Контакт

Изложби

Изложба на фотографии на најголемиот француски фотограф на 19 век – Надар

Објавено пред

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија на Македонија го најавуваат отворањето на изложбата на најзначајниот француски фотограф во 19 век и татко на современата фотографија, Надар, во 20 часот, во „Мала станица“.

Изложбата со наслов „Славните портрети на Надар“ официјално ќе ја отворат Дита Старова-Ќерими, директорка на Национална галерија на Македонија, Кристијан Тимоние, амбасадорот на Франција во земјата, и Лор Верон, кустос во музејот Jeu de Paume.

Гаспар-Феликс Турнашон (1820 – 1910) станува Надар на дваесетгодишна возраст, а особено е познат по портретите на големите мислители, писатели и уметници од тој период: Теофил Готие, Марселин Деборд-Валмор, Жерар де Нервал, Гистав Доре, Бодлер и многу други.

Оваа ексклузивна изложба од 41 репродукција е овозможена од музејот Jeu de Paume, а е поддржана од „Зегин“ и од Охридска банка – Сосиете женарал. Изложбата ќе биде отворена до 27 јануари 2019 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

„Неколку нијанси женски приказни“ во Музејот на македонската борба

Објавено пред

НУ Музеј на македонската борба за самостојност го започна проектот „Неколку нијанси женски приказни“, кој ги величи и отсликува жените и нивните успеси во Македонија од почетокот на 20 век, па сè до денеска.

Мулијерес фортес е првата етапа на дизајнерско-движечки слики од континуираниот опус за претставување на жените, а говори за осум истакнати жени од областа на науката, уметноста, спортот, бизнис секторот, човековите права, медиумите… Жени кои пионерски делувале и продреле во општеството дури и во оние моменти кога нивниот живот зависел од нивните одлуки, а нивните одлуки значеле живот и го запечатиле нивниот.

Опусот на женски музејски приказни го отвора Роса Плавева, една од првите борци за женските права во Македонија, коосновач на првата социјалистичка организација, жена чиј активизам ги поставил темелите за целосна еманципација на жените во земјава и регионот.

Во услови на броба против вирусот ковид-19, проектот е поставен на веб страницата на музејот како и на јутјуб каналот.

Проектот е поддржан во рамки на Годишната програма за остварување национален интерес на Министерството за култура, кој во неколку фази ќе биде реализиран во текот на годината.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложби и проекти на Националната галерија ќе бидат достапни на интернет

Објавено пред

Националната галерија ги затвори своите изложбени простори во согласност со препораките на Владата и се движи од галерискиот простор кон виртуелниот.

Постојаната поставка на Националната галерија, која редовно е поставена во објектот Даут пашин амам е достапна во виртуелна варијанта до посетителите, преку VR платформата https://my.matterport.com/show/?m=seBXUrNdika.

Од Националната галерија информираат дека започнуваат со нудење бесплатни платформи за симнување на дигитални форми на каталози и монографии од досегашни изложби, проекти и активности.

„Наскоро најавуваме и виертуелни описи и презентации на дела од нашата богата колекција, презентирани од нашиот стручен кадар.
Во подготвка е и скорешна промоција на виртуелни работилници и уметнички игри за нашите најмали и најмили посетители, децата, кои ќе бидат изготвени од нашиот едуативен тим и ќе одговараат на различни возрасти на деца – дошколска и школска возраст, средно училиште и секако да не ги забораваме и најранливите категории – децата со посебни потреби“, велат од Галеријата.

На 23 март во сите објекти на Националната галерија е извршена дезинфекција на изложбените и работните простории.

Прикажи повеќе...

Изложби

„Паднати ангели“ на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин

Објавено пред

Амбасадорката на Канада за Србија, Македонија и за Црна Гора, Кати Чаба, и директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, на 10 март, во 19 часот, во објектот Чифте амам, ќе ја отворат изложбата на канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин.

Ги Ланжевин (роден на 29 мај 1954 година во Шикутими, Квебек, Канада), дипломирал 1977 на Универзитетот во Троа-Ривиер. Познат е по делата во црна гравура (мецотинта), држи курсеви за магистранди по оваа техника во Канада и други земји (Франција, Белгија, Луксембург, Кина, САД). Еден е од основачите на ателјето Presse Papier и меѓународното биенале на современа графика во Троа-Ривиер. Учествувал во многубројни уметнички проекти како кустос и член на жирито/уметничкиот совет. Излагал на повеќе од 60 самостојни (40 во Канада, 20 во странство) и над 150 групни изложби во Канада и 250 меѓународни изложби во светот.

Од опусот на уметникот на македонската публика ќе ѝ бидат претставени повеќе графики од серијалот „Паднати ангели“. Во овие дела Ланжевин продолжува со истражувањето на некои од дуалитетите што го карактеризираат нашето доживување на животот – светлоста и темнината, сигурноста и сомнежот, сеќавањето и заборавот, но и контрастот помеѓу јаснотијата и неодреденоста на паметењето. Тој избрал во оваа серија да им се посвети на две техники – мецотинта, традиционална техника која бара висок степен на мануелна прецизност и вештина, и дигитална фотографија, која се развива со голема брзина во основна техника на 21 век. Поставката е замислена како целина за изложување, на тој начин правејќи ја инсталација што на гледачот му нуди предизвик и можност за размислување. На „паѓачките ангели“ им се одземени крилјата, исто како што им се одземени облеката и идентитетот на лицата. Тие се со човечко потекло, а набљудувачот може да ги толкува на разни начини.

Техниката мецотинта е една од најмануелните техники во графичките процеси бидејќи за изработување на матрицата – металната плоча, од која се пресликува имиџот на хартија, е потребно да се работи по механички пат со помош на лулашка – специјална алатка за гребење по металниот цртеж. Оттука, оваа изложба има уште една едукативна компонента и става акцент врз старите техники, кои речиси,се на работ на исчезнувањето.

Со таква цел, во соработка со Факултетот за ликовни уметности, во одделот графика во Сули ан, уметникот ќе одржи предавање еден ден пред отворањето на изложбата, на 9 март, во 10 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија38 минути

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија2 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија2 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија2 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија2 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет3 часа

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа5 часа

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Регион5 часа

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа5 часа

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што побргу да се отворат границите меѓу европските земји по затворањето...

Македонија6 часа

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската Зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата предизвикана од...

Регион6 часа

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Кога Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет17 часа

Италија бара 60.000 доброволци, кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати речиси 60.000 доброволци, кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија18 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет19 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа20 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет20 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет21 час

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа21 час

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија1 ден

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Досие