Контакт

концерти

Концерт на пијанистот Дино Имери со Филхармонијата

Објавено пред

Оркестарот на Филхармонијата в четврток ќе одржи концерт со наслов „И тело и душа“, на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери.

Со оркестарот ќе диригира Јерухам Шаровски од Израел, а на програмата се дела од Бетовен – Концертот за пијано и оркестар бр. 5 во С-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур, оп. 92.

Концертот за пијано и оркестар бр. 5 во С-дур од Лудвиг ван Бетовен е еден од најсовршените и најчесто изведувани дела на светската музичката сцена. Создаден е во периодот меѓу 1809 и 1811 година во Виена и претставува соврешен премин од класицизам во романтизам сублимирајќи ги придобивките од двете музички епохи. Симфонијата број 7 во А-дур оп. 92 од Бетовен премиерно била изведена во Виена на 8 декември 1813 година. Самиот композитор сметал дека оваа е неговата најсовршена симфонија, а критиката ја оценува како едно од мелодиски најбогатите симфониски дела во неговиот опус. Симфонијата претставува апотеоза на танцот или, како што рекол Вагнер, „ако некој ја слуша седмата симфонија, без разлика што е – клупа, чаша, баба, бебе во лулка, ќе почне да игра“.

Дино Имери (1990) се смета за еден од најреномираните македонски пијанисти на новата генерација класични музичари. Своето образование го стекнува работејќи со проф. Људмила Романова, проф. Борис Романов (во чија класа и дипломира на ФМУ во Скопје со кум лауде), како и со проф. Симон Трпчески, во чија класа магистрира на 22-годишна возраст со просек 10 и со почести лум лауде. Во својата досегашна дејност Имери остварил многубројни настапи во Македонија, но и во странство.

Дино Имери е вбројан во 10-те најдобри европски пијанисти според ранг-листата на Третиот eвропски пијано-натпревар одржан во Нормандија, Франција.

Во 1990 година Јерухам Шаровски ќе биде избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“ кога ќе ја добие и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел. По турнејата во поранешна СССР, која за него ќе биде значајна во кариерата, во 1991 година станува уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар „Раанана“ во Израел. Под палката на Шаровски овој оркестар ќе стане еден од најпопуларните симфонски ансамбли изведувајќи стотици дела и надвор од земјата. За време на својата кариера маестро Шаровски диригирал со над 50 оркестри во повеќе од 20 земји.

Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на www. filharmonija.mk



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти

Филхармонијата в четврток ќе го одржи својот роденденски концерт „Колаж“

Објавено пред

Филхармонијата, в четврток, во 20 часот, ќе го одржи својот роденденски концерт со наслов „Колаж“, на кој како солист ќе настапи руската виолончелистка Анастасија Кобекина, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа од Романија. На програмата се Концертот за виолончело и оркестар бр. 1 во А-мол, оп.33 од Камиј Сен-Санс и Симфонија бр. 1 во Це-дур, оп. 19 од Карл Марија Вебер. Концертот е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“.

Анастасија Кобекина (1994) својот прв час по виолончело го имала на четири години. Во 2006 година таа почнува да учи чело во класата на Олга Галокина на Московскиот конзерваториум. Вниманието на руската јавност го привлекува кога ја добива првата награда на ТВ-натпреварот „Оревокршачка“ и „Нови имиња“ во Москва.

Во 2008 година е финалист на Евровизискиот натпревар на млади музичари во Виена. Во 2010 година ја добива наградата „Хесе“, која вклучува и мастер-клас со Дејвид Герингас во Кронберг. Во 2012 година ја добива стипендијата „Борис Пергаменшиков“ за мастер-клас на академијата во Кроберг. Настапувала во водечките концертни сали во Москва, Берлин, Виена, Брисел, како и во Тел Авив на отворањето на Рускиот културен центар. Како солист свирела со оркестри, како „Московски виртуози“, Симфонискиот оркестар „Чајковски“ од Москва, со Виенскиот симфониски оркестар, со Литванската национална филхармонија.

Маестро Габриел Бебешелеа е шеф-диригент на Филхармонија на РС Македонија. Неговата репутација бргу почнала да расте по воодушевувањата од страна на критиката и публиката за неговата исклучителна музикалност и ентузијазам со кој ги предводи оркестрите. Со Симфонискиот оркестар на Берлинското радио тој сними ЦД со сè уште необјавената опера на Жорж Енеску – „Духови“, како и со неговата „Пасторала-фантазија за мал оркестар“. На 30-годишна возраст маестро Бебешелеа беше етикетиран како еден од најталентираните диригенти во последната деценија во Романија.
Во изминативе 76 години оркестарот на Филхармонијата активно музицира изведувајќи комплексни дела, со врвни солисти и диригенти, кои во моментот се актуелни на светската музичка сцена.

Филхармонијата е единствена институција во земјавта, која го афирмирира и изведува симфониското музичко творештво. Преку редовните концерти ја етаблира и промовира класичната музика, приближувајќи ѝ ја оваа форма на музицирање на разнородна публика од разни генерации. Билетите се веќе достапни и може да се резервираат на тел: 02/3238 182 и да се купат онлајн на веб-страницата www. filharmonija.mk.

Прикажи повеќе...

концерти

Концерт со пијанистот Франческо Тристано

Објавено пред

Оркестарот на Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи симфониски концерт насловен „Кругови“ на кој како солист ќе еден од најкреативните пијанисти – Франческо Тристано од Луксембург, под диригентската палка на Џијан Емин.

На репертоарот се Kоцертот за пијано бр. 1 во де-мол од Бах, 4 фрагменти од „Пијано кругови“ за пијано и гудачи од Франческо Тристано и Фантазија на тема од Томас Талис од Вилијамс.

Исклучителната структура на концертите за пијано на барокниот маг – Јохан Себастијан Бах (1685–1750) ги прави безвременски, актуелни и популарни кај изведувачите, но и кај публиката. Иако се оригинално напишани за чембало, овие концерти многу често се изведуваат и на пијано.

Во 2017 година Франческо Тристано почнува соработка со „Сони класикал“, фокусирајќи се на својот афинитет да создава и да снима свои авторски дела. Иако во тој период сè уште активно настапува на светските музички сцени изведувајќи електронска и експериментална музика на фестивалите за електронска музика, но и во концертните сали, тој повторно му за враќа на пијаното како алатка за креација. Го создава албумот „Пијано кругови“ (PianoCircleSongs) – колекција од песни во кои Тристано го евоцира својот интерес кон творештвото на француските импресионисти. „Го сакам ритамот, го сакам константниот импулс. Но, музиката во ‘Пијано кругови – циклуси’ е спротивна. Таа е интимна и мелодична, и во голем дел инспирирана од моите деца. Тие ме инспирираа да трагам по понежна фаза во третманот и создавањето музика за пијано“.
Ралф Воган Вилијамс (1872–1958) е еден од најзначајните композитори на 20 век, заслужен за подемот на британската музика. Пишувал музика под влијание на англискиот фолклор и тудорската полифонија, создавајќи дела во типичен дух и естетика на земјата во која бил роден. „Фантазија на тема од Томас Талис“ е дело за гудачки оркестар, создадено во 1910 година и изведено истата година во Глочестерската катедрала. Вилијамс ја диригирал изведбата.

Билетите се веќе достапни и можат да се резервираат на тел: 02 / 3238 182 и да се купат онлајн на  www. filharmonija.mk

Прикажи повеќе...

концерти

Гала-оперски концерт во рамките на Есенските музички свечености

Објавено пред

На 4 ноември, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет, ќе се одржи гала-оперски концерт, настан кој е во рамките на фестивалот Есенски музички свечености 2020.

Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигориевиќ, Наде Талевска-Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, Хорот и Оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, а хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска и Ѓургица Дашиќ.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени за моментата состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска, а влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет11 час

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет11 час

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет11 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија13 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија15 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион17 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа17 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија18 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион18 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија18 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа19 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион20 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа20 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија20 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет21 час

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет21 час

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет22 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие