концерти
Концерт на Филхармонијата со дела од Дебиси, Копланд и Коларовски

Филхармонијата, в четврток, 17 октомври, во 20 часот, ќе одржи концерт со наслов „Ќе се разбудам ли пак“, на кој ќе прозвучат дела од Дебиси, Копланд и Коларовски.
Насловот е извлечен од истоимениот вокален циклус на Гоце Коларовски (1959-2006), чија „Симфонија“ ќе биде дел од програмата на овој концерт. Со нејзината изведба Филхармонијата ќе одбележи 60 години од раѓањето на овој значен македонски композитор.
„Музичкиот опус на Коларовски е автентичен и препознатлив и во него доминира суптилен израз кој вешто ротира околу современата естетика изградена на интересни созвучија. Звукот во делата на Коларовски речиси секогаш е проткаен со своевидна мистика, специфична оркестрација и особен акцент на динамиката и музичкиот колорит. Симфонијата за оркестар, солист и ансамбл-баритони е негова дипломска работа и во неа може да се почувствуваат никулци на она што подоцна во своето творештво ќе го развие како автентичен музички израз и јазик“, се вели во најавата за концертот.
Како солист во изведбата на ова дело ќе настапи басот Владимир Саздовски, како и ансамблот баритони при хорот „Проарс“.
Под диригентката палка на маестро Сашо Татарчевски на овој концерт ќе прозвучи и Концертот за кларинет и оркестар од Арон Копланд во изведба на исклучителниот шпански кларинетист Пабло Бараган. Критиката пишува дека кларинетот под прстите на Бараган добива специфична сензуална боја и дека поседува силна и заведувачка техника со која му дава посебна моќност на овој дувачки инструмент.
На овој концерт Бараган ќе го чуеме како солист и во изведбата на „Прва рапсодија за кларинет и оркестар“ од францускиот композитор Клод Дебиси. Овој фантастичен композитор, чии дела имаат препознатлива структура и звучност, бил во постојан допир со природата – таа била негова вечна инспирација. Иако естетски и стилски неговиот опус има премногу допирни точки со автентичкиот концепт на импресионизмот, тој никогаш не сакал своето творештво да го става во рамка. Не сакал да го нарекуваат импресионист.
Иако „Првата рапсодија“ ја напишал за соло кларинет како нарачка на Парискиот конзерваториум, веќе една година подоцна го оркестрирал делото и тоа почнало да се изведува со оркестар. Делото е своевиден тест за кларинетот, ги истражува неговите можности и перформанси преку специфичен јазик и музичка естетика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

концерти
Концерт на Дино Имери во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ ќе се одржи концертна промоција на албумот „Рефлексии“ од Дино Имери.
Настанот ќе биде организиран во согласност со протоколите за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е намален, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.
Влезот за публиката е во 19.30 часот, концертот почнува точно во 20 часот.
Дино Имери е веќе етаблирано име на домашната сцена, која третира класична музика. Релативно млад, има 30 години, а веќе важи за еден од водечките и врвни пијанисти, кој редовно може да го следите на репертоарот на Македонската филхармонија, но и како гостин на странски реномирани куќи. Неговиот труд и посветеност резултираат со постојан развој, па оттука и здравата амбиција за пишување сопствена музика.
Всушност, преку ова издание за ПМГЏЕЗ сведочиме за неговата трансформација од фантастичен изведувач во извонредно потентен композитор. „Рефлексии“ е негово прво издадено авторско дело, кое веднаш плени со својата кротка флуидност и паметна убавина. Медитативна потрага по сопствен израз, познати и непознати улици и сето тоа без претерана дистанца, отворен за комуникација со слушателот.
концерти
Уште еден концерт „Филхармонија за Филхармонијата“

По првиот камерен концерт, кој се одржа на крајот од минатата година, на кој настапија музичари од оркестарот на Филхармонијата, овој четврток, во 20 часот, ќе се одржи уште еден од серијата со наслов „Филхармонија за Филхармонијата“.
На програмата се дела од Бетовен, Шнитке, Девиен, Шуберт, Премру, Глинка и од Барток. Во рамките на програмата ќе настапат квартет „Вива стрингс“ (Елена Талевска – виолина, Димитар Михајловски – виолина, Дубравка Зајкова – виола, Дејан Теодосиевски – виолончело); триото во кое свират Илза Бафтијари (виола), Илинка Велкова (флејта), Маја Михајловска (виолончело); пијано-триото со Маријана Николовска на пијано, Даниел Лазаровски на виолина, Драган Гоневски на виолончело; групата виолончела на Филхармонијата; трио тромбони (Бранко Илиевски, Никола Ристески и Александар Ниниќ) и триото во кое свират Елена Талевска (виолина), Паскал Краповски (виолончело) и Мерсиха Шукри (харфа).
концерти
Рецитал на кросовер и класичниот пијанист Евгениј Генчев

„Фантазија“ е наслов на рециталот на бугарскиот пијанист Евгениј Генчев, кој во вторник, 23 февруари, во 20 часот, ќе настапи во Камерната сала на Филхармонијата. На програмата се дела од елегичниот Албинони и романтичните Шопен и Лист.
Бугарскиот пијанист Евгениј Генчев настапува во Европа, Северна Америка, Азија и од Австралија и е добитник на повеќе од педесеттина национални и интернационални награди на натпревари за пијано. Неговите изведби биле пренесувани и на телевизиски програмки како РТЛ, АРД, ЗДФ, „Дојче веле“ и др. Исто така, настапувал и на телевизиското шоу на Хајди Клум – „Топ-модел“, на фестивалот „Парус“ во Дубаи заедно со Лука Шулиќ и Филип Киркоров…
Генчев настапувал во многу концертни сцени во светот – „Кофман центар“ во Њујорк, во Филхармонијата во Минхен, „Алтре Опер“ во Франкфурт, „Бриџвотер хол“ во Манчестер, „Мерцедес арена“ во Берлин, Центарот на национални уметности во Мексико Сити, филхармониската сала „Глинка“ во Санкт Петербург, Националниот центар за изведувачки уметности во Пекинг…
Последната сезона настапуваше со Филхармонискиот оркестар во Мексико Сити, со полската филхармонија „Фредерик Шопен“ во Гданск, со филхармонискиот оркестар ЛИСМА во Њујорк, со Симфонискиот оркестар во Пловдив соработувајќи со диригенти, како Максимилијано Калди, Аркади Лејтуш, Језус Месина, Жан-Паскал Тортелие…
Евегениј Генчев е роден во Бугарија, а пијано учел во Националното училиште за музика и танц „Добрин Петков“ во Пловдив. Својата едукација ја продолжува на Кралската академија во Лондон и на Интернационалната пијано академија Incontri col Maestro во Имола, Италија. Исто така, ја има завршено и програмата за уметничка диплома на училиштето за музика и драма „Гилдхол“ во Лондон.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?