концерти
„Кавалерија рустикана“ во МОБ

Националната опера и балет на 15 октомври со почеток во 20:00 часот ја најавува трагичната приказна за љубовниот триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата.
„Кавалерија рустикана“, опера на Пјетро Маскањи во режија на Џандоменико Вакари од Италија, сценограф е Зоран Николовски, костимограф е Елена Дончева.
Настапуваат солистите: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска-Мадевска како Мајка Лучија, хорот и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

На 10 декември во камерната сала на Филхармонија, нашиот пијанист Дино Имери ќе одржи концерт со наслов „Зимска Бајка“.
Концертот е всушност збогатување на празничната атмосфера и одлична можност за подигнување на новогодишното расположение, информираат од организаторот „Баги комуникации“.
Концертот симболично ќе започне со делото „Декември“ од Петар Илич Чајковски, а ќе продолжи со фрагменти од „Оревокршачка“. Потоа настапот ќе продолжи со делото на Сергеј Рахмањинов „Прелудиум во g-moll“, Франц Лист – „Унгарска Рапсодија бр.2“, Јохан Штраус помладиот со неговата „ТричТрач Полка“ и „Ла Валс“ на Морис Равел.
„Искрено и длабоко верувам дека генијалната музика на големите автори кои ќе бидат дел од програмата ќе ги стопли срцата на сите присутни и барем за миг заедно ќе ја пронајдеме магијата и мистеријата на зимата. Со радост и нетрпение ја очекувам средбата со мојата домашна публика, непосредно пред моите настапи во неколку европски престолнини“, вели Дино Имери.
Тој важи за еден од најреномираните македонски пијанисти. Настапувал со огромен успех со Стразбуршка Филхармонија, Софиска Филхармонија, Македонска Филхармонија, Симфониски и Камерен Оркестар на ФМУ, Македонска Опера и Балет, Камерен Оркестар на Музичка Младина на Македонија. Рецитално настапувал на престижни сцени низ цела Европа меѓу кои и „Ватрослав Лисински“ – Загреб, Палата „Естерхази“ и „Лист-Центрум“ во Австрија, „Пијано Плаж Фестивал“ во Франција, Фестивал Охридско Лето, Скопско Лето, Интерфест – Битола и др.
Концертот е со почеток во 20 часот а влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“, „Југотон“ како и онлајн.
концерти
„Мистична деветка“ со виолинистката Фросина Богданоска

„Мистична деветка“ е насловен концертот кој оркестарот на Филхармонија ќе го одржи в четврток, на 5 декември. На програмата се дела од двајца руски гиганти – Сергеј Прокофјев и Дмитри Шостакович.
Публиката ќе има можност да ја чуе македонската виолинистика Фросина Богданоска во изведба на Концертот за виолина и оркестар бр.1 од Сергеј Прокофјев. На програмата е и Деветтата симфонија од Дмитри Шостакович.
Уште од Бетовен, секој композитор кога ја пишувал деветтата симфонија се соочувал со притисокот од јавноста. Шостакович се соочил со драматичен притисок, бидејќи јавноста од него очекувала оваа симфонија по претходните две кои го отсликувале страдањето да биде епска и со триумфални пропорции.
„Сакаа да напишам ода, магична деветта симфонија. Не сакав да напишам ода за Сталин, ниту, пак, да биде врзана со проблемите со кои сè уште се соочуваше народот. Затоа избрав трета опција“, напиша Шостакович за оваа симфонија.
Тој создаде целосно апстрактно музичко дело, чисто и перфектно, речиси во неокласичен стил. Се одлучи да напише симфонија која ќе биде доволно апстрактна за Сталин да не може да ја разбере и критикува. Сепак, Сталин бил разочаран кога ја слушнал. Очекувал симфонијата да биде грандиозна со хор, солисти, со директна посвета. По премиерната изведба критичарите биле остри кон Шостакович – еден од рецензентите напишал дека симфонијата звучи како „стар Хајдн и искарикиран Чарли Чаплин“.
Без оглед на првичните реакции по премиерата на оваа симфонија, таа во себе ја носи елементарната музичка суштина типична за творештвото на Шостакович и претставува автентично симфониско ремек-дело кое редовно се изведува на светската музичка сцена.
Во Концертот за виолина и оркестар број 1, Сергеј Прокофјев музички пресликал две дијаметрално спротивни емоции – лирска и саркастична. Станува збор за генијално солистичко ремек-дело, но и возбудлива оркестарска приказна во која Прокофјев го потенцира својот индивидуален творечки сензибилитет.
Фросина Богданоска дипломски и постдипломски студии завршува на Факултетот за музичка уметност во Скопје со највисока оцена CUM LAUDE, во класата на проф. Љубиша Кировски. Во 2010 добива стипендија и понуда за постдипломски студии на Кралската академија во Лондон, а во 2012 запишува специјализација на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, во класата на проф. Антон Сороков. До неодамна беше член на Симфонискиот оркестар на Австриското радио РСО ОРФ Виена и соработник со Виенскиот симфониски оркестар – Wiener Symphoniker, а сега е член на Каринтискиот оркестар на Театарот во Клагенфурт, каде што оваа сезона служи како водач на први виолини. Свири на виолина изработена од нејзиниот татко Светозар Богданоски.
Концертот „Мистична деветка“ ќе го води харизматичниот холандски диргент Конрад ван Алфен. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигна нивото на овој оркестар и тој стана интернационално признат и беше домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Во моментов е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург.
концерти
Концерт на Сашко Костов во „Котур“

На 7 декември со почеток во 22 часот ќе се одржи концерт на Сашко Костов во „Котур“ во Скопје.
Петтиот по ред солоалбум „Крик и прашина“ на Сашко Костов ја создава и проектира сликата за еден универзум полн различни предизвици и емотивни и сетилни, водени најчесто од идејата колку музиката може да биде одговорот на сите прашања.
„Сашко Костов со овој албум отвора ново поглавје во неговото истражување на музиката. Не само инструменталниот сопствен предизвик – да се отсвират речиси сите инструменти на албумот, самостојно, туку и со текстовите на македонски јазик… Албумот „Крик и прашина“ е оригинална, автентична, емотивно-експресивна приказна за едно патување низ музичките соѕвездија. Авторот ги држи сите конци во своите раце, високо поставувајќи ги критериумите на модерната поп-музика, издигнати од длабоката заслуга на соул, фанк, џез-рок, соул-џез, соул-поп и уште неколку фузиски жанрови”, објави хрватската веб-страница Терапија.
Во продолжение сајтот објаснува дека станува збор за „бомбастичен, сензибилен, понекогаш мрачен, но емотивен албум со силно ткаење на перфектно поставен музички столб, кој е целосно поврзан со поетиката низ некои ангажирани социо-политички конотации”.
На концертот Костов ќе свири со бенд составен од: Сашко Костов – вокали, гитара, семпелер и удиралки, Мартина Баракоска – тапани, Андреја Салпе – гитара, Симеон Андоновски – бас, Симон Облешевски – клавијатури.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци