Контакт

Култура

Костдиновска-Стојчевска во Брисел: Младите во фокусот на ширење на културата преку ЕУ-проекти

Објавено пред

Младите таленти ќе ја промовираат културата и ќе го негуваат културното наследство преку добрата практика на транснационалната културна соработка меѓу Република Северна Македонија и Европската комисија, се согласија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералната директорка за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, Темис Кристофиду, кои се сретнаа во Брисел, Белгија.

dobivaj vesti na viber

Соработката ќе продолжи и во рамките на Програмата „Креативна Европа“, активностите во Агендата за Западен Балкан и Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија каде што Република Северна Македонија има голем број искуства на квалитетни проекти, особено во програмите за прекугранична соработка.

„Задоволни сме од резултатите постигнати со спроведувањето на претходниот циклус на Програмата ‘Креативна Европа’ преку што Министерството за култура дава поддршка на современите предизвици со кои се соочуваат културните и креативните сектори. Имаме реализирано национално учество за последните две години од страна на Министерството за култура и Агенцијата за филм за потпрограмите Култура и МЕДИА во износ од 313.000 евра, а кофинансирани од наша страна како министерство за 2021 и 2022 година се 20 проекти во висина од 166.683 евра. Оваа година ќе се отворат и две нови програми од страна на ЕУ, за кои како земја може да аплицираме, едната програма е за индивидуалци или група на млади таленти во културата и другата програма е наменета за граѓанските организации кои се активни и сакаат да дадат придонес во културата“, истакна министерката.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека нашата држава активно учествува во новата програма 2021 – 2027 и изрази уверување дека Северна Македонија останува партнер на Европската комисија не само во посветеноста за техничка помош кон олеснување на пристапот кон програмата, туку и со значителна финансиска поддршка на македонските корисници преку механизмот за кофинансирање на Министерството за култура и Агенцијата за филм.

На средбата беа разгледани и резултатите од иницијативите и активностите во рамките на остварувањето на Агендата за Западен Балкан на ЕУ-култура.

– Oсобено радува фактот што на претстојниот министерски состанок во Тирана, закажан за 27 и 28 јуни, за првпат ќе се воспостави платформата за култура во рамките на оваа агенда. Токму преку оваа платформа која е со цел обединети во различноста ќе произлезат конкретни регионални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на социо-економскиот и културниот развој и препознатливост на самиот регион во рамките на европското семејство, рече министерката за култура.

Тие исто така разговараа и за Инструментот за претпристапна помош на ЕУ, каде што има одличен интензитет на зближување на професионалците, културните работници и општините, благодарение на нивното заедничко дејствување под покровителство на Европската Унија.

Култура

Џез-вечер на Клод Болинг со Toot Quartet во Салонот 19:19

Објавено пред

На 1 јули во 19.19 часот во Салонот 19:19 ќе се одржи џез-вечер на Клод Болинг со Toot Quartet.

dobivaj vesti na viber

Toot quartet концертира од 2020 година и настапиле во домовите на културата во Ѓорче Петров и во Кисела Вода во Скопје, во Кавадарци, Струмица и во Неготино.

Toot Quartet: Стојанче Косовски – труба; Емилија Кабранова-Филипова – пијано; Зоран Павлоски – контрабас; Филип Шурбевски – тапани.

Клод Болинг, роден на 10 април 1930 година, е француски џез-пијанист, композитор, аранжер и повремено извeдувач.

Роден е во Кан, студирал на Конзерваториумот на Ница, а потоа во Париз. Детски генијалец, на 14 години професионално свири џез-пијано.

Тој има големи заслуги за традиционалното заживување на џезот кон крајот на 60-тите и се дружел со Оскар Петерсон. Пишува музика за 75 филма, 44 музики за телевизиски серии, музика за Биг бендот, 11 композиции во кросовер-стил за пијано, флејта, виолончело, труба, виолина, гитара, саксофон, кои се микс од популарна, џез, класична музика.

Прикажи повеќе...

Култура

„Балкан гала 2022“- најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола

Објавено пред

Речиси една деценија како Камерниот оркестар настапува со своите проекти во Македонија на речиси сите фестивали, но и на најголемите фестивали во целиот Балкан. „Балкан гала“ е производ на природното созревање на најпопуларните проекти на Камерниот оркестар на Битола, велат од таму.

dobivaj vesti na viber

Самостојниот концерт „Рок-симфонија“ во „Комбанк арената“ (Дом синдиката) во 2019 година во Белград, во српските медиуми е карактеризиран како еден од најдобрите рок-концерти во последните неколку години.

Публиката секоја година во сè поголем број ги посетува настаните на КОБ, што во суштина е и причина за создавањето на „Балкан гала“, кој полека прераснува во традиционален настан што се одржува секоја година, кој со секое издание ги проширува границите за артистите што гостуваат, појаснува органзиаторот.

„Балкан гала“ е фестивал со содржина и форма што го привлекува вниманието на пошироката публика.

Содржината и формата на фестивалот овозможуваат посетителите да ќијат и да видат поголем број артисти во една вечер, односно две вечери, колку што трае фестивалот.

Оваа година почнуваме на 6 јули со рок-симфонија, со почеток од 20.30 часот, соопштија организаторите.

На првата вечер, РОК-СИМФОНИЈА, ќе настапат реномирани имиња и артисти, како Ристо Вртев, Гиле („Електрични оргазам“), Ружица („Ареа“), Пеце („Суперхикс“) и добропознатите и редовни гости на „Рок-симфонијата“ на КОБ – Михајло Трајковски-Сак и Жарко Јакимоски.
Покрај домашните и балканските артисти, на сцената на „Балкан гала“ на 6 јули ќе настапат и интернационални артисти по завршувањето на „Рок-симфонијата“, со почеток од 23 часот, на наше огромно задоволство го имаме британскиот Дј Darren Emerson (ексфронтменот на легендарниот состав Underworld) и Goran Kan и Herzel од Македонија.

На втората вечер, ПОП-СИМФОНИЈА, ќе настапат домашни и странски артисти, кои домашната публика немала можност често да ги гледа на нашата сцена, а сега ќе може да ужива во нивните настапи заедно со Камерниот оркестар на сцената на „Балкан гала“, под диригентската палка на маестро Владимир Димовски. На „Поп-симфонијата“ ќе имате можност да уживате во настапите на Тони Цетински, Гоца Тржан, Ристо Самарџиев, Горан Каран, Викторија Лоба, Виктор Апостоловски, соопштија од таму.

Прикажи повеќе...

Култура

Вечерва почнува Културно лето 2022 во општина Кисела Вода

Објавено пред

Денеска, 29 јуни, па сè до 2 јули, почнува богатата и забавна програма на Културно лето 2022, кое ќе се одржи во склоп на неколкудневното одбележување на роденденот на општината, „67 години моја Кисела Вода“. На самата четиридневна манифестација ќе настапат голем број македонски музички ѕвезди, кои ќе бидат задолжени сите посетители да си поминат незаборавно, a влезот за сите настани е бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Со почеток од 18 часот, во паркот „Шопен’, со хуманитарна коријада, официјално ќе почне годинешното Културно лето 2022. Традицонално, голем број пензионери од оваа општина со подготовка на домашни печива собираат средства, наменети за хуманитарни цели, а за време на целиот настан ќе се пеат познати македонски народни песни, кои ќе ја збогатат роденденската атмосфера. За време на хуманитарната коријада, во организација на Црвниот крст Кисела Вода, ќе има и лекарски тим, кој бесплатно ќе мери притисок и ќе мери шеќер во крвта, информираат од Општината.

Вечерва, со почеток во 20.10 часот, забавата продолжува во паркот „Македонија“, лоциран непосредно до Домот на културата „Билјана Беличанец“ (старото кино), каде што ќе почне првиот музички настап во склоп на Културното лето 2022 – концерт на чалгиска музика со Филип Шурбевски и „Езгија квартет“. Кулминацијата на македонскатата фолк-музика ќе се долови со еден од најголемите синоними на македонската народна музика – Ефто Пупиноски. Првата вечер ќе заврши со познатите хитови на македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Прекината седницата во Собрание за продолжување на работниот ангажман на судиите и обвинителите

Вечерва во Собранието продолжи 75. седница со две точки на дневниот ред, Предлог на закон за изменување и дополнување на...

Регион5 часа

Анкета во Србија: Вучиќ е попопуларен од Путин за само еден отсто

Српскиот претседател Александар Вучиќ е за само еден отсто попопуларен од Владимир Путин во Србија. Ова го покажало истражувањето на...

Регион7 часа

Поради протераните руски дипломати партијата на Нинова „им сврте грб“ на Петков и Василев

Поради протерувањето на 70 руски дипломати, Бугарската социјалистичка партија (БСП) ги прекине разговорите за формирање на нов кабинет со Продолжуваме...

Свет7 часа

Макрон: Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека Шведска и Финска ќе дадат значаен придонес во НАТО алијансата, соопштија од...

Македонија8 часа

Претседателот Пендаровски во Мадрид на средба со канцеларот Олаф Шолц

Претседателот Стево Пендаровски денеска во рамки на неговото учество на Самитот на НАТО, што се одржува во Мадрид, оствари средба...

Економија9 часа

Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Економија10 часа

РКЕ: Цената на електричната енергија во просек ќе се зголеми 7,4 проценти

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8 % од...

Европа10 часа

Ердоган за договорот со Финска и Шведска: Го добив она што го барав

Турција ќе побара од Шведска и Финска да екстрадираат 33 члена на движењето ПКК и на Фето, кои ги смета...

Македонија10 часа

Регистрирани 148 новозаразени од коронавирус, има едно починато лице

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени...

Македонија11 час

Има зголемување на бројот на заразени од коронавирус, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос...

Македонија12 часа

(Видео) Почна самитот на НАТО во Мадрид – Пендаровски ја предводи македонската делегација

Денеска, во Мадрид и официјално почна самитот на НАТО, на кој учествува претседателот Стево Пендаровски и ја предводи македонската делегација....

Свет13 часа

Бајден: Путин го наруши мирот во Европа, сега ние стапуваме на сцената

Американскиот претседател Џо Бајден најави ново распоредување на американски војници во Европа. „Путин го наруши мирот во Европа. САД и...

Европа13 часа

Санчез до Путин: Нема да победите

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО, кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар...

Европа15 часа

(Видео) Најголема безбедносна операција во поновата историја – зголемено полициско присуство пред самитот на НАТО во Мадрид

Речиси 10.000 припадници на безбедносните сили се распоредени во Мадрид пред денешниот почеток на дводневниот самит на НАТО. Самитот ќе...

Свет15 часа

Џонсон: Ако Путин беше жена, немаше да ја нападне Украина

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ја нападнел Украина доколку бил жена и дека...

Спорт1 ден

Нуров со злато за Македонија на Медитеранските игри!

Магомедгаџи Нуров го освои златниот медал во борење во категоријата до 97 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир, откако...

Свет1 ден

Пристигна првата реакција на Москва за влезот на Шведска и Финска во НАТО

Русија е толку моќна сила што приемот на Шведска и Финска во НАТО пактот не е важен во глобална стратешка...

Европа1 ден

Ердоган попушти – постигнат договор за членство на Финска и Шведска во НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Нииниште. Во меѓувреме потврда...

Македонија1 ден

Мицкоски: Власта на дивјачки начин прави дефокус од тешкиот живот, инфлацијата и предавството со Бугарија

Срам за демократијата, очигледно дека некој ги охрабрува вака да се однесуваат, ова е чин на дивјаштво што можеше да...

Свет1 ден

Макрон: Русија не смее да ја добие војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска по самитот на Г7 во Германија изјави дека плановите на Русија во Украина ќе пропаднат....