Контакт

Култура

Концертот „Виорот на Анадолија“ – несекојдневна приказна што ќе ја спои традиционалната турска музика со современиот џез

Објавено пред

Спој на турската традиционална музика и современата џез музика ќе слушне публиката во Скопје и Гостивар на 5 и 6 декември на бесплатниот концерт наречен „Виорот на Анадолија“.

dobivaj vesti na viber

Скопје е прва станица од 11-те градови низ Балканот каде што музичарите Анил Шалиел, саксафонист и Мареечи Асу, на деф ќе настапат. На денешната прес-конференција, што ја организира Турски културен центар „Јунус Емре“ од Скопје беше најавен концертот во кој ќе биде оживеан духот на легендарните доајени – уметниците Ашик Вејсел и Зеки Мурен.

Директорот на Центарот, Ариф Конак, истакна дека во последните шест месеци колку што го води Центарот, за него е голема чест да се доближи турската култура кај македонскиот народ.

-Концертот „Виорот на Анадолија“ ќе биде големо завршување на годината со двајца извонредни музичари од Турција.  Шест месеци сме посветени на овој проект. Прва станица на овој концерт ќе биде Скопје. Џезот е западна култура, ама овие извонредни музичари на прекрасен начин ќе направат убав спој со традиционална турска музика – рече Конак.

Младиот Анил Шалиел вели дека е пресреќен што ќе може да ја претстави турската музика во Македонија.

-Ја започнуваме турнејата од еден многу важен град. За мене ова е остварување на еден сон. Мојата музика стана тема за докторски студии на многу универзитети. Турската музика е многу стара и доаѓа од османлискиот период, џезот е понова музика за Турција. Ветуваме час и половина визуелен концерт со многу убава приказна. Користиме стари снимки од Ашик Вејсел, во нов аранжман. Ќе чуете поезија и од Јунус Емре и Мевљана. Ова нема да биде само музичка претстава, туку театарска презентација. Со нас ќе имаме многу добри изведувачи и ветуваме дека ќе бидете одушевени. Колку да ја објаснувам музиката, нема да можам да ви доловам. В четврток пред вас ќе бидеме музичари – рече Шалие.

Тој додава дека е благодарен на сите што помогаат да се реализира овој проект. Џез не е само музика од звуци, таа е музика што треба да се разбере. Треба да ставите свое јас во музиката, рече Мареечи Асу.

-Почнавме со суфи музиката, после работевме да ја направиме модерна. Суфи го споив со рок музиката, а подоцна со Анил турската мкзика ја споивме со џезот. На многуте состаноци разговаравме како старата турска музика да стане модерна верзија. Музиката го прикажува нашето минато, но и сегашност. Не треба да се заборават корените. Мене музиката ми легна на срце, се надевам дека и на публиката во Скопје – рече Асу.

Музичарите се осврнаа и на влијанието на звуците од чаршијата врз нивното творештво и колку е важно луѓето да уживаат во природните звуци.

-Кога шетате низ чаршијата, ќе чуете секакви звуци од дуќаните, велат музичарите. Асу потсети на големиот поет Мевљана. -Кога Мевљана шетал во чаршија, во улиците каде се ковало злато, за него тоа биле звуци на музика. Тој почнал да се врти. Тогаш неговите чираци велеле: Тропајте додека не застане. Човекот уште во мајчиниот стомак се запознава и се раѓа со музиката. Детето плаче кога ќе се роди, ама се смирува кога мајката го става покрај срцето. Вистинска природна музика е лек. Се надеваме дека нашата музика ќе ви биде лек – рече Асу.

На прашањето дали ја следат македонската музика, Шалиел го издвои Џамбо Анѓушев и истакна дека има чувство дека овде музичарите добиваат добро музичко образование. Тој ги покани сите да дојдат на концертот во скопје. Анил Шалиел (31) ја делел истата сцена со многу поп ѕвезди и џез уметници и учествувал во речиси 2000 студиски снимања. Соработувал со многу музички ѕвезди: Сезен Аксу, Волкан Конак, Едис, Илиас Јалчинташ, Харун Колчак, Бурај, Гоксел, Теоман, Јалин, Фунда Арар, Мехмет Ердем, а во џез концепт: Истанбул Супербенд, Натали Кол, Николa Конте, Ентони Стронг, Дејв Векл, Раул Мидон, Ди Ди Бридџвотер, Кели Сае, Омар Лај Фук, Јондер Фочан, Ашкин Арсунан, Исмаил Сојберк, Нурхат Шенесли, Адил Максутовиќ, Севда Алеќперзаде, Роја…

На летовите на Turkish Airlines, светот имаше можност да го слуша Анил Шалиел во текот на 5 години, секој ден, секој час и во секоја земја. Неговото музичко искуство не е ограничено само на џезот кој го слушал и учел од мали нозе, туку исто така е многу запознаен и со музиката на неговите родни краишта. Со големата музичка компанија Warner Music, заедно со 15 уметнички пријатели, тој го издаде својот трет албум со учество на уметници како што се: Дедублуман, Елиф Бусе Доан, Тугче Кандемир, Мелек Мосо, Корај Авџи, Мелис Фис, Сакілер и други. Мареечи Асу е меѓународно признат уметник и учител кој се истакнува во магичниот свет на мистичната музика и деф уметноста. Во својата уметничка кариера, со желба да ги изрази длабочините на душата преку музиката, учествувал во бројни албуми на мистична музика и реализирал заеднички проекти со важни уметници во својата област. Мареечи Асу настапувал на концертни сцени низ целиот свет, поканувајќи ги слушателите на внатрешно патување. Меѓу неговите уметнички дела се вклучени албуми како што се „Гхаландар”, „Хајале Мест”, „Руми”, „Ребел Суфи”, „Шамс Ху”, „Захит Бизи Тан Ејлеме”, „Аман Хеј Еренлер” и „Духот на Огнот”, кои ги откриваат неговите длабоки музички визии и мистични разбирања. Мареечи Асу не е само уметник, туку и учител кој одржува обуки за човечката душа и ум.

Со нудење обуки за духовна свесност, ментална рамнотежа и лична трансформација, ги води поединците да го откријат својот потенцијал. Комбинирајќи ја својата уметност и наставништво, Мареечи Асу продолжува да инспирира луѓе и на сцената и во областа на обуките, како уникатен водич кој продолжува да ја шири мистичната настава и универзалната свест.

Култура

Марко Виденовиќ и „Мевлем“ вечерва на „Бит-фест“

Објавено пред

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта…

dobivaj vesti na viber

Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.

Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.

Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во: Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.

Во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.

„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции.

Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.

„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите.

„Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел“, вели Марко Виденовиќ, автор на Проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во Битола.

Прикажи повеќе...

Култура

Концертна промоција на албумот „Егрерор“ на „ФИН проект“ и Тања Царовска

Објавено пред

Концертната промоција на албумот „Егрерор“ на Никола Стојковски (ФИН Проект) и Тања Царовска ќе се одржи денеска со почеток во 20:30 часот во Куршумли ан.

dobivaj vesti na viber

На концертот, како гости ќе настапат и Петар Христов (саксофон и кларинет) и Горан Трајкоски – Готра, на пијано Билјана Петровска, бас и контрабас Андреа Мирческа, како и Илија Јовчев – виолина, Ева Ристеска – виолина, Ангела Винтовска – виола, Александар Ицковски – виолончело.

Албумот „FIN Project Orchestra“ е издаден во декември 2022 година од М-Сол Рекорд и е поддржан од Министерството за култура на Р.С. Македонија. Следуваше „FIN Project – Contemplation“ кој е издаден во јануари 2024 година.

Музичкиот материјал на албумот е подготвен во соработка со кларинетистот Петар Христов. А, како последно издание во 2024 година, FIN Project во соработка со светски реномираниот композитор и продуцент на извонредната Лиза Жерар, Марсело Ди Франсиши, го објави „Indie Monastery – One Big World (remixes)“ каде како вокален интерпретатор се појавува иранската дива Бахар Шах.

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков: Културното наследство не е минато што го чуваме по инерција, туку иднина што ја градиме со свест

Објавено пред

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, австрискиот амбасадор Мартин Памер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Мајер, и директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова, го посетија археолошкиот локалитет Тумба Маџари по повод потпишување Договор за долгорочно користење на парцела во сопственост на ЕВН што е во рамките на локалитетот.

dobivaj vesti na viber

Локацијата што денес се отстапува за долгорочно користење, во рамките на археолошкиот локалитет Тумба Маџари, станува дел од живата мрежа на научна работа, теренски истражувања, едукација и развој.

Кога јавниот и приватниот сектор застануваат на иста страна, на страната на заедничките општествени вредности, тогаш и ефектот никогаш не изостанува. Со потпишувањето на денешниот договор, локалитетот Тумба Маџари добива нова перспектива.

Љутков упати благодарност до Волфганг Мајер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, до ЕВН како компанија и до австрискиот амбасадор Мартин Памер за континуираната соработка во областа на културата.

Министерството за култура и туризам стои зад оваа иницијатива, активно поддржувајќи ја соработката меѓу јавниот и приватниот сектор, создавајќи широк круг на поддршка и ангажман. Оваа партнерска врска не само што го зајакнува нашиот културен идентитет туку, исто така, го поттикнува развојот на туризмот и на економијата, притоа создавајќи нови можности за локалните заедници. Потпишувањето на денешниот договор не е само правен акт, ова е чин на зрелост на заедницата што го препознава културното наследство како вредност што има смисла само кога заеднички се чува и се споделува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија3 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Македонија4 часа

(Видео) Тренчевска: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата...

Топ4 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Македонија5 часа

Посакувам среќа да се победи во барем една општина: Костадинов до СДСМ по најавата за ново дејствување

Aктуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави на социјалните мрежи дека поради тешката состојба на неговата партија ќе започне со...

Топ6 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион8 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа9 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа9 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет10 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет10 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет10 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет10 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија19 часа

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија19 часа

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија23 часа

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија1 ден

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...

Македонија1 ден

50-60 магационирани БТР, „хермелини“ и „пинцгауери“ ќе гаснат пожари летово, им се вградуваат резервоари за вода, рече Мицкоски

Застарените и магационирани возила на министерствата за внатрешни работи и за одбрана се приспособуваат за гаснење пожари на непристапен терен....