Контакт

Изложби

Изложба „Скопје, одново“ во Музејот на современа уметност

Објавено пред

Вечерва во Музејот на современата уметност – Скопје со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје, одново“. Посетителите ќе можат да погледнат преку 100 дела од меѓународната колекција на музејот со посебен фокус на американските уметници.

„Вечерва во Скопје отвораме изложба која е специфична по повеќе основи. Овој пат имаме гостин куратор, а изложбата е подготвена од мешан кураторски тим, односно кураторката Ана Кац од њујоршка МоМА и Кумјана Новакова од МСУ Скопје. За првпат изложуваме некои дела од колекцијата, бидејќи кураторките со поставката даваат ново читање на познати, но и помалку познати дела од нашата вредна колекција, а овој пат и преку изложување документи и друг архивски материјал дадена е интегрирана информација за почетоците, за големиот ентузијазам во основачките години на музејот. Американската амбасада препозна вреден проект во ‘Скопје, одново’ за што сме им многу благодарни, нивната помош беше голема и искрена и нè охрабрува да размислуваме за нејзино претставување и надвор од нашата држава. Оваа изложба беше најавена и во списанието ‘Арт форум’, а работиме на тоа да ја претставиме и пред американската публика“, вели Мира Гаќина, директор на МСУ Скопје.

Изложбата е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во Скопје.

Изложени се повеќе од 100 дела и архива поврзана со процесот на креирање на колекцијата и кореспонденцијата со авторите на делата. Така, за првпат, МСУ – Скопје ќе изложи дел од личната кореспонденција со автори како: Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол ЛеВит, Вифредо Лам, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли…

„Скопје, одново“ ја обработува најголемата меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластични уметности, паралелно со глобалната кампања за реконструкција на градот Скопје, по земјотресот. Со подароците од автори од цел свет, МСУ – Скопје станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност во земјава. Најголем дел од делата ги потпишуваат водечки уметници на глобалната современа сцена во двете децении по земјотресот, што води и до основањето на МСУ во 1964 година. Полската влада во тоа време финансира тим на прогресивни млади архитекти, кои во 1970 година го градат објектот, кој денес е постојан дом за музејот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Изложби

Во Пионерскиот дом во Гевгелија изложба на скулптури од Слободан Милошески

Објавено пред

Во Пионерскиот дом во Гевгелија, в петок, со почеток од 19:30 часот ќе биде отворена изложбата на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации“, од авторот Слободан Милошески.

„Милошески со ова негово претставување го потврдува кинетизмот како тенденција во неговиот израз, но не само во формата туку и во уметничкиот, естетскиот, но и во идејниот израз. Оттука, кинетичноста, динамизмот кај авторот има не само формална, ами и идејно-суштинска смисла. Неговите дела, иако во конкретната поставка се со мали димензии, не се само апстрактно-асоцијативни формации, туку тие се и аксиолошки, вредносни системи. Динамизмот, како примарно својство на делата на овој автор, одамна е средство преку кое тој ги гради овие аксиолошки вертикали, асоцијации на авторовиот, но и општочовечкиот вредносен стремеж. Визуелно овие форми никнуваат од земјата, устремувајќи се кон небото, со што тие вредносни тенденции некако стануваат онтолошки и метафизички фундирани и аксиолошки насочени.

Скулпторските дела претствени на оваа изложба концепциски се повеќедимензионално поврзани и претставуваат процес во тек, при што тие заеднички си потопомагаат во истрајноста на просторното коегзистирање. Секоја единка во однос на опкружувањето е поставена како елемент на комуникација, своевиден реквизит на уметничката акција. Овие уметнички дела се богати со неисцрпни енергетски потенцијали во изразување на субјективната визија. Во нивната затворена или отворена морфологија доследо е донесена компактната карактеристика на линиска цврстина и рационализам во изведбата.

Но, конечно и можеби најважно, неговата скулптура има изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен. Со тоа, естетитиката на овие дела станува комплетна затоа што станува и естетика на рецепцијата. Гледачот е повикан да учествува во тој динамизам, станувајќи просто вовлечен во растот со што овие, на прв поглед, рационални форми, сепак се доживуваат како длабоко човечки движења во потрага по спокојот. Иако геометриско-кубистички, делата на Милошоски сепак се човечки, премногу човечки“ – вели естетичарот проф. д-р Трајче Стојанов, во својата критика по повод оваа изложба.

Слободан Молошески е роден во Охрид во 1977 година. Тој дипломира на Факултетот за физичка култура во Скопје во 2001 година. Во 2009 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на вајарски оддел, а магистрира на истиот факултет во 2011 година. Во 2018 година докторира на Национална уметничка академија во Софија, Р.Бугарија, на катедра „Скулптура“.

До сега има реализирано 21 самостојни изложби , а учествувал на повеќе од 60 групни изложби во земјава и странство. Добитник е на 13 награди и признанија, од кои најзначајни се наградата за скулптура „Јордан Грабул“ доделена од Друштво на ликовни уметници на Македонија во 2012 и 2015 година, како и наградата за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“ исто така доделена од ДЛУМ во 2014год.

Во неговата биографија се забележливи реализираните скулптури во простор меѓу кои: Скулптура на Живо Чинко, Ристо Шишков, спомен-облежјето на Првото заседание на АСНОМ, скулптура на Кузман Шапкарев, Јоаким Крчоски, Муза (наменета за фасада на објектот „Стар театар“), како и две скулптури наменети за фасадата на објектот на МНР.

Авторот Милошески е член на ДЛУМ од 2009 година, а во моментот работи како доцент на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложбата „Мост“ претставена пред ресенската публика

Објавено пред

Уште еден производ на заедничката соработка на Домовите на култура од Ресен и Кавадарци беше реализиран преку отворањето на меѓународната изложба „Мост“, која по престојот во Кавадарци од синоќа е поставена во изложбениот салон на Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

Директорот на Домот на културата во Ресен, Васко Василевски, истакна дека соработката на двете културни институции трае подолго време, но е значајно интензивирана во изминатиот период.

„Размената на културните вредности за нас, како домови на култура е од огромно значење, особено што ние припаѓаме на локалните самоуправи. На овој начин, преку театарски претстави, изложби, музички творци итн, им ги приближуваме културните настани на жителите на двете општини. Оваа изложба верувам дека и во наредните денови, додека трае поставката во Изложбениот салон на Ресенскиот Сарај, ќе биде посетена од голем дел од нашите сограѓани“, посочи Василевски.

Меѓународната изложба „Мост“ на академските сликари од Балканот Фатон Кријезиу, Али Синани и Шабан Олан, како и на авторите Крсте Шупев, Нермин Чеман, Немања Величковиќ и Филип Новески, со симболичен наслов, го претставува мостот на патувањата низ различни хоризонти со спојување во една точка.

Преку изложбата, низ различните стилски концепти сликарите ги презентираат своите држави (Северна Македонија, Турција, Србија и Црна Гора) и ги рефлектираат нивните автентични култури и традиционални вредности, кои се слеваат во една универзална матрица.

Прикажи повеќе...

Изложби

Изложба на Кристина Божурска во МКЦ

Објавено пред

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Галеријата на МКЦ, ќе биде отворена самостојна изложба на Кристина Божурска со наслова Trapped.

Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, на Институтот за педагогија во Скопје ги завршува педагошко-психолошките доквалификации, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки студии, Скопје, со фокус на социјална уметничка пракса.

Во своите дела користи мноштво техники и материјали вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Заев: Делото на Свети Климент Охридски нѐ потсетува трпеливо и мудро да се соочуваме со предизвиците

Премиерот Зоран Заев вечерва имаше свое обраќање на духовната академија во чест на празникот Свети Климент Охридски, патрон на Македонската...

Македонија9 часа

Полесно повредените македонски патници во автобуската несреќа во Србија се враќаат дома

Според последните информации добиени од болницата во Прокупље, каде беа згрижени 16 од вкупно 26 патници повредени откако се преврте...

Македонија10 часа

Полицијата разби криминални групи од Грчец и Арачиново – 12 приведени, запленети автомобили, оружје и дрога

Десет лица од скопските села Грчец и Арачиново се уапсени во големата полициска акција која започна денеска во пет часот...

Топ12 часа

МНР: Во несреќата во Србија се повредени 26 патници кои оделе на екскурзија во Копаоник

Во несреќата која што изутринава се случи во Србија, кога се превртел македонски автобус кој превезувал патници на Копаоник, се...

Македонија13 часа

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно забелешките на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија. „Законот за јазици ќе...

Економија14 часа

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на...

Македонија16 часа

Сараево, Белград и Скопје меѓу најзагадените градови во светот

Сараево, Белград и Скопје изутринава се меѓу најзагадените градови во светот. Главниот град на Босна и Херцеговина, утрово е второрангиран...

Топ16 часа

Момче избодено со нож во Бутел, го нападнале група малолетници

Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат...

Свет16 часа

Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби....

Свет17 часа

Голем пожар му се заканува на Сиднеј, се евакуира населението

Голем пожар што беснее околу 60 километри северно од Сиднеј, зафати 300.000 хектари и е невозможно да се контролира во...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршила ташната Луј Витон со 1.5 милиони евра?

„Власта и Русковска ја развлекуваат постапката за ‘Рекет’. Шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори каде завршила...

Свет17 часа

Фејсбук казнет со четири милиони долари во Унгарија

Фејсбук ќе треба да плати казна од околу четири милиони долари, на Агенцијата за заштита на конкуренција во Унгарија поради...

Економија17 часа

Започна исплатата на МојДДВ – три милиони евра ќе им бидат исплатени на граѓаните

Од вчера започна поврат на дел од платеното ДДВ за месеците јули, август и септември кон граѓаните. Над сметките на...

Економија1 ден

(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се...

Македонија1 ден

Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна...

Македонија1 ден

(Видео) Камчев: Филипче ми e пријател и немаше никакви бизнис-зделки со Боки 13

Бизнисменот Орце Камчев по судењето за „Рекет“, запрашан за врските меѓу него и министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше...

Македонија1 ден

Благајник си присвоил пари од касата на „Македонска пошта“

Благајник во подружница на „Македонска пошта“ во Гостивар противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му...

Македонија1 ден

(Видео) Максим Ацевски најприфатлив предлог за генералан државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за генерален државен ревизор. Предлогот беше усвоен со консензус, без...

Македонија1 ден

(Видео) Камчев: Алчноста на Катица за пари беше клучна во оваа работа

Бизнисменот Орце Камчев по денешното сведочење за случајот „Рекет“ откако излезе од судот уште еднаш потенцираше дека Бојан Јовановски, Катица...

Македонија2 дена

На една од средбите меѓу Јовановски и Камчев бил и министерот Филипче

Бојан Јовановски во предметот за случајот „Рекет“ му поставува прашања на сведокот Орце Камчев во судницата. Јовановски го персира, додека...

Досие