концерти
Концерт „Есенски ноти“ на Трио Аура во Софија

Денеска во 18:30 часот, во КИЦ на РСМ во Софијаќе се одржи Концерт на Трио Аура. Триото АУРА го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски работат како професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во Америка, Франција, Германија, Австрија, Англија, Бугарија, Азија, Африка, Србија, Словенија за кои добиваат позитивни оценки.
Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти во својата земја и во странство, тие несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија.
Триото АУРА има долгогодишна и богата концертна активност, изведувајќи дела од сите музички епохи и стилови. Триото често промовира премиерни дела од македонски композитори, напишани специјално за овој состав. Нивното заедничко камерно музицирање го карактеризира изразено чувство за експресивност, музичка симбиоза и компактност на звукот и изразот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Даворин Боговиќ од „Прљаво казалиште“ првпат ќе одржи концерт во Македонија

„Сцена продукција“ оваа година со концерт ќе го одбележи својот втор роденден. Првиот вокал и еден од основачите на еден од најпопуларните поп-рок состави во поранешна Југославија, загрепско „Прљаво казалиште“, првпат ќе одржи концерт во Македонија, и тоа ексклузивно во Битола. Даворин Боговиќ, поранешен член на „Прљаво казалиште“, на 17 август во Битола ќе го донесе својот црно-бел свет. Moje ime je Davorin Bogović, a ovo sve oko mene je crno-bijeli svijet, се стиховите со кои Даворин влезе во историјата на поп-култарата на овие простори и се лансира во орбитата на популарноста. Даворин и Боговичи на задоволство на сите ќе ги отпеаат хитовите што го одбележаа југословенскиот new wave: Mi plešemo, Crno-bijeli svijet, Sve je lako kad si mlad и десетици други песни, кои ги знаат неколку генерации од овие простори.
„На 17 август, конечно, ќе имам концерт во Битола. Во Битола претходно бев со театарска претстава, но ова е она вистинското. Ви ветувам добра свирка и забава. Почнуваме со старите хитови, како: Mi plešemo, Crno-bijeli svijet, Sve je lako kad si mlad… па сè до поновите, како: Moja voljena, Niz brdo od ljubavi, Ljubav vjerna kao pas. Се радувам на брзото доаѓање! Дојдете да се дружиме во што поголем број“, вели Даворин пред концертот во Битола.
Атмосферата ќе ја загрева метал-сензацијата од крајот на деведесеттите и почетокот на милениумот, една од најдобрите македонски метал-групи ФАЏ (FUDGE), која повторно се враќа на сцената со концертни настапи. По повод роденденот на „Сцена продукција“, влезниците до 5 август беа по цена од 200 денари. Oд 6 август до денот на концертот цената ќе биде 500 денари. На денот на концертот ќе се продаваат по цена од 700 денари.
Ве очекуваме на ракометното заедно да ги пееме најголемите хитови од почетоците на „Прљаво казалиште“ .
концерти
Церовиќ: Се оствари сонот да настапам на „Охридско лето“

Црногорското дуо гитари Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ вчеравечер ја воодушевија публиката на фестивалот „Охридско лето“ со својот маестрален настап во црквата „Света Софија“ .
На фестивалскиот репертоар, двајцата извонредни уметници ја изведоа Шестата англиска свита од Јохан Себастијан Бах транскиптирана за две гитари што ја снимија пред неколку години, а потоа и Свитата Троилеана од Астор Пјацола. Крајот на прекрасната вечер беше резервиран за транскрипција на музиката на Мануел де Фаља.
-Репертоарот не е оригинално напишан за гитара, но тоа е наш репертоар за дуо гитари. Гитарата е специфичен инструмент и музичкиот јазик кој е пишан оригинално за гитара на некој начин е ограничен од техничките можности на инструментот. Кога се занимавате со музика која не е наменета за гитари, се случуваат некои интеракции и важни процеси каде можете да ги спознаете можностите на гитарата кои се безгранични, рече гитаристот Данијел Церовиќ.
Ова дуо настапува заедно на престижни фестивали и во познати концертни сали низ целиот свет меѓу кои Филхармонијата во Санкт Петербург, салата „Мануел де Фаља“ во Мадрид и „Концертгебау“ во Амстердам.
-Со Горан првпат свиревме кога бевме на студии, подоцна свиревме заедно на Музичката академија во Мастрихт и всушност тогаш започна нашата соработка која трае долги години. И после мандемијата повторно се закотвуваме на нашата заедничка работа. Горан живее во Германија, а јас во Црна Гора и тешко беше да се подготвуваат нови репертоари, но во текот на оваа и следната година ќе има новитети од нас, додаде Церовиќ.
Тој не го криеше задоволството, што настапи на еден од најреномираните фестивали во Европа, фестивалот „Охридско лето“.
-За „Охридско лето“ слушав и следев што се случува уште во студентските денови и секогаш имав амбиција да дојдам и да настапам. И еве,се оствари сонот да настапам на „Охридско лето“. Кога зборуваме за регионот што е околу нас и нè поврзува, за Охрид имам посебно место во срцето, истакна гитаристот Церовиќ.
Дуото има широк репертоар кој се состои од транскрипции на „стара“ музика и оригинални композиции од XIX, XX и XXI, со особен акцент на современа музика за две гитари.
Вчерашниот концерт на дуото Горан Кривокапиќ и Данијел Церовиќ ја исполни црквата „Света Софија“, а во редовите на публиката беше и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.
концерти
Музика за Џими Хендрикс во изведба на ЗЏМ биг бенд оркестар

Здружението на џез-музичари и слободни уметници – ЗЏМ Скопје, пред себе постави нов предизвик, да ѝ презентира на македонската публика уште еден несекојдневен настан.
Овој пат, ЗЏМ ја одбра музиката на уште еден великан кого The Rock and Roll Hall of Fame ќе го опише како „веројатно најголемиот инструменталист во историјата на рок-музиката“. Станува збор за американски гитарист, пејач и текстописец, поточно еден од највлијателните гитаристи во историјата на популарната музика и еден од најпознатите музичари на 20 век, Џими Хендрикс. ЗЏМ Биг бендот ќе изведе дел од музиката на оваа музичка легенда со биг бенд аранжмани, при што специјален гостин на концертот ќе биде италијанскиот саксофонист Франческо Беарцати, а со биг бендот ќе диригира Џијан Емин.
Концертот ќе се одржи на 6 август, со почеток од 22 часот (вратите се отворени од 21:30ч.) на локацијата на летната сцена Долни Сарај во Охрид. Билетите по цена од 500 денари, може да се набават online и на продажните места.