Контакт

Изложби

Изложба на културен центар од Австралија: „Еволуција: маските од теснецот Торес“

Објавено пред

Во Мала станица во Скопје ќе биде поставена меѓународна патувачка изложба создадена од страна на Културниот центар „Габ Титуи“ од Австралија, во соработка со МНР на Австралија, Националниот музеј на Австралија и Амбасадата на Австралија во Белград насловена „Еволуција: маските од теснецот Торес“.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за документаристичка изложба на фотографии и описи. Изложбата ќе се отвори на 8 јуни 2022 (среда), со почеток во 18 часот.

Теснецот Торес (Zenadh Kes) е група острови кои се лоцирани помеѓу северна Австралија и Папуа Нова Гвинеја. Жителите на таа област одржуваат жива, уметничка, духовна и културна традиција. Една од спецификите на традицијата на околината е носење убави украсни маски. Иако доаѓаат од старите традиции и духовности, правењето маски денес претставува начин на заживување на таа уметност и култура.

Маските од теснецот Торес се исклучителни предмети од ритуално и историско значење. Носењето маска и ритуалите поврзани со неа го менуваат идентитетот на личноста што ја носи маската и отвораат канали за комуникација со нивните предци. Во 19 век европските мисионери и истражувачи собирале маски од овие области. Денес тие се дел од историски збирки.

Многу од овие маски се исклучителни по нивната сложеност и деталите што ги поседуваат. Изработката на овие маски вклучува низа вештини од технички, преку познавање на материјали до алатки. Оваа изложба ја истражува богатата и непречена практика на правење маски во Зенад Кес.

Самиот теснец Торес и договорот околу него се сметаат за едно од најкреативните решенија за прашањата на границите во меѓународното право.

Договорот ја регулира границата меѓу Австралија и Папуа Нова Гвинеја и дава рамка за регулирање на граничната област. Обезбедува и заштита на начинот на живот на жителите на Папуа Нова Гвинеја и теснецот Торес.

Изложбата ќе биде поставена до 22 јуни 2022 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Европските уметници Жмијевски и Алтхамер ќе создаваат колажни дела во МСУ, дел од нив ќе му подарат на Музејот

Објавено пред

Полските уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, ќе бидат ексклузивни гости на Музејот на современата уметност – Скопје.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на нивниот престој од 1 до 14 јули, ќе им биде овозможено да создаваат дела во самиот Музеј, а некои од нив ќе му ги подарат на МСУ. Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Нивниот колаборативен процес на работа, како отворено студио, ќе се одвива во еден од галериските простори на МСУ Скопје секој ден од 14 часот до после полноќ.

Музејот е отворен за посетители во своите редовни термини од вторник до сабота, од 10 до 17 часот, и во недела од 10 до 13 часот. Оние посетители што ќе дојдат во Музејот во периодот меѓу 14 и 17 часот ќе имаат можност да посведочат на процесот на работа на Жмијевски и Алтхамер.

Уметничкиот тандем е меѓу најважните претставници на таканаречената критичка уметност – карактеристична струја на полската уметност, која се заснова на критичка обработка на актуелните теми од јавниот живот.

Во текот на овие две недели, колку што ќе креираат, уметниците ќе создадат 30-ина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони итн… Посетителите се добредојдени да донесат дел од овие материјали и со тоа да придонесат во создавањето на делата.

На 14 јули ќе биде отворена нивната изложба со наслов „Полска школа на колаж“ (Polish School of Collage), која ќе биде поставена до 25 август 2022 година.

Уште поголем куриозитет е што некои од создадените дела овие светски познати автори ќе му ги подарат на Музејот на современата уметност – Скопје и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција на Музејот.

Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење. МСУ е симбол на солидарно Скопје, кога по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, Обединетите нации носат резолуција, во која стои дека не е важна само материјалната помош, туку и културата за подигнување на духот на настраданите. Токму таа резолуција и одлуката на светскиот конгрес на уметници во Њујорк ги повикаа сите светски уметници да донираат свои дела за разрушеното Скопје и да се удрат темелите на новата зграда. На распишаниот конкурс првата награда ја добива познатото архитектонско студио „Тигри“ од Полска. Владата на Полска во знак на солидарност му го донира овој проект на Скопје, а денес МСУ во својата колекција помеѓу другите значајни дела располага со над 200 уметнички донации од полски уметници (212 дела од 135 уметници). Со оглед на тоа што досегашните донации се од периодот 1964-1990 година, Жмијевски и Алтхамер ја продолжуваат низата донации со современи дела.

Минатата година Жмијевски првпат имаше голема самостојна изложба во МСУ Скопје. Ова претставување следуваше по неговото учество во рамките на меѓународната групна изложба „Сè што ни е заедничко“ во 2019 година во Музејот. Уште еден ексклузивитет е што ова ќе биде првото претставување на Павел Алтхамер во Скопје.

Артур Жмијевски (1966) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава, автор со богата уметничка кариера, кој е фокусиран на создавање инсталации, составени од фотографија, филм и видео.

Во своите дела тој го разоткрива светот на „другите“, кои често минуваат незабележани. Тој го снима нивното секојдневие покажувајќи како физичките и психичките ограничувања ги осудуваат овие луѓе да бидат маргинализирани во општеството. Преку експерименти со учество на избрани групи тој се обидува да разбере тешки искуства и табу-теми. Има изложувано на некои од најважните уметнички манифестации, како што се Венециското биенале и Документа во Касел, а бил и куратор на Берлинското биенале во 2012 година. Неговите дела се вклучени во колекциите на некои од најреномираните уметнички институции во светот, како, на пример, Музејот на модерната уметност во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, потоа „Новата пинакотека“ во Минхен…

Павел Алтхамер (1967) е визуелен уметник, кој живее и работи во Варшава. Работи во разни медиуми, како скулптура, перформанс, инсталација, видео. Создава скулпторски автопортрети, се појавува во перформанси и видео настојувајќи да ја доживее материјалноста на телото и да ги дефинира сопствените ментални граници. Преку акции, во кои вклучува цели заедници, тој сака да создава општествени заедници соочувајќи се со луѓето преку уметноста. Тој го доведува во прашање значењето на монументалните споменици според обемот на неговите дела и случајноста на неговите материјали. Неговите дела повикуваат и на социјалната скулптура на Бојс и на наследството на „Отворената форма на Оскар Хансен“. Тој може да се опише и како уметник со афинитет за релациска естетика. Учествувал на најзначајните светски изложби, меѓу кои „Документа 10“ (1997), на Биеналето во Венеција (2003, 2013), Берлинското биенале (2012), Skulptur Projekte Münster (2017). Добитник е и на многубројни награди, како што е биеналната награда за современа уметност во Европа „Винсент ван Гог“ во 2004 година.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на графики, цртежи и колажи од Слободан Радојковиќ

Објавено пред

Културно-информативниот центар – Скопје има особена чест и задоволство да ве покани на отворањето на изложбата на графики, цртежи и колажи од академскиот графичар Слободан Радојковиќ (Србија).

dobivaj vesti na viber

На прв поглед станува збор за три наративи, циклуси, со кои Радојковиќ ѝ се претставува на ликовната публика. Но, тоа е привид зашто сите три циклуси („Лулиња и чешли“, „Колиби и дождови“, „Мрежи“), без оглед што се создавани во разни временски периоди, тие се тесно поврзани со потребата на Радојковиќ да ги надмине конечната форма и визуелната претстава притоа ослободувајќи се од стварноста и преминувајќи во состојба на оностраното – на нешто што е повеќе од слика по себе, што преминува во метафора, со која се напушта она што се гледа и она што е вообичаен тек на нештата.

Колибите и дождовите, мрежите, лулињата и чешлите се наметнуваат како прибежиште на човечкиот ум од хераклитовскиот тек на стварите, според кои моментите сместени во разни временски мигови не може да се доведат во врска.

Слободан Радојковиќ e роден 1967 во Ниш, Србија. Дипломирал на ФЛУ Скопје во 1992 година. Постипломски студии завршува на ФЛУ Белград, Србија, во 1996 година, а на истиот факултет докторира во 2016 година. Работи како професор по графика на ФЛУ Ниш, Србија. Од 1993 година е член на Здружението на ликовниte уметности на Србија – УЛУС. Има реализирано 25 самостојни изложби во Белград , Ниш, Пирот, Приштина, Прокупле, Кикинда, Смедеревска Паланка, Кралево, Крагуевац, Софија (Бугарија), Хјустон (САД), Бања Лука (БиХ), Николет (Канада), Котор (Црна Гора) Верчели, Вербанија, Карнаго (Италија) и Берн (Швајцарија). Од 1993 учествува на повеќе од 350 групни изложби во целиот свет. Некои од најпознатите излагања се во Белград, Ниш, Скопје, Солун, Токио, Харков, Софија, Пловдив, Буенос Аирес, Кочи, Мјанмар, Прага, Париз, Свонси, Александрија, Мексико Сити и др.

Прикажи повеќе...

Изложби

Вечерва отворање на изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ

Објавено пред

Вечерва во КСП Центар-Јадро во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Форми на повторно создавање“ на Ирена Пејовиќ.

dobivaj vesti na viber

„Форми на повторно создавање“ е мултидисциплинарен настан кој наметнува перцептивни методи на организација при изработката на делото. Ја бара еластичноста во видеото како медиум и користи акции на повторување како повторени движења, повторени звуци, поделено пресликување, селективна поделба, селективно гледање и селективно слушање, за да го прошири разбирањето на субјектот од едно единствено тело во настан на формирање релации.

 

Настанот ќе трае до 24 јуни.

Пејовиќ создава настани кои водат надвор од визуелниот аспект, кореографирајќи движења кои ја претвораат публиката во истражувач на еден свет кој е активен и во создавање, како збир на релациони односи, на начин на кој тие го немаат доживеано претходно. Во нејзините дела, публиката се движи со сензори, користејќи вид, звук, навигација, чувство на текстура, боја, големина, и е подвижна и неподвижна. Делата, просторот и гледачот земаат рамноправен дел во изработката на настаните.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните...

Свет7 часа

Путин ќе посети поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова...

Свет9 часа

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин. Тие...

Свет10 часа

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија...

Свет10 часа

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите...

Македонија12 часа

„Брисел ја поддржа бугарската позиција“ – Петков образложи што ќе се случува ако Македонија го прифати францускиот предлог

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите...

Топ13 часа

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени...

Свет15 часа

Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата. Авионот на...

Свет16 часа

(Видео) Би-Би-Си во база на странските борци во Украина, ги има околу 20.000 од повеќе од 50 земји

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во...

Свет18 часа

Вирусот добива ново име – „Да бев мајмун, би протестирал, тоа навистина не е мајмунска болест“

Мајмунските сипаници наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела...

Европа18 часа

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Како што...

Македонија1 ден

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата...

Свет1 ден

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое...

Регион2 дена

Радев: Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку...

Македонија2 дена

Осуда од македонското МНР за написите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете...

Македонија2 дена

Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да...

Свет2 дена

Џонсон: Се плашам дека Украина ќе биде принудена да направи лош мир

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор...

Македонија2 дена

Преведувач од Македонија: Добив понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик. „Кој е тој...

Свет2 дена

(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на...

Македонија2 дена

Пендаровски за „Скопје прајд“: прифаќањето на различностите е показател на зрело, демократско и отворено општество

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да...