Вселенското летало „Dragon“ на американската компанија „Space-X“, во кое се вклучени астронаути нa НАСА, Роберт Бенкен и Даглас Харли, пристигна...

Македонија1 ден

Заев: Гласањето на изборите ќе се одржи според сите безбедносни протоколи

Избори мора да има час поскоро. Предизбрните активности и самото гласање ќе се одржат согласно сите безбедносни протоколи, пишува претседателот...

Македонија1 ден

Јанушев чека резултати од тестот по дебатата со Зекири, новинарката Мрѓа е во домашна изолација

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој е заразен со коронавирус, пред два дена учествуваше на дебата во ТВ24 заедно со...

Спорт1 ден

Позитивни на Ковид-19 има во Ренова и Шкендија

Ре-стартот на фудбалскиот шампионат на Македонија, предвиден за 14 или 21 јуни, најверојатно ќе биде одложен откако четворица од Ренова...

Економија1 ден

Бектеши: Од 15 јули ваучери од 6.000 денари за домашен туризам

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција информираше дека на последната седница на Владата, на предлог на Министерството за...

Досие