Контакт

Изложби

Изложба „Самоуки 2021“ во Куманово

Објавено пред

В четврток, со почеток во 19 часот, во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде претставено најновото издание на традиционалната ликовна манифестација „Самоуки 2021“.

dobivaj vesti na viber

На отворениот конкурс којшто беше објавен во почетокот на месец мај се пријавија дваесеттина автори со повеќе свои творби, но стручната комисисија при Центарот за учество селектираше 18 автори коишто ќе бидат претставени со четириесеттина дела – слики, цртежи и скулптури.

Иницијативата за организирано претставување на неакадемски ликовни автори се јави при крајот на деведесеттите, а во Центарот прва изложба од овој вид е реализирана уште во далечната 1991 година. Интересот за учество на оваа изложба е голем бидејќи претставува можност за презентирање на неакадемските уметници пред пошироката публика којашто редовно е присутна на оваа манифестација во Изложбениот салон бидејќи се работи за творештво продуцирано од самите граѓани на општината.

Изложбата ќе биде поставена до 24.6.2021.

Изложби

Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во галеријата во МКЦ

Објавено пред

На 18 јануари 2023 година во галеријата на ЈУ Младински културен центар ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, со наслов „Вибрантен сликопис“.

dobivaj vesti na viber

За изложбата, Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите „25 Maj“, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј на институцијата. Изборот на датумот е токму пред празникот, т.е. Светскиот ден на уметноста, кој исто не случајно е избран за отворањето на изложбата.

Величковски црта од мали нозе, како дете, кога почнува и да ги изложува своите творби. Црта и слика во моменти на страсна потреба за изразување на сопствените внатрешни доживувања и надворешни сензации во кои се испреплетуваат и моменти на сеќавање.

Слика во еден здив, но под импресија и со емоција со уверување дека со непосредната обработка на мотивот може да се постигне сугестивна свежина на звучен колорит и специфичен танцов ритам на целата структурна и сликовна претстава.

Самиот додава: „Во ателјето на Миро Масин пишува: нема разговор за политика и фудбал – убаво. А јас имам чест, по повод значајниот јубилеј на Младинскиот културен центар – Скопје, да ја приредам оваа пригодна изложба.

Ќе се потсетиме: порано постоеше поимот „сиромашна уметност“, како и критика, застапена во сите печатени и електронски медиуми, која зад себе има забележан историски развој во тесна врска со движењата во ликовните и визуелните уметности.

Приказната за критиката не е завршена. Можеби станува збор само за една „култура на сопственото искуство“.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба „Креативен код“ во Чифте амам

Објавено пред

Националната галерија на 16 декември (петок), во 14 часот, во објектот Чифте амам организира изложба на проектот „Креативен код“.

dobivaj vesti na viber

Во рамките на својата Годишна програма, едукативното одделение на Националната галерија со години наназад организира голем број едукативни проекти посветени на ранливите категории. Проектите имаат за цел социјализација на лицата со хендикеп и подигнување на јавната свест. Ваквите креативни работилници преку моделот на социјална инклузија развиваат чувство на прифаќање, толеранција и почит кон различностите, а низ кретивност и дружба создаваат уметност. Во проектот „Креативен код“ учествуваа децата од Државен училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“ заедно со учениците од гимназијата „Јосип Броз-Тито“, паралелката по меѓународна матура, и студентите од Машинскиот факултет, отсек Индустриски дизајн.

Темата на проектот беше шума. Низ работилниците, вредните раце на креативците најнапред изработија скици на зададената тема. Готовите скици на „волшебната шума“ добија тродимензионална форма на скулптури со поддршка на студентите од Машинскиот факултет, отсек Индустриски дизајн. Современата опрема и технологија која ја поседуваат машинците ни ја ставија на располагање, ги испринтаа дрвцата со 3Д-принтери во просториите на факултетот. Искуството беше одлична можност за осознавање на нова технологија и стекнување нови вештини. На крајот од циклусот, во просториите на Европската куќа во Скопје, со поддршка на Европската делегација „волшебната шума“ го доби својот колорит.

На свеченото отворање на изложбата, настанот ќе биде збогатен со инклузивен музичко-визуелен перформанс кој ќе го создадат инструменталистите од Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, учениците од насоката за Традиционална музика и игра од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, перкусионистот и визуелен уметник Влатко Митев и децата од Државениот училишен центар за образование и рехабилитација на лица со оштетен слух и говор „Партение Зографски“. Сите присутни на настанот ќе ги поздрави директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими и Маја Димитрова, едукатор во едукативното одделение

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Изложби

Уметничката група XXL во мала станица

Објавено пред

На програмскиот календар на Националната галерија, 15 декември е термин предвиден за официјалното претставување на уметничката група XXL а oтворањето на изложбата е закажано во 18 часот.

dobivaj vesti na viber

Националната галерија на Македонија (Мултимедијален центар „Мала станица“) ја претставува групата XXL, создадена во 1994 година, во Софија.

„По децениско меѓусебно непознавање (или делумно познавање) на тековните процеси во уметноста на двете земји, оваа изложба ја гледаме како уште еден чекор кон трајна соработка во областа на културата“, велат од Националната галерија.

Во 1994 година, основачи на групата беа Свилен Стефанов, Генади Гатев, Хубен Черкелов, Иван Ќуранов, Косјо Минчев, Расим, Георги Тушев, Петко Дурмана и Слави Славов. Првиот манифест, „Клоца во грбот на инерцијата“, е напишан и објавен на почетокот на 1995 година, во весникот „Култура“, а подоцна со додатоци се појави и на страниците на „Литературен весник“. Името XXL се поврзува и со галеријата која постоела помеѓу 1996 и 2003 година во Софија. Имињата на некои од најпопуларните изложби на кругот XXL се „Нова бугарска ликовна уметност“ 1996), „Косјо, Хубен, Тушев“ (1997), „Димензии на насилството“ (1998), „Гангстарт“ (1998) , „Бугарскиот пејзаж како метафора“ (2001) и „Нови радикални практики“ (од 1997 до 2001 година). Галеријата XXL беше затворена во 2003 година, од страна на регионалниот управител на Софија, по изложбата во галеријата насловена како „AntiSax (Нова политичка уметност)“.

Во општата слика на бугарската уметност, оваа група е еден од првите примери на самостојна уметничка дејност надвор од постојните институционални структури. Уште како студенти, тие навлегуваат во јавниот простор радикално и нецеремонијално. Денес нивното творештво може да се гледа со пообјективен поглед, исчистен од филтерот на емоциите и екстравагантниот дух на 90-тите. Изложбата во Националната галерија во Скопје не е реконструкција на феноменот XXL – тоа би била голема реконструкција на десетици дела, од кои некои повеќе не постојат. А освен тоа, тие беа само дел од севкупното радикално однесување. Оваа изложба е повеќе реминисценција и обид за подоцнежно разбирање на промената што оваа група ја предизвика во современата бугарска уметност.

Оваа изложба го истакнува, главно, актуелното творештво на групата; покрај основачите, на неа се претставени и автори кои се вклучени во нејзините активности низ годините – Росен Тошев, Димитар Јаранов, Георги Ружев, Борис Сергинов, Красимир Добрев, Дејвид Д’Агостино. Голем број автори соработувале низ годините со групата, а десетици отвориле самостојни изложби во просторот на галеријата XXL.

Во 1990-тите години групата се препознава по работата во областа на инсталацијата, перформансите, видеото и акциите во урбан простор. На пример, таква акција беше скандалозното бојадисување на зградите во целиот центар на градот со графитот „Хубен, Косјо, Тушев“, што беше на граница на хулиганство. Во исто време, групата доследно ги развиваше современите можности на сликарството, а за тоа сведочи не само концептуалната кураторска изложба „Ново бугарско сликарство“ (1996) туку и фактот што речиси целата група работеше и сè уште работи во она што се смета за класичен медиум. И денес тие се изразуваат со сите можни средства, но без претходен договор, акцентот секогаш паѓа на сликарството. Сликарство, изразито повеќеслојно – од концептуално „сериозно“ до постапстрактно или експресивно неодговорно и пародично. Визијата секаде е комплицирана, прекршена низ интелектуално подмолен семантички слој, ѕиркајќи зад материјалите, техниките и гестовите. XXL ги разигруваат картите на историски нормираните сликовити јазици – со целосна свест за нивната иронична нова употреба.

Како дел од Годишната програма, проектот е поддржан од Министерството за култура. Во реализацијата на изложбата добиена е поддршка и од Државниот институт за култура при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Културно информативниот центар на Р. Бугарија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Протерани тројцата Бугари, меѓу кои пратеникот: Добија времена забрана за влез во Македонија и казна

Тројцата Бугари кои со погрдни зборови навредуваа полицајци на границата „Деве Баир“, по што беа уапсени, се протерани од Македонија....

Свет2 часа

(Видео) САД го собори кинескиот шпионски балон

Американската војска го собори кинескиот шпионски балон кој леташе над Атлантскиот Океан, пренесува „Фокс њуз“. Овој балон леташе над територијата...

Регион3 часа

Бугарско МНР: РСМ со денешните постапки им задава сериозен удар на билатералните односи

Неприфатливо е однесувањето на властите во Република Македонија кон бугарските граѓани на денешниот 4 февруари, тие сериозно го нарушија процесот...

Македонија7 часа

(Видео) Ѓорѓиев: Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години...

Регион8 часа

Џамбаски: Омразата продолжува да расте на секој можен начин

Европратеникот Ангел Џамбаски ги обвини македонските гранични власти дека со часови не ги пуштале бугарски државјани и намерно биле спречени...

Регион9 часа

(Видео) Бугарски портали: Македонските полицајци го тепаа бугарскиот пратеник Георгиев

На граничниот премин меѓу Бугарија и Северна Македонија – Гуешево-Деве баир македонските полицајци му се заканувале и го тепале пратеникот...

Македонија9 часа

(Видео) Бугарите положија цвеќе кај Делчев: Ќе ви подариме агрегатори за да не ви паѓа граничниот систем, очекува сите да бидат пуштени во Македонија

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев положи венец со цвеќе на гробот на...

Регион10 часа

Борисов: Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на РСМ и Бугарија

Гоце Делчев е симбол на заедничката историја и ги поврзува народите на Бугарија и РС Македонија. Ова го напиша Бојко...

Македонија10 часа

Приведени тројца Бугари по пцостите кон македонската полиција

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З...

Македонија12 часа

(Видео) Бугари со пцости до македонските полицајци – тензично на границата Деве Баир

Дел од граѓаните од Бугарија кои се уште се заглавени на граничниот премин Деве Баир со пцости кон македонските полицајци...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски до бугарските новинари: Вашите политичари стануваат естрадни циркузанти и нѐ вратија во среден век

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека не гледа проблем Бугари да дојдат и да го слават Гоце Делчев, но...

Македонија15 часа

(Видео) Засилени полициски контроли на возила со бугарски таблици на патарината кај Куманово

Полицијата врши контрола на секое возило со бугарски таблици на патарината кај Куманово во очекување на поголема група од 150...

Македонија15 часа

(ВИДЕО) Владата им кажува на новинарите како да работат, караници пред платото на Свети Спас

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. На новинарите, пак,...

Македонија15 часа

(Видео) Надлетува хеликоптер, стотици полицајци, барикади и проверки пред Свети Спас за чествувањето на Гоце Делчев

Стотици полицајци, неколку точки за преглед и проверка, претреси на чанти. Вака изгледа влезот во црквата Свети Спас утрово. Пристапот...

Македонија1 ден

Власт и опозиција, Бугари и Македонци – дел ќе стигнат до гробот на Делчев, други ќе останат на улица

Под строги протоколи и со акредитации ќе тече прославата за 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Македонски,...

Македонија1 ден

Лидерот на Левица во Кукуш: Нема родендени со премолчени места на раѓање

„Во пресрет на 4-ти февруари, денот на раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, официјална делегација на Левица,...

Македонија1 ден

Ноќна стража кај гробот на Гоце Делчев, граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат до сабајле

Со македонски знамиња, знамето со сонцето од Вергина и транспаренти, група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон...

Македонија1 ден

Пациент со цистична фиброза: Состојбата на пациентите им се влошува, до кога ќе го мерат во цена мојот живот?

Пациентите со цистична фиброза кои ја чекаат државата да им го набави скапиот лек, утре излегуваат на протест, во 12...

Македонија1 ден

МВР направи план кого ќе пушти на граница: на секој што пријавил делегација, ќе му биде дозволено да оддаде почит

Министерството за внатрешни работи при одлучувањето кому ќе му биде дозволен влез во државата за да оддаде почит на гробот...

Македонија1 ден

(Видео) Сведок на Рашковски: Од Кабинетот на Зеќири даваа насоки како да се одговори на барања за документи

Зорица Стојановиќ, вработена во Владата, сведочеше во случајот „Софтвери“, каде што обвинет е Драги Рашковски. Таа работела како помошник-раководител на...